Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ доби меѓународно признание во Кина, каде што беше одликуван со Почесна награда за Визуелна Имагинација во главната натпреварувачка селекција на Blue Planet Sci-Fi Film Festival. Наградата ја доделува Организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителниот визуелен концепт и иновативниот пристап во градењето на изгледот на филмот. Blue ...
Шпанија го осуди она што го нарече кршење на меѓународното право во Венецуела. Во писмо испратено до членовите на неговата Социјалистичка партија, Педро Санчез ја опиша американската интервенција како „кршење на меѓународното право во Венецуела, чин што ние силно го осудуваме“. Сумар, коалициски партнер на крајно левичарските социјалисти, ја повика владата да ги осуди американските напади што резултираа со заробување на венецуелскиот ...
Американските шпиони со месеци го следеле секое движење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, што кулминирало со драматична воена операција во која е заробен. Мал тим, вклучувајќи извор од венецуелската влада, снимал каде спие 63-годишникот, што јаде, што носи, па дури и детали за „неговите миленици“, откриле високи воени функционери. Moment that Former Venezuelan President Nicolás Maduro and his wife, Cilia Flores, arrived in a ...
Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД како стратешки партнер и владата ја поддржува акцијата во Венецуела, ама од друга страна вели дека е спротивно на меѓународното право, реагираат од СДСМ на денешната изјава на премиерот во врска со акцијата на САД во Венецуела и апсењето на претседателот Никола Мадуро. – „Во животот, кога еднаш ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и таа пракса е прашање на време, не дали туку прашање ...
Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик. Во изјава за медиумите претседателот на Владата кажа дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“. – Ниту една ...
Комплетен колапс на воздушниот сообраќај над Грција. Во неделата, целиот воздушен простор над земјата беше затворен, а сообраќајот беше целосно запрен поради сомневање за голем системски дефект, пишува австрискиот портал „Хојте“. Небото над Грција во моментов е невообичаено мирно. Податоците од услугата за следење на летови потврдуваат дека во моментов нема дојдовни или надлетувачки авиони. Службениците на цивилното воздухопловство и ...
Во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20:40 часот лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи. -При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник, посочуваат од Министерството. Од МВР најавуваат дека ...
Македонската влада стои зад аргументите на САД во врска со упадот во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро вели премиерот Христијан Мицкоски. На прашањето за реакциите околу легитимноста на акцијата и кршењето на меѓународното право, Мицкоски одговори со примери за кои вели биле очиггледно кршење на меѓународното право, а тогша како што рече „овие што сега реагираат молчеле. – Мене ме загрижува громогласната тишина што се ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предупреди дека светот денес е доминиран од правото на сила и на посилните, нагласувајќи ја својата загриженост за американската акција во Венецуела и понатамошното вооружување на Приштина. „На денешната седница на Советот за национална безбедност имавме три теми. Едната е регионалната воена и политичка безбедност, со осврт на ситуацијата во Европа и светот. Втората е енергетската безбедност на ...
Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана, вклучувајќи и 14-годишно швајцарско девојче кое е најмладата жртва досега, соопшти денеска полицијата. Многу од жртвите се малолетници, меѓу кои Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Меѓу досега идентификуваните се и 18-годишен Романец, 18-годишен ...
На 4 јануари 2026 година во 00:45 часот, во село Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 40-годишната М.С. од Скопје. Според информациите од полицијата, претходно, на 3 јануари околу 20:55 часот на улицата „100“ во Волково, М.С. управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г.И. (60), жител на селото. Поради здобиените тешки повреди, пешакот починал на местото на ...
Два часа интензивно бомбардирање, а потоа тишина. Вака шпанскиот дневник El País го опишува американскиот напад врз Венецуела, при што системите за противвоздушна одбрана од руско производство не возвратиле оган. Според весникот, венецуелската противвоздушна одбрана била онеспособена уште во првиот бран од американското бомбардирање и ракетирање. Земјата располагала со 12 руски системи 9K317E „Бук-М2Е“, набавени врз основа на договор ...
Финските гранични служби објавија снимки од операцијата во која запленија товарен брод за кој се сомнева дека оштетил телекомуникациски кабел што ги поврзува Хелсинки и Талин во Финскиот Залив. Брод запленет во Финска оваа недела под сомнение дека оштетил подводен телекомуникациски кабел превезувал руски челик под санкции на Европската Унија, потврдија финските власти. Инцидентот се случи во време на зголемени тензии во регионот на ...
Откако Трамп го почна вториот мандат минатиот јануари, притисокот врз венецуелската влада се зголеми. Прво, администрацијата на Трамп ја дуплираше наградата што ја понуди за информации што доведоа до апсење на Мадуро. Во септември, американските сили почнаа да ги таргетираат бродовите што ги обвинија дека превезуваат дрога од Јужна Америка во САД. Оттогаш имаше повеќе од 30 напади врз такви бродови во Карибите и Пацификот, при што загинаа ...
Обвинет по разни федерални точки, вклучително и заговор за нарко-тероризам, Мадуро ќе се појави првпат пред федералниот суд во Менхетен во понеделник, објави функционер на Министерството за правда. Во обвинението се тврди дека Мадуро и неговите сојузници ги претвориле венецуелските институции во жариште на корупција во трговијата со дрога, сè за своја сопствена корист. Според обвинението на Министерството за правда на САД, венецуелската ...
