Денеска ќе се одржи 26 конгрес на СДСМ. Во партиското седиште ќе биде присутно само најтесното партиско раководство, а конгресот ќе се одржи онлајн. Социјалдемократите ќе избираат заменик претседател, потпретседатели, но и членови на Централниот и Извршниот комитет. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека денеска органите на партијата ќе ги предложат кандидатите за заменичкото и потпретседателските места на партијата. Заев најави нова ...

Последниве неколку години во Белата куќа кружеле гласини дека Тифани и Ванеса Трамп имале интимни односи со своите телохранители, а сега веста протече во јавноста. Новинарката добитник на Пулицерова награда, Керол Леониг, напишала книга наречена Zero Fail: The Rise and Fall of the Secret Service. Новинарите на „Гардијан“ и „Вашингтон пост“ добиле делови од книгата во кои се споменуваат Тифани и Ванеса. Во книгата, Леониг, меѓу другото, открива ...

Двајца странски алпинисти, Американец и Швајцарец, настрадаа на Монт Еверест, соопштија непалските планинарски служби. Швајцарскиот алпинист починал од исцрпеност по доаѓањето до врвот, додека американскиот планинар ненадејно починал во првиот камп при слегувањето од врвот. Непал годинава издаде 408 дозволи за качување до највисокиот врв на светот со 8848 метри надморска височина. Минатата година немаше сезона на искачување до врвот поради ...

Американската Компанијата „TEXAN & Envipco“ којашто 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање одлучила во Македонија да отвори фабрика за рециклирање на пластика. Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората било кажано дека ...

Амазон денеска најави дека ќе отвори 75.000 работни места низ својата мрежа на магацини и дистрибутивни центри во САД и Канада. Компанијата, исто така, соопшти и дека ќе им понуди бонус од 100 долари на нововработените кои имаат потврда дека се вакцинирани против ковид-19. „Амазон“ додаде дека ќе понуди просечна почетна плата од 17 долари на час на тие работни места, што е одраз на неодамнешното зголемување на платата во опсег од 50 центи до три ...

Основачот на Тесла, Елон Маск, истакна дека неговата компанија нема да прифаќа повеќе биткоини за своите возила, бидејќи нивното рударство влијае на околината. По изненадното соопштение на милијардерот, вредноста на најпопуларната криптовалута во светот падна за 15 проценти, од 56.700 на околу 45.700 долари. Биткоинот сега е на најниска вредност од март, но во текот на денот започна да се опоравува и сега достигна вредност од околу 50.000 УСД за ...

Сто илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска во државава, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина. Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на средбата на шекеринска со кинескиот министер ...

Во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид 19 во: -Скопје 14 -Куманово 4 -Тетово и Кочани по 2 -Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип по 1 Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од ...

Претседателот на државата Стево Пендаровски го врати Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во Собранието и го извести неговиот претседател Талат Џафери дека одлучил да не го потпише Указот за негово прогласување зашто оценил дека е во спротивност со некои темелни вредности на Уставот. Овој закон Собранието го донесе во вторникот, на 11 овој месец, а според собранискиот Деловник, сега, кога не го доби потписот на ...

ОВЕН Работа: Полни сте со самодоверба, вредни и амбициозни. Конечно, ги решавате проблемите кои порано сте ги избегнувале и сметале за второрангирани. Љубов: Емотивниот однос е во криза. Ниту вие, ниту другата страна не се трудите да го поправите тоа. Здравје: Главоболка. БИК Работа: Уживате во работата. Јасно сте ги формулирале целите и сега со сигурни чекори идете кон нив. Љубов: Не сте задоволни од емотивната врска. Влегла во рутина и нема ...

Дваесеттина илјади луѓе го преполнија плоштадот Свети Петар за да го видат Јован Павле Втори, на 12 мај попладне пред 40 години. Одеднаш, додека неговиот отворен папамобил „Фиат“ се лизна низ толпата, папата пропадна, погоден во непосредна близина од куршумите од пиштолот на еден турски екстремист чии мотиви сè уште не се разјаснети. Миг после 17 часот и 40 минути, 13 мај 1981 година, светските агенции објавија дека Јован Павле Втори е тешко ...

Постојат луѓе кои секогаш точно знаат што сакаат и можат за многу брзо да донесат големи одлуки, за кои на некои луѓе би им требало повеќе денови размилсување . Астролозите тврдат дека луѓето родени во знакот на Јарец се истакнуваат по ова прашање. Тие се паметни и практични и знаат да кажат што е најдобро за нив. Тие донесуваат одлуки брзо ги прифаќаат последиците со доверба и подготвени се на сè. Покрај Јарците, менталната сила ги краси и ...

Главниот град на Мексико тоне по десет сантиметри годишно бидејќи под него се наоѓа пресушено езеро, тврдат научниците. – Мексико Сити тоне околу десет сантиметри годишно и тешко дека тоа може да се спречи. Овој феномен е забележан од научниците уште на почетокот на минатиот век, се наведува во заклучокот на студијата објавена во научното списание JGR: Solid Earth. Причина за таквата појава е подземното езеро кое останало без вода, поради што ...

Владата ги објави седумте повици за поддршка на најпогодените сектори, каде што ќе се инјектираат речиси 18 милиони евра за нивно заздравување, информираше министерот за економија Крешник Бектеши. Помош ќе добијат угостителите, меѓу кои се и лиценцираните ноќни клубови и туристички агенции. Субвенции ќе добијат и естрадните уметници, организаторите на настани и детските одморалишта, односно станува збор за 10.000 компании со 60.000 вработени. ...

