Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Интензивната дебата за најавениот нов Закон за пушење дополнително го подели македонското општество како со нож. Страсните пушачи, угостителите, дел од бизнис претприемачите и тутунската индустрија се на страната на потенцијални жртви, а на другата страна се родителите на малолетни деца, непушачите, поборниците за здрави животни навики, министерството за здравство како предлагач кои ги бранат предлозите оценувајќи ги како европски стандард ...
Украина нема да прифати формални и суштински бесмислени безбедносни гаранции од западните земји, бидејќи го смета прашањето за одбрана од потенцијална агресија за неразделен дел од секој иден мировен договор, изјави амбасадорката на Украина во НАТО, Олена Хетманчук. Во статија за британскиот Телеграф, Хетманчук нагласи дека претпазливоста на Украина кон ваквите понуди е директна последица од искуството со Минските договори, кое го опиша ...
Најмалку педесетина лица во 14 држави починаа од последиците на силната зимска бура што зафати голем дел од централните и источните Соединети Американски Држави, носејќи снег, мраз и температури под нулата, соопштија локалните власти. Десет од жртвите на бурата се во Њујорк, каде што температурите беа најниски во последните осум години, изјави градоначалникот Зохран Мамдани на прес-конференција, објави Ројтерс. Мамдани рече дека околу 500 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран во моментов. Па, ќе видиме“, рече Трамп во говорот во американската држава Ајова. Не беше јасно дали Трамп мислеше на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и придружните воени бродови кои веќе пристигнаа на Блискиот Исток во понеделник или на други американски воени сили. Во ...
Новак Ѓоковиќ беше на работ на елиминација, но сепак успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија Опен и да го продолжи својот пат кон нова Гренд Слем титула. Во четвртфиналниот дуел против Лоренцо Мусети, српскиот тенисер губеше со 0:2 во сетови (4:6, 3:6), додека во третиот сет водеше со 3:1 кога италијанскиот тенисер му го предаде мечот поради повреда. Србинот влезе во мечот на најдобар можен начин, безбедна игра на свој сервис, а ...
Рускиот политички аналитичар Павел Шипилин ги коментираше извештаите на британските медиуми дека Урсула фон дер Лајен ја подготвува ЕУ за војна со Русија до 2030 година, поради што презеде чекори за олабавување на правилата за долг на ЕУ со цел да издвои дополнителни 650 милијарди евра за одбрана. – Сегашната политика на Европската Унија кон Русија се базира на милитаристички и колонијални амбиции – ЕУ сака руски ресурси и ја користи ...
Одбивањето на Германија да ѝ обезбеди на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ укажува на растечкиот замор на Западот од конфликтот, изјави за РИА „Новости“ турскиот новинар и политички коментатор Шафак Шахин Доган. Доган нагласи дека изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус – дека на самата Германија ѝ се потребни овие системи – е јасен сигнал и удар за украинските власти. „Овој чекор покажува дека ...
Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека земјата ќе „направи сè“ за да постигне договор со Соединетите Американски Држави во врска со Гренланд, освен за пренос на територија. Кога германскиот јавен радиодифузер АРД ја праша дали САД би можеле да ја стекнат територијата на Гренланд, Фредериксен одговори негативно, наведувајќи дека тоа е „незамисливо“. Таа рече дека денот кога ќе се направат компромиси за основните столбови на ...
Конгресменката на САД, Илхан Омар, беше испрскана со непозната течност за време на јавно сослушување во Минеаполис. Полицијата соопшти дека маж од публиката ja испрскал Омар течност која била во шприц. Напаѓачот бил веднаш е уапсен, објави Би-Би-Си. NEW — Rep. Ilhan Omar was just charged by a man at a town hall event in Minneapolis. Crowd says he "sprayed her" with something. You can hear Omar demand to continue the town hall — and she's ...
Борбата против антисемитизмот е глобална битка за иднината на цивилизацијата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на церемонијата на отворањето на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот. – Расизмот постоел низ историјата. Тоа не е антисемитизам, им рече Нетанјаху на учесниците во Меѓународниот конгресен центар во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека антисемитизмот започнал како верување пред 2.500 ...
Од некоја причина, Полска и балтичките земји се плашат од Русија и ја демонизираат, што е голема грешка, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Портпаролот на Кремљ истакна дека постојат земји со кои Русија со векови доживува „дефицит на пријателски чувства“. „Земете ја, на пример, Полска. Навистина имаме проблеми со Полска. Навистина имаме проблеми со балтичките земји. Од некоја причина, тие постојано се плашат од ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) приведе тројца Руси кои планираа терористички напад врз железница по барање на украинските разузнавачки служби, соопшти службата денес. – Федералната служба за безбедност во Свердловската област приведе тројца руски државјани, родени во 1979, 1981 и 1984 година, кои планирале да запалат објект на транспортна инфраструктура по барање на украинските разузнавачки служби, соопшти ФСБ, пренесе ТАСС. ...
Европските политичари сè повеќе го доведуваат во прашање пристапот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објавува Политико. Критиките се насочени кон неговата реторика и начинот на кој, според неколку европски претставници, тој ја позиционира Европа во однос на САД и американскиот претседател Доналд Трамп. „Тоа беше засрамувачки момент. Руте мисли дека Трамп ќе го засака ако биде суров кон Европејците. Не ни треба фанатик на Трамп. ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека никогаш не смееме да заборавиме дека светот каде што е важна само моќта е опасно место. Мерц предупреди дека влегуваме во свет на „големи сили“, што претставува сериозна закана. Според Мерц, стариот светски поредок се распаѓа со неверојатна брзина, а како пример го наведе конфликтот во Украина. – Но, промената е многу подлабока. Кина се проби во редовите на големите сили, а глобалното ...
Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп, изјави дека нејзиниот чичко можеби страда од Алцхајмерова болест, наведувајќи промени во неговото однесување и изрази на лицето за кои вели дека потсетуваат на нејзиниот дедо, Фред Трамп, кој страдал од дегенеративната болест пред неговата смрт во 1999 година на 93-годишна возраст. Мери Трамп, долгогодишна критичарка на претседателот, изјави за списанието „Њујорк“ дека повремено ...
Иранските активисти соопштија дека во репресијата на власта врз демонстрантите убиени се најмалку 6.126 луѓе. Тие претпоставуваат дека бројот на жртвите е многу поголем. Според активистите, помеѓу убиените 5.777 се демонстранти, 213 се припадници на иранските владини сили, 86 се деца и 49 цивили кои не протестирале, додека уапсени се над 41.800 луѓе. Претседателот на САД, Доналд Трамп поради репресијата и убиствата на демонстрантите се ...
Премиерот Христијан Мицкoски вечерва се обрати на Светосавската свечена академија, порачувајќи дека овој настан со својата духовна и културна димензија не потсетува на трајните вредности што не поврзуваат. – Денешниот ден посветен на светителот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија, но во исто време е еден од камен темелниците на балканското духовно и ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ѝ навести на Украина дека безбедносните гаранции на САД зависат од тоа дали Киев ќе се согласи на мировен договор, што веројатно ќе бара од неа да го отстапи регионот Донбас на Русија, објави денес „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи се на осум лица запознаени со разговорите. Вашингтон, исто така, посочи дека би можел да ѝ понуди на Украина повеќе оружје за да ја зајакне својата ...
Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, денес повика на единство во Минеаполис и ги повика луѓето што демонстрираат против Службата за имиграција и царина (ICE) да протестираат мирно. „Треба да се обединиме. Повикувам на единство“, изјави Меланија Трамп за Фокс њуз. Нејзиниот апел дојде еден ден откако Трамп изјави дека имал „многу добри“ разговори со гувернерот Тим Волц и градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вечерва излезе со реакција на соопштението на бугарското МНР, во која изрази жалење што, како што се наведува „оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог“. -Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на ...
Хрвстаката ракометна репрезентација ја победи Словенија со 29:25 и се приближи до полуфиналето на Европското првенство. Избраниците на Дагур Сигурдсон победија во клучен натпревар на Европското првенство. Најдобри стрелци за Хрватска беа Тин Лучин со седум и Давид Мандиќ со шест гола. Матеј Мандиќ се истакна на голот со седум одбрани и Доминик Кузмановиќ со четири клучни одбрани во второто полувреме. Словенците се мачеа во нападот на ...
Стотици училишта се затворени, а патиштата блокирани низ цела Велика Британија, бидејќи силната бура Чандра ја погодува земјата. – Вкупно 242 училишта се затворени денес низ Северна Ирска поради лоши временски услови, се вели на веб-страницата на владата, според Скај њуз. Жолто предупредување за ветер е во сила во Северна Ирска до денес во 21 часот. Метеоролошката служба вели дека бурата ќе донесе многу силни ветрови, а отпадот кој лесно ...
Специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, денес изјави дека повлекувањето на Украина од регионот Донбас е пат кон мир. „Повлекувањето од Донбас е пат кон мир за Украина“, напиша Дмитриев на X Network. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас и дека тоа е важен услов за руската страна. Русија контролира околу 90 проценти од регионот Донбас, а рускиот претседател Владимир ...
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата. Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори. „Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на ...
Помина повеќе од еден месец откако Левица достави конкретни докази, вклучително и фотографии, до Антикорупциската комисија во врска со сомнежите за поврзаност помеѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг“, фирма која инкасираше околу 5 милиони евра државни пари преку тендери. И покрај сериозноста на наводите, ДКСК очигледно во обид да го заташка и овој случај, до денес нема излезено со никаква ...
Индија и Европската Унија постигнаа историски договор за слободна трговија, кој индискиот премиер Нарендра Моди го нарече „мајка на сите договори“, зборувајќи денес на Неделата на енергија во Индија. Тоа создава заеднички пазар од две милијарди луѓе во време кога трговските врски се тестираат поради зголемените геополитички тензии, објави CNBC. Моди рече дека договорот, кој ги надополнува постојните договори на Индија со Велика Британија и ...
Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи многу жители на студ уште една ноќ и без струја. Најмалку 30 смртни случаи се регистрирани во државите погодени од екстремниот студ, објавува АП. Снежна покривка висока над 30 сантиметри, што се протега на лента од 2.100 километри од Арканзас до Нова Англија, го парализираше сообраќајот во понеделник, ...
Најмалку 1.500 луѓе се евакуирани од своите домови во градот Ничеми, во јужна Сицилија, откако силната бура предизвикана од циклонот Хари предизвика лизгање на земјиштето што создаде пукнатина долга 4 км на ридот. A four-kilometre section of a cliff collapsed in Sicily during a storm, forcing more than 1,000 people to evacuate. Italy declared a state of emergency and allocated 100 million euros for urgent relief. Damage is estimated at over ...
Вчера, на Меѓувладината конференција на Црна Гора и Европската Унија во Брисел, Црна Гора го затвори поглавјето 32 од преговорите – Финансиски надзор. Со ова, Црна Гора го затвори 13-то од вкупно 33 поглавја од преговорите во преговорите со Европската Унија. Европската комесарка за проширување Марта Кос потсети дека Црна Гора затворила пет поглавја од преговорите во декември 2025 година и дека оваа серија продолжила и оваа година. ...