Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Предлогот на Иран до САД за прекин на војната бара војната и „сите проблеми“ да се завршат во рок од 30 дена, на начин што ќе ја заврши војната, но нема да го продолжи прекинот на огнот, објави денес Ал Џезира, повикувајќи се на извори. Според извор од катарската телевизија, предлогот бара прекин на американските санкции врз Иран, прекин на поморската блокада на Иран, повлекување на американските сили од регионот и прекин на ...
Фудбалерите на Сасуоло денес го победија Милан со 2-0 (1-0) на домашен терен во Реџо Емилија во натпреварот од 35-то коло од италијанската Серија А. Головите за Сасуоло ги постигнаа Доменико Берарди во 5-тата минута и Арманд Лориенте во 47-мата минута. Фудбалерите на Милан го завршија натпреварот со играч помалку, откако Фикајо Томори беше исклучен во 24-тата минута. Фудбалерите на Сасуоло денес го победија Милан со 2-0 (1-0) на домашен ...
Иран наводно размислува да користи делфини вооружени со мини за да изврши самоубиствени напади врз американски воени бродови во Ормутскиот теснец, кој со недели е под финансиски исцрпувачка американска воена блокада! Додека се почитува напнатото продолжено примирје со САД, сè поголем број ирански тврдокорни поддржувачи веруваат дека финансиската криза предизвикана од американската блокада на извозот на иранска нафта претставува чин на војна ...
Селта го победи Елче со 3-1 (2-0) во 34-то коло од шпанската Ла Лига денес во Виго. Головите за Селта ги постигнаа Уго Алварез во 14-тата минута, Јаго Аспас во 30-тата минута и Борха Иглесијас во 85-тата минута. Единствениот стрелец за гостите беше Андре Силва од пенал во 82-тата минута. Селта моментално е на шестото место на табелата во шпанското првенство со 47 бода, додека Елче е на 14-то место со 38. Селта следниот натпревар ќе го ...
Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, а мнозинството испитаници се незадоволни од начинот на кој претседателот Доналд Трамп се справува со некои важни прашања, според нова анкета на ABC News, Washington Post и Ipsos. Рејтингот на одобрување на Трамп падна на 37 проценти, што е најниско ниво во неговото претседателствување, додека 62 проценти од анкетираните не го одобруваат, што е рекордно високо ...
Пет деца на возраст од 10 до 14 години беа повредени во северна Австрија кога неискористена муниција од Втората светска војна експлодираше под нивниот логорски оган. Децата патувале од друго село во истата покраина Горна Австрија, а сериозноста на нивните повреди сè уште не е позната, објави Ројтерс. Несреќата се случи во дел од селото Санкт Освалд во близина на Фрајштат каде што кампуваат млади луѓе, изјави портпарол на покраинската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп отворено ги опиша дејствијата на американската војска при запленувањето на иранските бродови како пиратство, фалејќи се дека „се однесувала како пират“, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. – Ова не е лингвистичка грешка. Ова беше директно признание на криминалната природа на нивните дејствија против меѓународната поморска пловидба, напиша Багеи на ...
Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите. За жал, во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме. Над 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на Орбановата мрежа во служба на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Дополнително владата врши притисок врз независните медиуми. Со приватниот Мосад (Black Cube) се следат и се фабрикуваат медиумски афери против политичките противници, велат од СДСМ. „Повампирени лица кои ...
Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците. По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните. Филипче потврди дека ...
Четири лица, вклучувајќи 70-годишен пензионер, беа повредени во пукотница во јужен Лондон. Сите жртви се однесени во болница со прострелни рани по она што полицијата го опиша како неселективна пукотница во Брикстон. 25-годишен маж е во животна опасностс, додека другите три жртви, на возраст од 21, 47 и 70 години, не се во животозагрозувачка состојба. Метрополитенската полиција беше повикана поради пријави за пукотница на Колдхарбур Лејн. ...