Дигитализацијата разбрана како примена на дигиталните технологии во секојдневното живеење во светски рамки беше тренд пред Ковид-19 кризата, но доби на интензитет во текот на истата. Пандемиската 2020 година се нарекува game changer или година којашто го смени текот на настаните. Тековните дискусии на светско ниво се насочуваат на прашањата: до кој степен кризата со Ковид-19 доведе до дигитална трансформација на општествата?; Дали примената на ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, во утринската емисија „Утро со Златев“ на Радио Лидер, вели дека безбедноста на државата е под сериозен притисок по престрелката во скопски Бутел, додавајќи дека СДСМ треба да даде одговор зошто високи функционери на СДСМ се блиски пријатели со криминални ликови. Она што мене ме загрижува е тоа што повторно луѓето коишто направиле такво дело се блиски пријатели до функционерите на СДСМ и треба да дадат ...

Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија. Од новите дози на „Астра Зенека“, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани над 70 години кои дополнително се пријавиле за вакцинација. Приоритет, како што денеска изјави ...

Поведена е истрага против австрискиот канцелар Себастијан Курц поради лажна изјава пред парламентарниот истражен комитет во врска со аферата „Ибица“. Опозициските партии го обвинија за давање лажно сведочење пред комитетот во врска со аферата „Ибица“. Антикорупциската канцеларија почна истрага, што може да доведе до кривична пријава против канцеларот. Курц се надева дека тоа ќе се случи набргу. „Тогаш ќе имам можност да му ја кажам на судијата ...

Не секој од нас се мажи – жени или прави свадба за 300 или 500 луѓе. Добар дел од нас прават и мали свадби, веселби, матурски, дипломски и останати роденденски настани во кои учествуваат по 10, 15, 20 и 30 луѓе. Жива музика, повеќе лица на маса, организирање прослави и во помали објекти… се дел од барањата на угостителите два дена пред Комисијата за заразни болести да одлучува за ново олеснување на мерките што според очекувањата, би опфатило и ...

Европската унија (ЕУ) и земјите од Заедницата објавија мерки за борба против пандемијата од коронавирусот во вредност од 4,8 трилиони евра. Ова го објави еврокомесарот за економски прашања Паоло Џентилони за време на дебатата во релевантниот комитет во Европскиот парламент. Според него, ЕУ троши сразмерно со стимулациите дистрибуирани од американскиот претседател Џо Бајден и ги отфрли сите критики дека заедницата не прави доволно во споредба со ...

Укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти, или пак, дозвола за работа во внатрешноста на објектите кои имаат т.н. „златен сертификат“, се дел од барањата што Независната угостителска комора (НУК) утрово ги испратила до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство. Се бара и укинување на забраната за настап на музички групи во угостителските ...

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерите за европски и за економски прашања Никола Димитров и Фатмир Битиќи остварија средба со поранешниот премиер на Грција и актуелен лидер на политичката партија Сириза, Алексис Ципрас во Атина. Заев и Ципрас изразија задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко и што на него се гледа како пример за решавање спорови меѓу други држави. ...

Денеска во земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од пет до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ...

По една година пауза, македонските граѓани повторно ќе ја посетуваат Грција. Туристичката сезона во земјата почнува од утре, а Грција целосно се отвора за прием на туристи, вклучувајќи ги и македонските. Стартот на сезоната доцна попладнево официјално го најави грчкиот министер за туризам Теохарис. Под слоганот “Се што ви треба е Грција”, Теохарис ги објави условите под кои ќе биде дозолен влез во земјата. Македонските граѓани кои планираат да ...

Европската унија предвидува економскиот раст во земјава годинава да биде 3,7 проценти и закрепнувањето да се забрза во текот на годината. Очекувањата се дека следната година растот на економијата би бил 3,8 проценти. Закрепнувањето, според ЕУ, ќе се должи главно на домашната побарувачка, додека надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст. Овие прогнози се нешто пониски од оние што во понеделникот ги презентираше Народната банка, ...

МВР потврди дека на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во населбата Бутел 2, се случило убиство. Попрецизно на паркинг кај булеварите Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош, од автомобил во движење било пукано кон возило „голф“ во кое биле двајца мажи. Според неофицијални информации, едно од убиените лица е со иницијали К.И. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. ...

22-годишниот Е.И. од Арачиново е ранетото момче во вчерашната престрелка во скопски Бутел. Тој е внук на Камер Идризи кој беше убиен, и во моментот се бори за живот. Е.И. бил во автомобилот на Камер во моментот кога непознати лица од автомобил марка „ренџ ровер“ пукале со автоматско оружје. Камер починал на пат кон болница. 22-годишникот од Арачиново бил хоспитализиран со шест прострелни рани и во моментот се бори за живот на Комплексот клиники. ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод празникот Рамазан Бајрам упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед. Почитувани, Овие светли денови во духот на празникот Рамазан Бајрам како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата да ги почитуваме ...

Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири денеска информираа дека се објавени седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како дел од Шестиот пакет економски мерки на Владата за поддршка на најпогодените сектори од ковид кризата. Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Шестиот пакет на мерки е во вредност од 17,8 милиони евра а ќе се поддржат ...

Конфликтот меѓу Израел и Хамас ескалираше синоќа. Палестинските сили истрелаа повеќе од 200 ракети кон Израел, кој изврши силни воздушни напади врз појасот Газа. Насилството во градовите во кои Евреите и Арапите живеат заедно продолжи и во средата. Вооружен огранок на Хамас, бригадата Ал-Касам, соопшти дека истрелала 110 ракети кон Тел Авив и 100 ракети кон градот Батшеба. Тие рекоа дека нападите се „одмазда за продолжување на нападите врз ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.37
68%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
78%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.53
79%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.82
75%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.81
70%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.86
90%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
67%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.26
87%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
80%
1010
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.02
71%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.07
67%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
63%
1011
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62