
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за сите – владеењето на правото. Се укажа на пакетот закони изработени од Министерството за правда, што се однесуваат на Јавното обвинителство, на Судскиот совет, на платите на јавните обвинители и на членовите на Судскиот совет, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за состојбата со евроинтеграцијата по втората седница ...
Приведен е кавадарчанец кој со нож им се заканувал на сограѓанин и малолетник, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го уапсија Д.С., на возраст од 29 години. Околу 22:30 часот, тој се обидел со остар предмет да го нападне А.И., 29-годишно лице од Кавадарци, по што околу 23:10 часот во парк во градот, пред повеќе малолетници, со остар предмет се заканил на ...
Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа. Како што рече на прес-конференција, се зборувало „за безбедносните дилеми во светот“ кои, рече, „ги засегаат сите држави па и нашата’. -Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска информираше дека по 15 август ќе се знаат деталите од преговорите со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Димитриевски во изјава за медиумите во спортската сала во Куманово потенцира дека се преговара за поголем број општини, повторувајќи дека онаму каде што ќе немаат свој кандидат ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. – Куманово ...
Во Куќата на Робевци во Охрид вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“. -После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид, информираат ...
Политичкото лицемерие на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ не знае за граници. Пред три дена, пратениците на ДПМНЕ под јавен притисок гласаа „ЗА“ Интерпелацијата на Левица за државниот jавен обвинител Љупчо Коцевски. Пред два дена од партијата побараа обвинителот да си поднесе оставка. Денес, пак, премиерот обзнани дека и покрај законските можности, Владата нема намера да го разреши Љупчо Коцевски, велат од Левица. „Покрај сѐ останато, главниот ...
Управата за јавни приходи спровела 154 теренски контроли за фискализација во периодот од 21 до 27 јули годинава, насочени кон различни типови деловни субјекти. Како што соопштуваат од УЈП, со контролите биле опфатени колонијали, угостителски објекти, туристички агенции и хотели, како и други трговски објекти за продажба на мало. – Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го губи трпението со рускиот претседател Владимир Путин во врска со завршувањето на војната во Украина. „Она што најмногу го мачи претседателот се овие одлични телефонски разговори каде што сите велат, знаете, би сакале да завршиме со ова и да најдеме начин да продолжиме напред. Потоа тој ги вклучува вестите и гледа како уште еден ...
Во Врховната рада на Украина, за време на парламентарната седница што беше емитувана во живо за прв пат од почетокот на војната со Русија, избувна тепачка меѓу пратениците од владејачката партија на Володимир Зеленски. 🇺🇦 BREAKING! A fight broke out in the Verkhovna Rada during debate over a bill to restore powers to NABU — Ukraine’s Western-controlled anti-corruption agency. pic.twitter.com/Mr2xfJ1BYH — Abhimanyu Manjhi (@AbhimanyuManjh5) ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена, се вели во соопштението на СДСМ. Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и ...
Синиша Јокиќ, чичко на познатиот српски кошаркар Никола Јокиќ, беше уапсен во акција на Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија поради сомневања поврзани со уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад. Апсењата се дел од голема истрага што е во тек, а како што објавува Nova.rs, полицијата веќе привела неколку лица. Јокиќ е историчар и истакнат член на Српската напредна партија (СНС). Тој беше долгогодишен ...
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 18,5°С во Лазарополе до 28,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната температура беше натпросечна ...
Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе конечна пресуда и го осуди претседателот на Република Српска Милорад Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит. Додик ќе мора да престане да ја извршува функцијата претседател на Република Српска 6 години, објасни Судот, наведувајќи дека ова е заштитна мерка. Со ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцески кому му беше изгласана недоверба во Собранието, продолжува да биде лојален на претходната владејачка коалиција ДУИ-СДСМ, и оти правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот на негово разрешување. – Вие се сеќавате дека од опозицијата мене ме обвинуваа дека сум бил во некаква коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија, дека сум ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање да даде коментар за намалените царински стапки од страна на САД кон земјава, истакна дека ова е прва фаза и оти преговорите продолжуваат. – Од она што го видовте како соопштение од страна на Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински стапки, не се ни царини, ова се трговски ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 01 август просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 102,83 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,98 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,63 евра за мегават час, а на MEMO 63,53 евра. Цената на ...
