Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информираат дека рокот за аплицирање за Мерка 3 од ИПАРД 2 е продолжен: По барање на заинтересираните потенцијални апликанти се продолжува рокот за 15 дена на јавниот повик 1/2023 за доставување на барања за користење на средствата од #ИПАРД 2 програмата за мерката 3. Крајниот рок е 3 октомври 2023 година. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот ...

Цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Како што истакна Ковачевски, поскапувањето се случувало најмногу после 1 август, затоа е земено и како репер, но тоа не значи дека нема да земат предвид и други елементи. -Ги анализиравме цените и практично, покачувањето се случува најмногу после 1 август, затоа го земавме ...

Повеќе од 200.000 мртви животни се пријавени во Грчката организација за земјоделско осигурување (ЕЛГА) во Тесалија, централна Грција, изјави министерот за рурален развој и храна, Лефтерис Авгенакис. Зборувајќи од Центарот за координација на кризи во Лариса, Авгенакис рече дека досега се пријавени за угинати 61.786 овци и кози, 19.355 свињи, 5.306 говеда и 123.810 птици. Како што јави Екатимерини, според Авгенакис, тешко се пристапува до ...

Саем за презентација и продажба на мед и пчеларска опрема ќе се одржи денеска и утре на градскиот плоштад во Тетово. Манифестацијата е насловена „Слатки денови на Тетово“, а ја организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. -Оваа манифестација„Слатки денови на Тетово“, е петта по ред. Повеќе десетици пчеларите кои се членови на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ ќе се претстават со нивните производи на плоштадот, ...

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет. Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за ...

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност синоќа на местото наречено „Чардак“, неготинско ги лишиле од слобода А.А.(23) и Р.Д.(29), двајцата од Неготино. Како што известуваат денеска од МВР, при преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и ...

Обврска и надлежност на Министерството е да креира политики за поддршка на земјоделците, не на потрошувачите, одговори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на новинарско прашање во врска со цените на земјоделските производи. Тој на денешната промоција на нова софистицирана опрема за модернизација на ген банката на Земјоделскиот институт, беше прашан за промените на цените, на што одговори дека за нив Владата ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава ...

„Поради болестите и намалената количина на грозје, дополнителни 12 илјади денари по хектар ќе добијат сите лозари кои пријавиле и поднеле барање во платежната агенција“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Тема на денот“ на Сител ТВ. Тој додаде дека треба да се цени трудот на лозарите, бидејќи ова е традиционална гранка во нашата економија и покрај намаленото производство оваа сезона. „Сепак нема ...

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското, а за два на Дојранското, додека нивото на Охридското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е на два сантиметра под апсолутно појавениот минимум и е за 1,84 метри понизок од повеќегодишниот просек за септември. Нивото, пак, на Дојранското Езеро е повисоко од ...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) заедно со Општинa Охрид денеска ќе одржат јавна расправа по Нацрт-законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата. Јавната расправа ќе се одржи денеска во големата сала на Општина Охрид со почеток во 10 часот. Јавна расправа е закажана и за утре во 10 часот во просториите на Општина Струга. Актот за прогласување на ...

Делницата Велес – Градско поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај од денеска до понеделник, освен во недела, во периодот од 8 до 18 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија. АМСМ потсетува и дека од 11 септември е воспоставен привремен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје поради санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата. Сообраќајот на државните патишта ...

Во центарот на Софија се отвора Музеј на ракијата. Посетителите ќе можат да вкусат различни видови од овој традиционален балкански алкохолен пијалак. – Крајно време беше Бугарија да добие ваков музеј… (Посветен, б.п.) на овој „свет напиток“ за Бугарите. Дури и малку доцниме со ова отворање, изјави иницијаторот на оваа идеја, Иво Жеглов, за тамошните медиуми. Тој вели и дека секој што ќе реши да го мине прагот на овој музеј ќе може да се ...

Поголем процент во добивањето на финансиската поддршка при аплицирање за мерките од ИПАРД 3 програмата добиваат младите земјоделци. Па така поддршката за кофинансирање на еден проект може да достигне и до 70 проценти од вредноста на инвестицијата, каде како апликант се јавува млад земјоделец, истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Во гостувањето на ТВ Сител Николовски вечерва информираше дека новата ИПАРД 3 програма овозможува ...

Според последните податоци нема зголемување на цените кај земјоделците, туку станува збор за нешто што трговците го наметнуваат на грбот на граѓаните. Откупната цена на млекото просечно се движи околу 30-32 денари, воопшто не е оправдано разликата на цената да биде на грбот на граѓаните а да профитираат трговците, вели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Токму затоа, како што рече тој вечерва во гостување на ТВ Сител, навистина како ...

Информативната тернска кампања за презентација на новостите и можностите со новата ИПАРД 3 програма караванот на претставници на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната ја продолжија во Дебарца и Струга. Во текот на утрешниот ден караванот продолжува со инфо денови во Лозово од 11 часот во зградата на општината и во Чашка од 14 часот во зградата на општината. Информативна кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, има за цел да ...

