Македонија нема да оди на СП, ИХФ се одлучи да ѝ додели вајлд-карта на Хрватска

Женската ракометна репрезентација на Македонија остана без пласман на Светското првенство, откако меѓународната ракометна федерација ИХФ се одлучи последното место да и го додели на хрватските ракометарки.

Македонија не се пласираше на Мундијалот низ квалификациите, но поднесе бараање за вајлд-карта заедно со Хрватска, Словенија и Литванија од Европа. Како што додава ИХФ, нема посебни критериуми за доделување. Наместо тоа, тие земаат предвид голем број фактори, вклучувајќи го општиот развој и популарноста на ракометот во земјата кандидат, неодамнешните спортски достигнувања и потенцијалното влијание на учеството врз глобалниот развој на спортот.

Претходно ИХФ и додели вајлд-карта и на репрезентацијата на Кина.

Со ова доделување на вајлд-карта, познати се сите земји учеснички на идното Светско првенство, кое се одржува во Германија и Холандија од 26 ноември до 14 декември.

Учесници на СП:

ЕВРОПА : Австрија, Хрватска, Чешка, Данска, Фарски Острови, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Србија, Шпанија, Шведска, Швајцарија. 

АФРИКА : Ангола, Египет, Сенегал, Тунис.

АЗИЈА : Иран, Јапонија, Казахстан, Кина, Јужна Кореја.

ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА : Аргентина, Бразил, Парагвај, Уругвај.

СЕВЕРНА АМЕРИКА И КАРИБИТЕ : Куба.

Се вчитува...