Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката ...
Поранешниот лидер на Белгискиот Национален Фронт, Салваторе Никотра, основа нова крајно десничарска франкофонска партија, ТРАМП, именувана по американскиот претседател Доналд Трамп. „Доналд Трамп е врвен симбол на популизмот. Тој веднаш го отелотворува она за што се залагаме“, рече Никотра, основач на партијата ТРАМП, чие име е акроним од „Сите обединети за Унијата на популистички движења“ (Tous Reunis pour l’Union des Mouvements Populistes). ...
Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка и не постигна никаков напредок во превенцијата и борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање што предизвикува сериозна загриженост, стои во извештајот на Европската комисија за Македонија во делот на борба против корупцијата. – Трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани, за време на која пожар изгоре во клуб, при што загинаа 62 ...
Италија има сè повеќе стогодишници, па нивниот број во оваа земја е повеќе од двојно зголемен во споредба со 2009 година, покажуваат најновите податоци од националната статистичка агенција Истат. Само оваа година, повеќе од 2.000 луѓе го прославија својот 100-ти роденден во Италија, а огромното мнозинство се жени, објави „Гардијан“. Во оваа јужноевропска земја сега живеат 23.548 стогодишници, додека во 2024 година имало 21.211, според податоците ...
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шаара денес ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа, што е историска прва официјална посета на сириски лидер откако земјата стекна независност во 1946 година. Се очекува тој да побара целосно укинување на преостанатите санкции наметнати врз неговата земја, разорена од војна, објавува The Guardian. Ахмед ал-Шаара, чии исламистички бунтовнички сили го соборија долгогодишниот владетел Башар ал-Асад кон крајот на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во ...
Две големи странски компании кои неколку години активно работат во ТИРЗ зоната „Бунарџик“ во Скопје се подготвуваат да го напуштат македонскиот пазар, објави ТВ Телма. Една од нив е американската компанија „Аптив“, од каде потврдиле дека се очекува да ја затворат својата фабрика најдоцна до крајот на следната година. Според неофицијални информации, „Аптив“ од август досега, го намалила бројот на вработени за околу триесет отсто. „За таа цел ...
Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни 40 дена, објавија неколку медиуми. Договор во Сенатот Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, објавија CNN и Fox News. Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде проследен до ...
Институтот за геополитика, економија и безбедност (IGES) беше домаќин во Сараево на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, кој одржа предавање и беше главен гостин во дијалошката сесија со членови и пријатели на IGES насловена како „Нова геополитичка парадигма: Местото на Балканот во Европа што се менува“. Пендаровски направи краток осврт на политичкиот систем на поранешна Југославија, со цел да направи академска споредба на ...
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Скопје ја одржа 38. редовна средба, согласно годишниот план за работа. -За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ...
Како највозрасен меѓу советниците во Советот на Град Скопје, поранешниот градоначалник на главниот град и член на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов, ја имаше честа да претседава со првата седница на новиот состав. Со искуство, стабилност и визија, Пенов повторно ја потврди заложбата на ЛДП – Скопје да стане модерен, зелен и функционален град за сите, велат од партијата. „Нашите приоритети за следниот мандат се активностите за почисто ...
Американските акции паднаа во четврток, бидејќи компаниите што профитираа од трговијата со вештачка интелигенција се најдоа под обновен притисок поради загриженоста за нивните зголемени проценки. Индустрискиот просек Дау Џонс падна за 401 поен, или 0,8%. СиП 500 падна за 1%, додека Насдак композит падна за 1,8%. Насдак 100 падна за повеќе од 2% од затворањето во петокот и е на пат кон најлошата недела од почетокот на април. Најголемите ...
Во Овалната соба на Белата куќа во четвртокот се случи драматична сцена откако еден од присутните колабираше за време на прес-конференцијата на која претседателот Доналд Трамп ја претставуваше новата иницијатива за намалување на цените на лековите против дебелина. Инцидентот се случи пред очите на Трамп и повеќе високи функционери, меѓу кои беа д-р Мехмет Оз, директорот на Центарот за „Медикејр“ и „Медикејд“, како и министерот за здравство ...
Шпанската полиција денеска уапси 13 лица осомничени за припадност на венецуелската криминална банда „Трен де Арагуа“, соопштија властите. Апсењата се извршени во градовите Барселона, Мадрид, Жирона, Ла Коруња и Валенсија. Ова е прва операција во Шпанија за разбивање на наводна ќелија на венецуелската криминална банда, која во февруари беше означена од Владата на САД како странска терористичка организација, се нагласува во полициското соопштение. ...
