Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на Скопје за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари по лице со вклучен данок на личен доход. Апликации за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот. Јавниот повик со условите за аплицирање, како и сите потребни документи кои треба да се ...

Четирите најавени локомотиви од „Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на „Македонски железници”, објави денеска министерот за односи помеѓу заедниците Иван Стоиљковиќ. Станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што, како што наведува во објавата на Фејсбук, ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска денеска, во пресрет на претстојните есенски и зимски месеци, најавија засилени контроли на квалитетот на воздухот. Контролите ќе почнат, како што рекоа, од најголемите индустриски производни капацитети, а први ќе бидат оние во скопскиот регион. Работните тимови ќе спроведуваат увиди ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на вчерашниот ден изврши над 60 надзори на цела територија на државата за почитувањето на владината одлука за ограничување на профитната маржа на основните прехранбени производи и нивно означување со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ при што издаде осум прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек. Како што информираат од ДПИ, ...

Глобалниот долг достигна рекордни 312 трилиони долари на крајот на вториот квартал од 2024 година, пред се поради растот на задолжувањето во САД и Кина, покажуваат денеска објавените податоци од Институтот за меѓународни финансии (ИИФ). Покрај Кина и САД, долгот го зголемиле и Индија, Русија и Шведска, а значително намалување забележале останатите европски земји и Јапонија. Светскиот долг се зголеми за 2,1 трилиони долари во првата половина од ...

Повеќе од 120 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) низ цела држава вршат проверка дали се почитува одлуката за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи. Поделени во повеќе од 40 тимови, ротирани во различни градови, инспекторите од вчера ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, а како што најави директорот на ДПИ Горан Трајковски, од денеска ќе ги контролираат малите маркети и ...

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел едногласно одлучија Албанија да ги продолжи преговорите за полноправно членство во ЕУ, објави вечерва Бугарското национално радио БНР. Следната меѓувладина конференција ЕУ – Албанија треба да се случи на 15 октомври во Луксембург, кога е предвидено да се отвори првото поглавје – Темелни вредности. Тоа, констатира БНР, во пракса значи одвојување на Албанија од Северна ...

Претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, на огромна чест и задоволство денес остварија работна средба со европскиот комесар за земјоделство г-дин Јануш Војчиеховски кој е дел од 18-от Годишен работен состанок на министрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа. Евро-комесарот Војчиеховски ја презентираше земјоделската политика на Европската Унија посебно за земјите од регионот, предностите и можностите кои што ...

„Џон Дир“ најави деловен потег кој предизвика остра реакција на поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот му се закани на „Џон Дир“ со царина од 200 отсто доколку производителот на земјоделски машини го пресели производството во Мексико, објави CNBC. „Пред неколку дена објавија дека голем дел од своето производство ќе ...

Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје, рече денеска Јован Златевски, претседател на Сојуз на здруженија на лозари и претседател на потсекторска група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – На наредниот состанок на потсекторската група, ќе го отворам ова прашање, со цел да се разгледаат проблемите на лозарите. Производителите на грозје се соочуваат со ...

Во вториот квартал од 2024 година, ЕУ увезла вкупно 177,9 милиони тони енергенси во вредност од 94,9 милијарди евра, што претставува намалување по количество во однос на истиот период лани за 9,7 отсто и по вредност за 10,7 проценти. Според податоците на Европската сатистичка служба – Евростат, увезените количества на природен гас во второто овогодишно тримесечје се намалени за 9,5 отсто на годишно ниво, а нивната вкупна вредност бележи пад од ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски. Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле ...

Општина Крива Паланка стратешки ја планира заштитата на животната средина во претстојниот период од шест години, отпочнувајќи постапка за изработка на Локален еколошки акциски план ЛЕАП) за периодот 2025 – 2031 година. -Локалниот акционен екоплошки план е основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, . преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање мерки за заштита, зголемување на ...

Земјоделците од кочанскиот регион ја почнаа жетвата на оризот од овогодишната реколта и првичните приноси ветуваат добар род на арпата. При лупењето на оризовото зрно рандманот достигнува околу 50 отсто бел ориз, но оризопроизводителите се разочарани од откупните цени. Најавите што ги добиле од откупно-преработувачките капaцитети се дека килограм оризова арпа, во зависност од рандманот и сортата, ќе се откупува од 26 до 33 денари. Поради тоа ...