Министерството за економија предложи да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Тоа според министерот за економија Крешник Бектеши ќе доведе до линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто. Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат ...

Најранливите категории граѓани, пред се пензионерите, примателите на загарантирана социјална помош, младите, односно студенти и средношколци ќе добијат државна помош со прераспределбата на Буџетот кој е доставен до Собранието, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи ригорозни мерки за зголемувањето на цените во малопродажбата. Одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид на градежните работи за изградба на затворен ...

Филијалата на германскиот концерн за производство на автокомпоненти „Костал“ во земјава влегува во третата инвестициска фаза, што предвидува изградба на капацитети за изработка на специјални автомобилски компоненти, во вредност од околу 50 милиони евра и проектирани до 250 нови вработувања. Станува збор за воведување нов технички напреден производен процес, со неопходен соодветен високопрофилиран кадар, поточно изработка на специјални ...

Шпанија ќе потроши околу 12 милијарди евра до 2027 година за да го поправи хроничниот недостиг на вода предизвикан од глобалното затоплување, со развој на отсолување на морската вода и повторна употреба на отпадните води, објавија денеска локалните власти. Тој вкупен износ, спомнат за прв пат од извршната власт, ги комбинира парите веќе наменети како дел од плановите изгласани во последните месеци кои влијаат на различните хидролошки басени во ...

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Неготино, пристигнаа картички за набавка на гориво за земјоделска механизација, информираа денеска од подрачната служба при Министерството. – Право на користење имаат сите земјоделци кои имаат поднесено барање за финансиска поддршка во 2022 година. Вкупно се издадени 2.908 картички во износ од 17. 217, 853 денари, појаснија од Подрачната единица. Картичките ќе ...

Екипите што дежураа на пожарот во Бељаковце се вратени и пожарот е изгаснат, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Куманово и од Центарот за управување со кризи. – Екипите се вратија и пожарот е целосно изгаснат. Покрај противпожарни екипи од Куманово во гаснењето се вклучија екипи од Старо Нагоричане и од Ранковце, секако и трите ЕР трактори од Дирекцијата за заштита и спасување и армискиот и полицискиот хеликоптер, ...

Позитивни, одлични коментари добив за нашето македонско вино од австриската пратеничка Мариа Гросбауер, и Ханс Шојфеле менаџер на Wine& Co. Шириме позитивна енергија преку вкусот на нашето вино. Нашите вложувања во секторот винарство даваат резултат, и сме 13 земја во светот по девизен прилив од извоз на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи. Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство ...

Повеќе од 20 дена низ Прилеп се шири непријатна, тешка миризба што асоцира на хемикалии. Миризбата е главно во вечерните и во ноќните часови. Граѓаните реагираат и не знаат за што станува збор иако некои пријавиле до надлежните. Од прилепската локална самоуправа потврдуваат дека до инспекторатот во Општината стигнале неколку писмени и усни пријави од граѓаните. Инспекторатот заедно со државниот инспекторат за животна средина и со полицијата ...

Во јули годинава во земјава се евидентирани 197 273 туристи, од кои 46.0 % се домашни, а 54.0 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742 970, од кои 71.4 % се од домашните туристи, а 28.6 % од странските. Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај ...

Три ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучуваат во гаснењето на пожарот во кумановско Бељаковце. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот изгоре и куќа. Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане со три екипи го гасат пожарот. – Пожарот кој вчера започна во атарот на село Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ. Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од ...

Дури 86 проценти од граѓаните на ЕУ ги поддржуваат иницијативите на европско ниво преземени во текот на минатата година за да се ограничи непосредното влијание на зголемувањето на цените на енергијата врз потрошувачите и компаниите, покажуваат резултатите од истражувањето на Флеш Евробарометар објавени денеска. Според анкетата, 86 отсто од испитаниците го поддржуваат одржливото користење на природните ресурси, 82 проценти иницијативите за ...

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.56 проценти), потоа на трошоците за постапување со отпад (29.96 проценти) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода ...

Овие денови во Виена сé ќе биде околу виното, негова промоција, и бенефитите кои ги имаме со #ОтворенБалкан. На покана на министерката за земјоделство на Србија Јелена Танасковиќ, а на мое големо задоволство, заедно ќе го претставиме нашето најдобро, пред најреномираните новинари, познавачи на виното, потенцијални бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија. Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на ...

Овие денови во Виена сé ќе биде околу виното, негова промоција, и бенефитите кои ги имаме со #ОтворенБалкан. На покана на министерката за земјоделство на Србија Јелена Танасковиќ, а на мое големо задоволство, заедно ќе го претставиме нашето најдобро, пред најреномираните новинари, познавачи на виното, потенцијални бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија. Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
25%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
3.09
30%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
31%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
25%
1020
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.86
20%
1018
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
38%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.2
33%
1017
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
23%
1018
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
20%
1018
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.17
32%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
4.92
26%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
10.29
33%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62