За денеска е закажана македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска. Премиерата на македонскиот кандидат за Оскар ќе се одржи во Македонскиот народен театар од 20:30 часот. На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите што ги пронижа ...
Николас Мадуро, поранешен возач на автобус и синдикален активист, кој повеќе од 13 години ја водеше Венецуела, во саботата беше соборен од власт и приведен од американските специјални сили. Шеесет и тригодишниот лидер е изнесен од земјата и ставен во притвор на американските власти, каде што се очекува да се соочи со обвиненија поврзани со трговија со дрога и организиран криминал. Мадуро со години ја обвинуваше американската влада за обиди ...
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ...
Кина ги повика САД „веднаш да ги ослободат“ венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, кои се во американски притвор откако беа одведени од американските сили од венецуелската престолнина Каракас. „Кина ги повикува САД да ја обезбедат личната безбедност на претседателот Мадуро и неговата сопруга, веднаш да ги ослободат, да ги сопрат обидите за поткопување на венецуелскиот режим и да го решат проблемот преку дијалог и ...
Фотографиите што циркулираат на социјалните медиуми, а се потврдени од CBS, ги покажуваат последиците од американските напади врз Фуерте Тиуна. 📷 Difunden en redes sociales imágenes de La Carlota y Fuerte Tiuna tras el operativo de fuerzas militares de #EEUU para la detención de Nicolás Maduro en #Venezuela durante la madrugada de este #3Ene.#VPItv pic.twitter.com/ASYvTsA8sP — VPItv (@VPITV) January 3, 2026 Фуерте Тиуна, најголемиот воен ...
Николас Мадуро пристигна со хеликоптер на Менхетен, по што беше префрлен во конвој во Притворниот центар (MDC) во Бруклин, озлогласен затвор опишан како „одвратен“ со „ужасни“ услови. Пејачот Р. Кели, Гислен Максвел и Сем Бенкман-Фрид престојуваа таму. Белата куќа објави видео на кое се гледа како Мадуро со лисици, придружуван од агенти на ДЕА, се обидува да зборува англиски, велејќи „Добра ноќ“ и „Среќна Нова Година“. Perp ...
Уставниот совет на Врховниот суд на Венецуела ѝ наложи на потпретседателката Делси Родригез да ја преземе улогата на вршител на должноста претседател во отсуство на Николас Мадуро, кој беше уапсен рано вчера наутро во операција на американските сили. Во одлуката на судот се наведува дека Родригез ќе ги преземе „должностите претседател на Боливарската Република Венецуела, со цел да се гарантира административен континуитет и сеопфатна одбрана ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, по повод нападот на САД врз Венецуела и апсењето на претседателот на таа земја, Николас Мадуро, изјави дека „едностраниот напад врз суверена нација“ е чин на војна и кршење на американското и меѓународното право. Мамдани објави на платформата X дека бил информиран за апсењето на Мадуро и неговата сопруга од страна на американската војска, како и за нивното планирано затворање во федерален затвор во ...
Иако администрацијата на Трамп инсистира дека пратките на кокаин од Венецуела ја поттикнуваат кризата со предозирање со дрога во САД, официјалните бројки покажуваат многу поинаква слика. Глобалното производство на кокаин достигна рекордни нивоа, но главните шверцерски патишта кон САД во голема мера ја заобиколуваат Венецуела, според извештаите на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) и Агенцијата за борба против дрога на САД (DEA). ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја поздравува акцијата на американските власти за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга. Муцунски, во објава на неговиот профил на социјалната мрежа Икс вели дека е за поздравување тоа што Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. I welcome @POTUS Donald Trump’s announcement that Nicolás Maduro has been arrested and will face justice. I ...
Воената операција на Соединетите Американски Држави, која резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, е спротивна на принципите на меѓународното право, изјави шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро. Баро објави, во врска со нападот на САД врз Венецуела и апсењето на претседателот на таа земја, Николас Мадуро, и неговата сопруга, дека ставот на Франција е дека „никакво трајно политичко решение не може да се ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се јави од резиденцијата Мар-а-Лаго од каде што говореше за нападот врз главниот град на Венецуела и апсењето на претседателот на таа земја, Николас Мадуро. На почетокот од говорот, Трамп рече дека е извршен „спектакуларен напад“. youtube.com/watch?v=SsdkClL2_bg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2F&source_ve_path=MjM4NTE „Светлата беа изгаснати во Каракас. Беше ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави на социјалната мрежа Truth Social фотографија од венецуелскиот претседател Николас Мадуро на американскиот воен брод USS „Иво Џима“. На фотографијата е прикажан Мадуро во тренерка, со лисици на рацете, шише вода во раката и очила што служат како превез за очите. Објавата на Трамп следеше по неговата претходна порака во која наведе дека венецуелскиот претседател Николас ...
Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран – Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа. Информацијата ја потврдија и од македонската Влада. – Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. изразуваме длабоко жалење и сочувство, велат од Владата. Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во ...
Брижит Бардо, која почина на 91-годишна возраст, беше една од најплатените актерки во светот, а за нејзината улога во филмот „Вива Марија!“ заработи 35 милиони долари. За време на нејзината филмска и манекенска кариера и инвестициите во недвижнини, таа заработи помеѓу 65 и 100 милиони долари. Покрај тоа, автобиографијата „Иницијали Б.Б.“, објавена во 1996 година, наводно ѝ донела околу четири милиони долари. Таа, исто така, ја остави зад ...