Архитектот Мишко Ралев, за кого долго се зборуваше дека е потенцијален кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје се приклучи на тимот на Орце Ѓорѓиевски, претендентот на ВМРО-ДПМНЕ за клучната позиција во главниот град. – Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за ...
Социјалдемократскиот сојуз бара од претседателката на државата да не ги потпишува указите за законите за полиција и за внатрешни работи бидејќи според нив, се укинува професионализмот и полицијата ќе биде под директна команда на министерот за внатрешни работи. – Со новите таканаречени закони, министерот Тошковски добива неограничена моќ и значително проширени дискрециони овластувања. Сега, тој ќе може да предлага директор на БЈБ, од ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило „Ситроен џампер“ со велешки регистарски ознаки иако во тој момент не поседувал важечка ...
Потпреседателката Весна Бендевска ќе ја предводи собраниската делегација на Пелинце и во Прохор Пчински за 2 Август информираа од прес службата на Собранието. – По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола ...
Специјалните сили на Руската Федерација наводно заробиле неколку офицери на НАТО во украинскиот град Очаково, кои им помагале на украинските вооружени сили во гаѓањето руски цивилни цели со ракети и беспилотни летала, објави Телеграм каналот „На Марше“, а објавија и неколку руски медиуми, вклучувајќи ги Инфо24, блокнот и glavny.tv. Украинските медиуми не ја објавија ниту ја потврдија веста за заробувањето на офицерите на НАТО. „Вчера вечерта ...
Бројот на жртви од руските воздушни напади врз Киев во четврток наутро се искачи на 26, вклучувајќи три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи во вторник. Бројот на жртви од нападите со беспилотни летала и ракети претходно беше 16, вклучувајќи две деца. „Во текот на ноќта и утрото, спасувачите извлекоа 10 тела од урнатините на станбена зграда во областа Свјатошински, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете“, соопшти ...
Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Изгаснатите ...
Мало олеснување за пингвините на островите Херд и Мекдоналд – царините на ненаселената австралиска територија ќе останат на 10%. Ниеден човек не стапнал на малите, оддалечени антарктички места речиси една деценија, но некако се најдоа на списокот на Трамп за трговски удари на Денот на ослободувањето во април. Тешко е да се добие јасна слика за трговските односи меѓу островите Херд и Мекдоналд и САД – но Австралија претходно изјави дека ...
Голема руска државна хакерска група, која Microsoft Threat Intelligence ја следи под името „Secret Blizzard“, ги таргетира странските амбасади во Москва користејќи софистицирани методи на сајбер шпионажа. Според извештајот на Microsoft, Secret Blizzard користи техника „противник во средината“ за да го инјектира својот малициозен софтвер наречен ApolloShadow во целните компјутери. Оваа кампања, која ќе трае најмалку до 2024 година, претставува ...
Времето денеска е сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура е во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, објавија утрово од Автомото сојузот на Македонија. Според камерите на граничните премини на Србија, се гледаат ...
Словенија воведе ембарго за извоз, увоз и транзит на оружје во Израел, две недели откако прогласи двајца израелски министри за персона нон грата, објавија словенечките медиуми повикувајќи се на владино соопштение во Љубљана. Мерката ја објави премиерот Роберт Голоб по состанокот на словенечката влада. Голоб рече дека Словенија е првата европска земја што презела таков чекор. Словенија ја призна палестинската држава во јуни минатата година и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји низ целиот свет за „реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“, објави Белата куќа. Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја ќе бидат предмет на царини од 15 проценти. За Македонија се воведуваат царини од 15 проценти, ...
Кинески воени бродови денес впловија во руското далечно источно пристаниште Владивосток, пред заедничките вежби што ќе се одржат од 1 до 5 август, објави денес Ројтерс. Дизельная субмарина ВМС НОАК совершила заход в порт г. Владивосток для участия с 1 по 5 августа в совместных российско-китайских учениях «Морское взаимодействие — 2025». pic.twitter.com/uRQ66dSe9O — Maksud (@MaksudPash15485) July 31, 2025 Видеата од руското Министерство за ...