Примената на новиот систем за биометриска регистрација и контрола на патници од трети земји, согласно европската директива „Систем за влез/излез (Entry/Exit System)“, доведе до срамни сцени: редици, метеж, нервоза и на крај, изливи на гнев кон оние кои не се виновни-полицајците, кои уште еднаш функционираат како „вреќи за бокс“, пишува во соопштението од Унија на полицајци од Килкис, кои посочуваат дека е неприфатливо она што се случува ...

Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше во посета на Општата болница со проширена дејност во Дебар, изјави дека со измените на законот, кои се во владина процедура, пензионираните лекари и медицински сестри ќе може да продолжат да работат и по пензионирањето односно до 70-годишна возраст. Според него, еден од проблемите што ги детектирале како Министерство е недостигот на здравствен кадар на територијата на цела Македонија, како ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска учествуваше на дискусија на високо ниво во организација на PES (Партијата на европски социјалисти), на панелот „Обликување на Европа заедно: Прогресивни гласови од Западен Балкан“, кој се одржа во Барселона. Во своето обраќање, Филипче нагласи дека Европа се соочува со сериозен бран на авторитаризам, на кој прогресивните сили и социјалдемократијата се последна линија на одбрана. „Tокму ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го поздрави соопштението на Иран дека Ормускиот теснец ќе биде отворен за бродови за време на траењето на прекинот на огнот. Трамп му се заблагодари на Иран на својата платформа Truth Social, наведувајќи дека стратешки важниот воден пат е „целосно отворен и подготвен за целосен премин“. Во исто време, тој нагласи дека поморската блокада ќе остане на сила во однос на Иран, сè додека, како што ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека во некои европски и западни политички кругови постои јасна намера да се ослаби Русија до степен да се „собори на колена“, оценувајќи дека таквата стратегија е погрешна и неизводлива. Фицо нагласи дека Европската Унија нема јасна мировна иницијатива, но, како што изјави, продолжува да инсистира на воена реторика и поддршка на конфликтот во Украина. – Постои стратегија: да ја собориме Русија на ...

На синоќешната свечена манифестација „Работодавач на годината“, организирана од водечкиот портал за посредување при вработување Vrabotuvanje.com.mk, компанијата Кромберг & Шуберт Македонија по втор пат ја потврди својата доминација на македонскиот пазар на труд, освојувајќи го престижното признание „Најпосакуван работодавач за 2026 година“. Оваа награда е резултат на најголемото независно истражување спроведено на национално ниво од ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес објави дека Ормутскиот теснец е отворен. – Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормутскиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период од прекинот на огнот, по координираната рута претходно објавена од Организацијата за пристаништа и поморство на Исламската Република Иран, изјави иранскиот министер за надворешни ...

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, нагласи дека примирјето објавено во Либан е резултат на непоколебливоста на движењето Хезболах и единството на Оската на отпорот. „Прекинот на огнот во Либан не беше ништо друго освен резултат на непоколебливоста на Хезболах и единството на Оската на отпорот. Ќе пристапиме кон ова примирје претпазливо и ќе останеме обединети до целосна победа“, рече Калибаф во објава на својот ...

Хезболах никогаш нема да се разоружа, изјави за Би-Би-Си високиот лидер на либанската група, Вафик Сафа, неколку часа пред почетокот на 10-дневниот прекин на огнот меѓу Либан и Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека разоружувањето на Хезболах е клучно барање во понатамошните разговори со либанската влада. „Не додека нема вистинско примирје, вистинско. Не додека Израел не се повлече. Пред враќањето на затворениците, пред ...

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ (09.04.2026 – 16.04.2026) Ротирна печка 3 (А-03.1) Ротирна печка 4 (А-04.1) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во ПС за ГП и ГН Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Пријавениот, на ул. „8 Септември“ во Битола управувал возило „БМВ“, во време кога имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ ...

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за рушење на уставниот поредок и злоупотреба на функцијата. На прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ изјави дека Мицкоски, од позиција на премиер, се однесува како „обвинител и судија“, јавно најавувајќи кривични прогони и таргетирајќи луѓе од опозицијата и нивните семејства. „Христијан Мицкоски повеќе не се крие – тој однапред нарачува судски ...

Апелациониот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов, соопштија од судот. Со ова, Ристов останува во куќен притвор, откако одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката. Судијата Ристов, кој работеше во Апелациониот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следи ...

Обвинителката Адела Бојчевиќ денеска, во врска со исказот на обвинетиот Стојанче Јовановски во судот, изјави дека неговиот исказ бил очекуван и насочен кон тоа да се прикаже како жртва, со цел да ја избегне кривичната одговорност што му се става на товар. – Денешниот исказ на обвинетиот беше очекуван за мене како обвинителка. Очекувано беше да се стави во улога на жртва и на тој начин да се обиде да ја избегне кривичната одговорност што му ...

Хезболах објаи дека „го држи прстот на чкрапалото“ во случај на какво било „предавство или измама“ од страна на Израел за време на тековното примирје во Либан. Во соопштение објавено на Телеграм, групата поддржана од Иран ги разгледа своите минати дејствија во конфликтот, наведувајќи дека помеѓу 2 март и 16 април, спровела вкупно 2.184 операции против Израел. Хезболах, кој е прогласен за терористичка организација во голем број земји, ...

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за рушење на уставниот поредок и злоупотреба на функцијата. На прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ изјави дека Мицкоски, од позиција на премиер, се однесува како „обвинител и судија“, јавно најавувајќи кривични прогони и таргетирајќи луѓе од опозицијата и нивните семејства. „Христијан Мицкоски повеќе не се крие – тој однапред нарачува судски ...

Обвинетиот Стојанче Јовановски денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека неговата сопруга Ивана му признала оти, под уцена со интимни видеа од страна на Мартин Саздов, му го дала резервниот клуч од возилото, по што, според неговиот исказ, му била подметната дрога. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, изјави дека Техеран отфрла какво било привремено примирје и бара сеопфатен крај на војната во целиот регион. Во разговор со новинарите на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, Хатибзаде рече дека какво било примирје мора да ги опфати сите жаришта на конфликт „од Либан до Црвеното Море“, што го опиша како црвена линија за Иран. „Ние не прифаќаме какво било привремено ...

Mozzart повторно ја потврдува својата лидерска позиција! Втора година по ред, компанијата ја освојува престижната титула „Најпосакуван работодавач“ во категоријата Игри на среќа. „Искрено им благодариме на сите кои ја препознаа нашата компанија како место каде се остваруваат кариерни цели и се вреднува секој поединец. Оваа награда не ја доживуваме само како успех, туку и како обврска – да бидеме уште подобри, посилни и посветени во она што ...

Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред и да се почитуваат законите. – На владината седница на 31 декември ...

„Да за нови рудници со запазени еколошки стандарди“ – политичките субјекти во земјава споделуваат исти ставови за иднината на македонското рударство и користењето на минералното богатство. Темата околу инвестициите во оваа индустриска гранка се покрена по финансиската поддршка од Соединетите Американски Држави за геолошки истражувања за антимон кај Крива Паланка, односно кај одамна затворениот рудник во Крстов дол. Прашани за можностите за ...

Откога е во примена Законот за високото образование од 2018 година, нашите универзитрти ги нема на меѓународните ранг-листи. Професорите бараат и имаат повисоки плати, а не пишуваат нитеден научен труд во годината. Така повеќе не може да биде – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека „импровизираат и манипулираат сите оние политички шпекуланти кои велат дека со законот за високото ...

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 17 април изнесува 99,37 евра за мегават час, на МЕМО 91,04 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 17 април 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 99,37 евра/mwh, додека на MEMO цената е 91,04 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar ...

Во текот на детална истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје ...

„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...

Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и производи преку Wolt, со специјална промотивна понуда за новите корисници и настан по повод лансирањето. Wolt, технолошката платформа позната по брза и едноставна достава, официјално се шири и во Битола. Ова проширување доаѓа една година по официјалното лансирање на Wolt во Македонија, каде што досега услугата беше достапна исклучиво во Скопје. Со ова проширување, ...

Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија, известија од партијата. – „Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на ...

Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа е спроведен во затворот „Шутка“ по спогодба со јавниот обвинител, откако призна вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Тој ќе издржува казна затвор од една година и три месеци, поради барање поткуп од својот клиент Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот. „Судот ја разгледа предложената спогодба и утврди дека се исполнети законските одредби од Законот за ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот Р.А.(45) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“. Како што информираат од МВР, пријавениот, како вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за ...

Дојави за поставени бомби во неколку трговски центри во Загреб стигнале до неколку медиуми утрово, по што полицијата нареди евакуација на Арена Центар, Авенју Мол и Сити Центар Уан Ист, јавува Индекс.хр. Сведоци рекле дека слушнале аларми околу 8 часот наутро и дека полицајци стоеле на влезовите. Загрепската полиција накратко објави дека истрагата е во тек. Дојави за поставени бомби во неколку трговски центри во Загреб стигнале до ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
35%
1005
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
41%
1005
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
52%
1003
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
30%
1008
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.15
48%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
90%
1003
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
45%
1004
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1007
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
43%
1006
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
41%
1007
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
38%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
63%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Паладиум

47550.95

Алуминиум

3.64

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

68577.54

Злато

151413.64

Бакар

13.22

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Сребро

2812.48

Калај

55.99

Родиум

320703.70