
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, две недели откако прогласи двајца израелски министри за персона нон грата, објавија словенечките медиуми повикувајќи се на владино соопштение во Љубљана. Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по состанокот на словенечката влада. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презела таков чекор. Словенија ја призна палестинската држава во јуни минатата година и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји низ целиот свет за „реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“, објави Белата куќа. Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја ќе бидат предмет на царини од 15 проценти. За Македонија се воведуваат царини од 15 проценти, ...
Кинески воени бродови денес впловија во руското далечно источно пристаниште Владивосток, пред заедничките вежби што ќе се одржат од 1 до 5 август, објави денес Ројтерс. Дизельная субмарина ВМС НОАК совершила заход в порт г. Владивосток для участия с 1 по 5 августа в совместных российско-китайских учениях «Морское взаимодействие — 2025». pic.twitter.com/uRQ66dSe9O — Maksud (@MaksudPash15485) July 31, 2025 Видеата од руското Министерство за ...
Лана Ал-Басус, девојче од Појасот Газа, преживеа на неверојатен начин откако беше погодена од куршум испукан од израелски дрон, кој застана меѓу нејзиниот череп и скалп – без да ја пробие коската на нејзината глава. Веста за ова чудо доаѓа во време кога бројот на убиени и ранети луѓе во израелската офанзива врз Газа продолжува драматично да расте. Најмалку 60.249 Палестинци се убиени во израелските бомбардирања во Појасот Газа од октомври 2023 ...
Британскиот пејач Ед Ширан (34) дополнително ги зголеми своите инвестиции во недвижности со купување луксузен стан во Бруклин, Њујорк, чија вредност надминува 10 милиони евра. Имотот се наоѓа во ексклузивен станбен комплекс покрај брегот, а еден од неговите познати соседи е американскиот рапер Кендрик Ламар. Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн живеат во истата зграда веќе некое време, каде што изнајмиле стан за 29 милиони евра. Овој пат ...
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој досега ја отслужуваше затворската казна во затворот Липовица, е условно ослободен. Оваа информација ја објави Окружниот суд во Сисак, кој денес донесе одлука за неговото предвремено ослободување од затвор на седницата на советот. Санадер претходно беше осуден на единствена казна од 18 години затвор поради неколку случаи на корупција и злоупотреба на службената должност, но претходно користел ...
Владата на Никарагва ги признава териториите на регионите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон како дел од Русија, изјави денес претседателот на таа земја, Даниел Ортега, во писмо до рускиот претседател Владимир Путин. „Драг претседателе Путин, драги браќа и другари, од благословената и секогаш слободна Никарагва, ви ги испраќаме нашите најтопли и братски поздрави и почитта и наклонетоста на никарагванскиот народ… Во име на владата и народот на ...
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник. -Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици ...
По повод изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која тој со најавува дека голем светски бренд ќе купува електрична енергија произведена од ветерниот парк на „Алказар енерџи“, чувствуваме обврска да реагираме и со длабоко разочарување да констатираме дека Владата очигледно ги има помешано приоритетите, реагираат од СДСМ. За жал, наместо македонскиот ветер, кој претставува национално и општо добро, да се користи за стабилизирање на ...
Најодговорно тврдам дека измените на Законот за полиција и за внатрешни работи ќе придонат за професионализација на МВР, подобро функционирање на полициските службеници, а граѓаните ќе ги видат придобивките за година дена, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска го посети граничниот премин „Табановце“ и ја промовираше превентивна кампања „Безбедно во лето – Вози одморен“. – Не би сакал да ја коментирам опозицијата. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре напладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката ...
Ранко Радуловиќ (64), кој беше уапсен во стан во Чукарица, каде што се криел, денес беше екстрадиран во Црна Гора. „Ранко Радуловиќ се смета за еден од водачите на ќелијата на огранок на високоризична криминална група од Црна Гора, за кого НЦБ Интерпол Подгорица издаде меѓународна потерница за издржување затворска казна од две години и три месеци“, се вели во соопштението. Тој е осуден на таа казна за сторено кривично дело напад врз службено ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници, поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. На брифинг со новинарите, таа детално ја образложи документацијата која содржи докази за фалсификати, вклучително и изјави потпишани од лица кои во моментот на ...
Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против 27-годишниот К.Н. од Гостивар, осомничен за злоупотреба на лични податоци преку лажен профил на социјалната мрежа Инстаграм. Како што соопштуват од Министерството за внатрешни работи, по неколкумесечна истрага, полицијата утврдила дека на 28 февруари 2025 година, осомничениот креирал лажен профил на Инстаграм и објавил фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги ...