Намалувањето на понудата на руска нафта на светскиот пазар ќе доведе до уште поголемо зголемување на светските цени, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, блокадата на Ормутскиот теснец веќе доведе до многу помала понуда на нафта на глобалниот пазар отколку што треба да биде, пренесува РИА Новости. „И ако дополнителни количини на нашата нафта отсуствуваат на пазарот, цените ќе се зголемат уште повеќе во споредба со ...
38-годишен маж од Косово во СВР Тетово пријави дека бил измамен од Е.Р., со живеалиште во Тетово. Според пријавителот, тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил пари во вкупен износ од 18.000 евра, откако пријавената го довела во заблуда дека е бремена со негово дете. По неговото враќање од странство, Е.Р. му соопштила дека детето не е негово и ја прекинала комуникацијата. Од МВР велат дека се преземаат мерки за ...
Чамец се преврте во каналот Плавница на Скадарското Езеро. Загина маж на возраст од околу 40 години, едно лице е повредено, додека полицијата трага по трето лице и ги утврдува околностите на несреќата. – Имаше несреќа, се преврте чамец. Според досегашните информации, едно лице загина – соопшти Полициската управа. Како што објаснија, станува збор за маж на возраст од околу 40 години. – Едно лице е повредено и пријавено во Центарот за итни ...
Иран достави одговор од 14 точки на американскиот предлог за решавање на конфликтот преку Пакистан, кој вклучува гаранции за неагресија, повлекување на американските сили, укинување на санкциите и поморската блокада, како и решавање на клучните прашања во рок од 30 дена, објавија новинските агенции „Тасним“ и „Фарс“. Планот на Иран од 14 точки, исто така, бара ослободување на замрзнатите средства, исплата на компензација, а „Тасним“ објави ...
„Обликување на иднина во мир“ е мотото под кое утре и задутре во Лусака, Замбија, ќе се одржи глобалната конференција по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите. Светскиот ден на слободата на медиумите е воспоставен врз основа на одлука на Генералното собрание на Обединетите нации и по препорака на Генералното собрание на УНЕСКО од 1991 година. Се одбележува од 1993 година, секогаш на 3 мај, а целта е да се промовира принципот ...
Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ. Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија. Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш, велат од СДСМ. „Мицкоски и неговата влада свесно го штитат ...
Кипарскиот новинар и политички коментатор Алекс Христофору оцени дека доцнењето во испораките на американско оружје за Киев не е само последица на војната со Иран, туку и на влошените односи меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп. Христофору на својот YouTube канал изјави дека е индикативно што Соединетите Американски Држави ги предупредија своите партнери за можни доцнења во испораките на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален ...
Поминаа три години откако тогашниот тринаесетгодишен К.К. уби девет ученици и еден обезбедувач на училиштето, а рани уште пет ученици и еден наставник по историја, користејќи два пиштоли од неговиот татко во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. И по три години, К.К., кој не можеше да биде кривично одговорен, е во психијатриска болница, а неговите родители беа осудени на неколку години затвор со првостепена пресуда, но ...
Едно лице е убиено во пукотница што се случи синоќа во населбата Миладије во Тузла, соопшти денес локалната полиција. Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека пукотницата се случила околу 22.45 часот, објавува порталот „Кликс“. Според неофицијални информации, на пукотницата ѝ претходела расправија меѓу двајца мажи, по што било употребено автоматско оружје. Еден од учесниците во конфликтот ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи, Полициска управа Белград, по интензивна потрага, синоќа ја пронајдоа петнаесетгодишната Дуња Нециќ од Нови Сад, која беше пријавена за исчезната на 29 април 2026 година. Малолетничката беше пронајдена во друштво на петнаесетгодишна девојка која исто така беше пријавена за исчезната во Нови Сад истиот ден. Двете се во добра општа состојба и се работи на понатамошно истражување. Министерот за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите на САД против кубанската влада, изјавија за Ројтерс двајца претставници на Белата куќа, во обид да го зголемат притисокот врз Хавана по соборувањето на Николас Мадуро. Новите санкции се насочени кон поединци, компании и соработници кои го поддржуваат безбедносниот апарат на кубанската влада или се вклучени во корупција и сериозни злоупотреби на ...