И годинава Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство го подготви Извештајот за состојбата со земјоделството во 2023 година, популарно познат како Зелен извештај, кој континуирано се објавува од 2011 година. Оние кои ги интересираат бројките во земјоделството, со нетрпение го очекуваат овој извештај, што се објави порано од претходно кога беше достапени дури при крајот на годината. Кога би ја набљудувале општата состојба во ...

Заедничка декларација за надминување на сите билатерални и мултилатерални конфликти поврзани со слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал, како и со храната и земјоделството, но и за решавање на сите прашања со добра волја, во дух на солидарност и добрососедски односи, ќе биде потпишана на 18. Годишен работен состанок на министри за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа што се одржува денеска во Скопје. Во фокусот на работниот ...

Во „Службен весник“ е објавена Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат видови и количества на одделни стоки на потрошувачите со што од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница. Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа ...

“Науката и примената на современата научна мисла и обезбедувањето на соодветна регулаторна рамка за научните институции е во фокусот на Агенцијата, во рамки на обврските кои ги имаме како институција и од областа на јавното здравство, а со тоа и во вршењето на основната функција – заштита на здравјето на граѓаните. Креирањето на политики и нивно имплементирање на терен претставуваат императив и за нашата институција, бидејќи во секторите каде ...

Приклучувањето кон ЕУ од аспект на земјоделството ќе донесе предизвици, но и многу можности. Мора да обезбедите одржливост на секторот, вашите синџири на исхрана треба да бидат конкурентни на европскиот пазар, но и во современите економии. Мора да ја подготвите јавната администрација преку засилување на контролните структури и управувањето, да осигурате дека тие ќе бидат целосно во согласност со принципите на доброто владеење. Овие принципи се ...

Протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“, бараат исплата на два милиона и сто илјади евра. Ова го истакна во изјава за МИА, Трајче Пеовски, претседател на Здружението „Киперски транспортери“ – Кавадарци. На мирниот протест денеска во центарот на Кавадарци, транспортерите дојдоа со своите товарни возила. Пеовски појасни дека ова е мирен протест на транспортерите кои возеа за поранешно „Фени“, барајќи си ги парите. Тој рече дека ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...

Презентацијата на резултатите од истражувањето за нелегални шумски активности спроведено во рамките на проектот „Борба против нелегални шумски активности“ кој го спроведува ЗГ РЕФОРД, во соработка со US Forest Service, ќе се одржи денеска од 10:30 часот во хотел „Панорамика“. Како што информираат од 3Г РЕФОРД, во рамките на проектот било реализирано истражување на јавното мислење за нелегалните шумски активности кај корисниците на производи од ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 77,00 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 денари. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се ...

Поради започнување на градежни активности на регионалниот пат Р-2239 делница с.Бродец – с.Побожје,од км.10+100 до км.16+000 или вкупна должина 5900 метри, ќе се започне со реконструкција, санација и надградба на коловозната делница по налог на ЈП за државни патишта Скопје, која ќе трае во наредните 15 дена со блокирање на сообраќајот почнувајќи од 24.09.2024 год.(вторник) во временски интервал од 09.30 до 14.30 часот. На овој потег ќе биде ...

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период. Од УЈП денеска упатија апел навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден. – Во моментов, системот на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало неколку пожари на отворено на територијата на државата. – Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) од 13:10 часот до 16:00 часот со пет пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 метари квадратени кај местото „Три Круши“ во општина Кисела Вода, од 14:30 до 15:00 часот со три ...

Советот на ЕУ денеска реши од Фондот за солидарност на Европската унија да одвои дополнителни една милијарда и 28,54 милиони евра помош за Италија, Словенија, Австрија, Грција и Франција наменети за справување со последиците со елементарните непогоди што ги зафатија овие земји во текот на минатата година. Од вкупните средства, кои вклучуваат и 231,78 милиони евра авансна исплата, 446,64 милиони евра ќе бидат наменети за помош на Италија за ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.09.2024 до 20.09.2024 зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. ...

Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија. МИА ...

Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври. Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе следниот ден откако владината одлука ќе излезе во Службен весник. Производите вклучени ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
43%
1027
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
60%
1027
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
0.0
70%
1027
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
45%
1029
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.99
39%
1026
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
92%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
40%
1024
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
56%
1025
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
55%
1026
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.34
64%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
55%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941