Шеесет и шест годишниот Т.Б од Велес вчера бил пронајден починат во неговиот дом. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска. Истакна дека Итна медицинска помош во 19.20 часот случајот го пријавиле во Сектор за внатрешни работи Велес и бил извршен увид од увидна екипа. Од СВР Велес информираа дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ...
Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка, Бугарија, Латвија, Естонија,… Ова не го велиме ние, туку „Фајненс тинк“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски истакна дека земјава е некаде на средината ако се земат предвид најдорбото ниво на минималата плата споредено со ...
Црнила и пепел оставија огнените јазици на планината Готен. Две недели околу 3.000 пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, доброволци пожарникари, припадници и пилоти на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и населението на општините Василево, Радовиш и Берово го гаснат пожарот на планината. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели ...
Состојбата со пожарот на планината Готен е смирена од беровска страна, но за жал поради чадот и маглата кој што се кренале после слабиот дожд територијата се надлетува со дронови и се бараат жаришта, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. – Пожарот го водиме како контролиран, но ако се појават жаришта, гаснењето ќе продолжи во раните утрински часови. На располагање имаме два хеликоптери и два „Ер трактори“ за да може да дејствуваме – ...
Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија прoизведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“. Преговорите се во завршна фаза, а за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инветитор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање, кој ќе биде гигантот ...
Ја оставивте болницата за жалење, со објекти од времето на комунизмот и статички небезбедни. Се грижите кога сте во опозиција, а што направивте додека бевте на власт? – одговори министерот за здравство Азир Алиу на обвинувањата од пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт дека откако е на таа функција не презентирал ниту една инвестиција за Клиничката болница во Тетово и не соопштил планови за подобрување на здравствените услуги и за ...
Осум лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени во руски комбиниран воздушен напад врз градот Киев во ноќта меѓу 30 и 31 јули, а 135 лица беа повредени. „Во населбата Свјатошински, руска ракета уништи куќа, а тело на маж беше извлечено од урнатините во близина на влезот. Шест лица веќе ги загубија животите како резултат на нападот врз оваа зграда, а вкупно осум лица загинаа во Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Градската воена ...
Иран постави нови услови за продолжување на нуклеарните преговори со САД, барајќи Вашингтон да ја надомести штетата предизвикана од нападите врз иранските нуклеарни постројки во јуни, за кои САД тврдат дека биле насочени кон нуклеарната програма на Иран. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека САД мора да ги објаснат нападите што се случија во средината на преговорите и да потврдат дека ...
Украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал изјави дека за време на војната не може да има извоз на оружје произведено од украински приватни производители. Во интервју за BBC News, тој рече дека извозот на оружје е политичка одлука, секогаш и во секоја земја. „За време на војната, ако нашиот бранител на фронтовската линија нема доволно од ова или она оружје, невозможно е да го извезе сè додека не ги снабдиме нашите вооружени сили со 100 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повика палестинската милитантна група Хамас да се предаде и да ги ослободи заложниците како услов за завршување на хуманитарната криза во Појасот Газа. „Доколку Хамас се предаде и ги ослободи заложниците, тоа ќе биде најбрзиот начин да се стави крај на хуманитарната криза во Газа“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи. Висок функционер на Хамас, Калил ал-Хаја, изјави оваа недела дека е ...
Собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата денеска ја утврди одлуката Фатон Сељами да биде избран за нов Народен правобранител, на местото на Насер Зибери кој замина во пензија. Комисијата предлог-одлуката ќе ја проследи до Собранието и се очекува да биде изгласан вечерва на пленарна седница. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на огласот за избор на Народен правобранител биле пријавени 17 кандидати – ...
Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции, велат од Левица. „Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и ...
За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен. Шоферот на поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев е фатен како подметнува пожар. Тоа е планот на пироманската СДС, државата да гори а нивните апологети да креираат атмосфера на страв, паника и несигурност кај граѓаните. Но, нивниот план пропадна пред некој ден кога полицијата го уапси лицето А.Н., возач на Заев подметнувач на пожари. И самиот Зоран Заев, призна дека потпалувачот ...
Пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт на денешната седница за пратенички прашања го праша првиот вицепремиер Изет Меџити за неговиот сопартиец во Вреди, Биљал Касами, со тврдење дека како градоначалник на Тетово продал „за приватни интереси“ јавен простор во центарот на градот, парцела од околу 2.900 квадратни метри за 190.000 евра, а, како што рече, реалната цена е десет пати повисока. На обвинувањата за градоначалникот на Тетово, Меџити ...
На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент. Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека ...
Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 отсто, а реално за 22.5 отсто, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво ...