Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голелм обем, вели Муцунски. – Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетални ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска за членки на Судскиот совет. За двете кандидатки таа рече дека изборот го направила согласно нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личен кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на правосудството ...
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава. Од АЕК за МИА изјавија дека со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен изос од 8.020.003 евра. Најнискиот почетен износ ...
Филмот „Една битка по друга“ беше ѕвездата на овогодинешните Златни глобуси, освојувајќи ја престижната категорија за најдобар филм – мјузикл или комедија. На церемонијата одржана во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес, која повторно ја водеше комичарката Ники Глејзер, филмот го потврди својот статус на фаворит. Во трката за најдобра комедија или мјузикл, тој ја победи силната конкуренција од филмовите „Сина месечина“, „Бугонија“, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори. – Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да ...
„Левица предлага укинување на Регулаторна комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика“ истакана Амар Мециновиќ, пратеник и потпарол на Левица на денешната прес-конференција, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање на јавни пари во приватни џебови. „Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата енергетска ...
Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава за медиуми, претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски. Тој беше прашан што мисли за предложените имиња од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, што треба да влезат во собраниска процедура. – Кандидатите од претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. ...
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање кучиња во град Скопје – појава која директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и владеењето на правото. Во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња кои не се познати на локалното население и не се дел од постојната улична популација. ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови наводи за, како што тврдат, сомнителни јавни набавки во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, податоците биле доставени од граѓани преку дигиталната платформа „МИЦКО.мк“ и се однесуваат на компанијата „Пирамид билдинг солушнс“, за која опозицијата тврди дека во периодот од 2022 година до денеска добила вкупно 51 тендер во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, со вкупна вредност од ...
Со концерти на рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата. Утревечер од 20 часот ќе следуваат концерти на фолк-музика, со настапи на Благоја Грујовски, Влатко ...
Вонредната состојба е сè уште на сила во 11 општини во Србија поради голмите врнежи од снег и прекините на електрична енергија. Пожарникарите и спасувачите интервенирале 102 пати за отстранување на последиците од временските непогоди, од 4. јануари до денеска, а 38 лица се евакуирани, јаува РТС. Снабдувањето се нормализира низ цела Србија, известува Српската електродистрибутивна компанија, прецизирајќи дека 6000 илјади потрошувачи се сè ...
-Нападот врз бугарската амбасада во Скопје беше извршен во 12:20 часот. Сторителот беше забележан од безбедносните камери – како намерно се приближи до влезната врата на амбасадата со тежок, остар предмет, удриa и заминува. Тоа беше армирано стакло, витрина на влезната врата. Таа е двојно застаклена, имаме пристојно ниво на безбедност. Успеал да го скрши само првото заштитно стакло и веројатно затоа не го продолжил нападот, бидејќи видел ...
Центарот за управување со кризи во информација за состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот изутринава, информира дека во Пелагонискиот Регион (Битола, Могила и Новаци), во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри. Во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на ...
Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. -Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка ...
Во Иран, во третата недела од масовните антивладини протести загинаа над 500 луѓе, според американската организација за човекови права, додека властите ја држат земјата се без интернет и телефонски врски повеќе од 72 часа. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран побарал преговори, но дека САД разгледуваат воени опции, за што Техеран се закани со одмазда. Протестите се проширија надвор од Иран, а инциденти се регистрирани во Лос ...
Собранието денеска треба да ја одржи 80. седница на чиј дневен ред се верификација на мандат на пратеник, откако Беким Сали беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе предлог закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање. Целта на донесувањето на законските измени на Кривичниот законик е отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување согласно Решение на ...
Во Иран, во третата недела од масовните антивладини протести загинаа над 500 луѓе, според американската организација за човекови права, додека властите ја држат земјата се без интернет и телефонски врски повеќе од 72 часа. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран побарал преговори, но дека САД разгледуваат воени опции, за што Техеран се закани со одмазда. Протестите се проширија надвор од Иран, а инциденти се регистрирани во Лос ...
Општина Центар Жупа и во следните четири години ќе ја предводи Аријан Ибраим, кому ова му е четврт последователен мандат на чело на општината. -На денешните повторени избори правото на глас го остварија 1003 граѓани од вкупно запишаните 7652. Од нив 973 гласале за Аријан Ибраим, додека 30 се неважечки ливчиња. Изборниот ден мина без никакви проблеми, рече Неџип Илјаз претседател на ОИК. Ибраим (54) беше предложен од Демократската партија на ...
Украина очигледно го распореди најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили претходно оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција. Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки рабoти. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до ...
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени функционери се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори. Изворите велат дека политичките „јастреби“ на американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за заробување на венецуелскиот претседател ...
Бурата низ Европа сè уште предизвикува откажувања на возови и летови во Холандија, сообраќај на камиони во Франција и фериботови во Грција, додека во Велика Британија е на сила жолто предупредување за снег, како и ризик од обилни дождови, силни ветрови и поплави, според извештаите на медиумите. Денес на аеродромот Шипхол во Амстердам беа откажани четири дојдовни летови, а четири беа одложени, многу подобра ситуација во споредба со стотиците ...
Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување војници на Гренланд за да се ублажат безбедносните стравови на американскиот претседател Доналд Трамп и да се спротивстави на растечката закана од кинеските и руските војски. Воените команданти изработуваат планови за можна мисија на НАТО на островот, кој американскиот претседател се закани дека ќе го заземе од безбедносни причини, а британските ...
Американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која се штитат приходите од венецуелска нафта од користење во судски постапки, објави денес АП. Во наредбата се вели дека запленувањето на средствата може да „ги поткопа критичните напори на САД за обезбедување економска и политичка стабилност во Венецуела“. Наредбата доаѓа во време кога врвните раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека политичката и ...
Републиканскиот сенатор Линдзи Греам денес изјави дека американските сенатори изразуваат поддршка за вмешаноста на САД во Иран, додека протестите продолжуваат во земјата. – До народот на Иран: вашиот долг кошмар завршува. Вашата храброст и решителност да се стави крај на угнетувањето беа забележани од (американскиот претседател Доналд) Трамп и сите луѓе што ја сакаат слободата“, рече Греам на X. Греам додаде дека Трамп „разбира дека Иран ...
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добие директна контрола врз Гренланд, автономна данска територија. Баро рече дека „не верува“ во американска воена интервенција за преземање на Гренланд, што американскиот претседател Доналд Трамп го предложи како можност, велејќи дека „ништо не може да го оправда тоа“, објави BFM. – Гренланд е европска територија, ставена под ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се заблагодари на Венецуела за започнувањето на процесот на ослободување на политичките затвореници, додавајќи дека тие затвореници имале среќа што САД се појавиле. – Венецуела го започна процесот на ослободување на политичките затвореници на величествен начин. Ви благодарам. Се надевам дека тие затвореници се сеќаваат колку имале среќа што САД се појавиле и го направиле она што морало да се ...
Полициската управа на Минеаполис соопшти дека најмалку 30 лица се уапсени, обвинети и ослободени за време на демонстрациите во центарот на градот, неколку дена откако агент на Службата за имиграција и царина (ICE) застрела и уби жена во градот, додека еден полицаец е полесно повреден. Според полицијата, „голема толпа од неколку стотици луѓе“ се собра во близина на хотелот „Канопи“, а потоа се пресели пред хотелот „Ренесанс Депо“, каде што ...
ЕУ работи на санкции против американските компании поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, објави весникот „Сандеј Телеграф“, повикувајќи се на извори. Според „Сандеј Телеграф“, „технолошките гиганти како што се „Мета“, „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Икс“ би можеле да се соочат со ограничувања во нивните операции на континентот, како и американските банки и финансиски фирми“. Весникот забележува дека ...