СДСМ преку соопштение упати критики до гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во врска со состојбата во „Алта банка“, обвинувајќи дека и покрај неговите уверувања дека сè е во ред, граѓаните имаат проблем да дојдат до сопствените средства. Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на „Алта банка“ на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина. ...
Прво и’ дозволија влез на српската Алта банка, на која во сите земји кои имаат одговорна власт и’ ги затворија вратите. Ама бидејќи нашиве властодршци се ортаци со Вучиќ, глумеа лудило. На предупредувањата на СДСМ дека станува збор за банка која е пералница на пари, гувернерот Трајко Славески му порача на менаџментот на банката да ги тужи и партијата и Филипче. Откако во саботата Народната банка на Србија и’ стави катанец на АЛТА банка а.д. ...