Поранешниот специјален претставник на САД за Украина, Курт Волкер, оцени дека Русија не е во можност да постигне стратешки пресврт на бојното поле во Украина, и покрај продолжувањето на офанзивните операции. Зборувајќи на безбедносен форум во Полска пред Меѓународната конференција за закрепнување на Украина 2026, Волкер рече дека руските сили претрпуваат големи загуби и не остваруваат значителен територијален напредок. „Русија наводно е во ...
Русија е подготвена за суштински дијалог со Германија во врска со истрагата за терористичките напади врз гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“, изјави рускиот амбасадор во Германија, Сергеј Нечаев. „Подготвени сме за суштински дијалог, но не исклучуваме други можни случувања“, рече дипломатот во интервју за РИА Новости. Тој истакна дека Германија досега ги игнорирала сите барања на Москва за правна помош и предлози за заедничка ...
Финансирањето на тероризмот стана традиција во модерна Европа, која ги игнорираше неподготвеноста на Киев да ја истражи трагедијата во Домот на синдикатите во Одеса, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Трагедијата во Домот на синдикатите во Одеса се случи на 2 мај 2014 година, кога 48 лица загинаа лица, претежно проруски активисти кои се засолнаа таму по уличните судири со проукраинските ...
Администрацијата на Трамп бара меѓународна коалиција за обезбедување на Ормутскиот теснец, и покрај неговите остри вербални напади врз сојузниците и тврдењата дека САД можат да го сторат тоа сами. Според интерен документ што го виде новинар на NBC News, САД започнаа нова иницијатива за да им помогнат на бродовите да се движат низ клучниот воден пат што го блокираше Иран, објавува Sky News. Иницијативата, наречена „Конструкт на поморска ...
Предлогот за федерален буџет на САД за 2027 година не вклучува наменски средства за Иницијативата за безбедносна помош на Украина (USAI), клучна програма преку која се доставува воена помош во Киев. Информациите беа откриени за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат, објавува Украинска правда. За време на дебатата за продолжување на поддршката за Украина, сенаторот од Мејн, Ангус Кинг, постави прашање ...
Иран погуби двајца мажи осудени за шпионажа за Израел, од кои едниот беше обвинет за собирање разузнавачки информации во близина на нуклеарниот објект Натанц во централната покраина Исфахан, објавија иранските државни медиуми, објави Скај њуз. Судството соопшти дека Јагуб Каримпур и Насер Бакарзаде се обесени откако беа прогласени за виновни за соработка со разузнавањето со Израел и неговата агенција Мосад. Каримпур се тврди дека му пренел ...
Дуња Нециќ (15) исчезна на 29 април откако го напушти основното училиште „Д-р Милан Петровиќ“ со Даниел, со кого, како што изјави нејзиниот татко за „Блиц“, наводно се упатила кон Белград. Таткото на Дуња, Ацo, за „Блиц“ изјави дека е загрижен и дека го бараат детето четири дена. „Боже, само да ги најдеа живи и здрави! Не знаеме што да правиме! Веќе четири дена ја бараме нашата Дуња. Во постојан контакт сме со полицијата и училишната ...
Мејнстрим западните медиуми активно го оправдуваат геноцидот на Израел во Газа, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. – „Како да се продаде геноцид“ (книга на Адам Џонсон) го разоткрива фактот дека мејнстрим западните медиуми не само што покажаа вообичаена пристрасност, туку и активно овозможија и оправдаа масовни злосторства, рече Багеи во објава на Платформа X. Тој рече дека западните ...