Во тек е разгледувањето на 16 приговори кои се доставени до Државната изборна комисија (ДИК) за постапките за гласање и за сумирање на резултати во три општини – Брвеница, Шуто Оризари и Карпош. Членовите на ДИК едногласно го отфрлија приговорот доставен од кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за Општина Брвеница за пет избирачки места во оваа општина. Ангелчо Ристов член на ДИК образложи дека приговорот содржи правно неформални ...
Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем. – За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една ...
Тековното затворање на владата на САД стана најдолго во историјата на САД, достигнувајќи го својот 36-ти ден денеска, бидејќи Конгресот останува без одобрен федерален буџет. Претходно, најдолгото затворање на владата во историјата на САД се случи за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, оставајќи многу федерални операции во голема мера запрени повеќе од пет недели во периодот на крајот од годината 2018-2019. Колку долго ќе трае ...
Јапонското министерство за одбрана испрати војници на север од земјата за да помогнат во спречувањето на бранот напади од мечки. Во северната префектура Акита, мечки се појавија во близина на училишта, железнички станици, супермаркети, па дури и спа-центар, а Јапонците низ целата земја пријавуваат дневни напади. Според податоците од јапонското Министерство за заштита на животната средина, мечките повредиле повеќе од 100 луѓе од април, претежно ...
Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските медиуми објавени доцна синоќа. Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк. Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од ...
Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд – Скопје, Енвер Беџети, кој се наоѓа на американската црна листа поради сомневања за мито во предметот за масовното прислушување. Одлуката е донесена поради „потешка дисциплинска повреда“ и утврдена недостојност за вршење судиска функција. Судскиот совет, по спроведена постапка за утврдување одговорност на судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, на седницата одржана на 26 мај 2025 ...
САД испратиле до неколку членки на Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција за воспоставување меѓународни безбедносни сили во Појасот Газа со мандат најмалку до крајот на 2027 година и можност за продолжување, објави порталот „Аксиос“. Според нацртот, Меѓународните безбедносни сили (МСБ) би имале широк мандат за управување со безбедноста и заштита на цивилите во транзицискиот период – до постепено повлекување на израелските сили и ...
Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија се наведува дека Северна Македонија сè уште не ги усвоила неопходните уставни измени со кои во Уставот би се вклучиле заедниците што не се мнозинство, меѓу кои и Бугарите, иако тоа претставува преземена обврска на земјата. Во документот се потсетува дека сите билатерални договори, меѓу кои Преспанскиот договор со Грција и Договорот за ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. ...
EPA-EFE/PCG Неколку илјади луѓе беа евакуирани денеска од крајбрежните области на Филипините кои се загрозени од тајфунот Калмаеги, кој се движи кон источниот остров Лејте со ветрови од 120 до 150 километри на час, соопшти метеоролошката служба на земјата. -Евакуациите се во тек во Палу и Танауан, изјави шефот за управување со катастрофи Роел Монтес. Двете провинции, со вкупно население од 140.000 жители според последниот попис од 2024 година, ...
Седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во северниот дел на Авганистан. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри. Во градот Мазар и Шариф живеат околу 523.000 луѓе. Кон крајот на август, земјотрес со интензитет од шест степени ги погоди источните провинции ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во партијата. Тој истакна дека изборните резултати се јасен патоказ за насоката во која треба да се движи СДСМ, како и за неговото лидерство. – Овие избори се јасен патоказ за СДСМ и за мене како претседател. Јасно е какви политички и кадровски промени треба да се направат, и тие ќе се случат во наредните ...
Аднан Азизи, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН прогласи победа во сите општини во кои во вториот круг од локалните избори тие имале свој кандидат. Тој рече дека со резулатот од изборите ВЛЕН е втора политичка сила во државата. Со тоа, како што рече Азизи, се заокружила промената кај Албанците во Македонија. Од ВЛЕН побараа оставка од Али Ахмети бидејќи, како што велат, време е ДУИ да се реформира. Оттаму обвинија дека Ахмети е ...
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по трет пат е градоначалник на Кумово. Со пребројани најголем дел од гласовите тој има недостижна предност. Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови. Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски рече дека Стојковски веќе му честитал. Димитриевски рече дека ...
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ. „По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски,“ изјави Апасиев. Тој упати ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „Народот покажа дека Македонија е повторно Твоја. Ви благодарам мој народе, ова е заедничка победа, победа на вербата и копнежот за иднина, победа на напатениот народ и неговите соништа за кои се бориме, за нашата заедничка иднина. Победивме во Скопје, победивме во скопски Карпош, победа и во Аеродром и Чучер-Сандево. Беше тешка и жилава ...