Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) и годинава ќе организира протест на 1 Мај, Меѓународен ден на трудот., кој ќе почне во 11 часот пред ССМ, ќе продолжи пред Собранието, потоа кај Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Ова денеска го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој повика работниците масовно да излезат на протестот на кој, како што рече, ќе ги истакнат барањата за зголемувањето на минималната плата и ...
Известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц, вчера беше толку јасен и дециден што не остави простор за толкување. Човекот даде многу прецизни изјави во кои јасно кажа дека Владата прави реформи. И тука нема никаква дилема. И Владата ќе продолжи да прави реформи – изјави денска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарско прашање како ги оценува критиките од опозицијата во однос на Вајц, но и во однос на ИПАРД-средствата за кои ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на своите помошници да се подготват за продолжена блокада на Иран, со цел да се изврши економски притисок врз Техеран да се согласи на нуклеарни отстапки, соопштија американски официјални лица, објави „Волстрит журнал“ (WSJ). Според нив, Трамп на неодамнешните состаноци, вклучително и дискусија во Контролната соба, одлучил да го зголеми притисокот врз економијата и извозот на нафта на Иран со ...
Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение. Сега, кога е на власт, истиот Мицкоски го менува ставот и ја урива оваа законска обврска на шверцерски начин, без консензус и по скратена постапка во Собранието, изјави Јована Тренчевска – ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, соопшти ОЈО. – Детето, во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористи отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот ...
Како Влада, во изминатиот период ги поставивме темелите. Сега е време тие темели да се надградат со систем што ќе гарантира резултати затоа што дојде времето Македонија да гради паметно, да инвестира стратешки и да испорачува конкретни резултати – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на седницата на Комитетот за јавни инвестиции. Со формирањето на Комитетот, посочи, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам ...
Светска банка прогнозира раст на македонската економија од 2,9 проценти за годинава, износ што е за 0,1 проценти понизок од претходната проекција, како и од 3 проценти во 2027 и 2028 година. Во денеска објавениот извештај на Групацијата Светска банка оценува дека економскиот раст на Западен Балкан се очекува да продолжи да забавувава во 2026 и 2027 година, како последица од конфликтот на Блискиот Исток, постојаната инфлација и зголемената ...
Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци. Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ...
Полициски службеници уапсија едно лице од Тетовско, откако во неговата куќа е пронајдена марихуана, соопшти Министертвото за внатрешни работи. – Полициски службеници од СВР Тетово го уапсија С.С.(26) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана – инфрмира МВР. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 проценти, а за 4.4 проценти споредено со март минатата година. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени во ...
Секоја чест за полицијата на ДПМНЕ и нивната сервилна, селективна и политички мотивирана примена на сила. Ја известуваме јавноста дека претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, е пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме, велат од Левица. – За овој “прекршок” беше мобилизирана толпа полициски службеници кои приведоа ...
Уставниот суд денеска треба да ја одржи 11. седница, на која, како што е најавено, ќе се дискутира по две иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и донесување на две конечни одлуки на Судот, меѓу кои барањето за заштита на слободата на јавното изразување на мислата согласно член 110 алинеја 3 од Уставот од новинарот Давид Илиески и одлука за Програмата за празници и одбележување на ...
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, забележува силен пораст на поддршката во трката за претседателската номинација на Демократската партија во 2028 година. Според новата анкета на Центарот за американски политички студии и Харис Пол, Харис има поддршка од 50 проценти од демократските гласачи, што ја зацврстува како прв фаворит доколку одлучи да се кандидира. Иако изборите се уште се далеку, политичките подготовки веќе се во ...
Продлабочената поделба во рамките на тврдокорниот естаблишмент на Иран околу преговорите со Соединетите Американски Држави излезе на виделина во невообичаено остар судир меѓу конзервативните фракции, провладините медиуми и пратениците кои се повикуваат на „црвените линии“ на врвното раководство. Поделбата стана невообичаено јавна оваа недела, кога неколку ултраконзервативни пратеници одбија да потпишат писмо за поддршка на преговарачкиот тим ...
Вработените во Фондот за социјално осигурување (ЕФКА) и судските службеници низ цела Грција денес штрајкуваа и ја прекинаа работата по серијата вооружени напади во Атина, во кои беа повредени неколку лица. Федерацијата на судски службеници организираше двочасовен прекин на работата од 9 до 11 часот наутро, заедно со одржување собири, посочувајќи го недостатокот на безбедносни мерки во судовите, објави ЕРТ. Наведените причини беа ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, a во западните делови од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до девет, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален ...
Воена парада по повод 81-годишнината од победата во Втората светска војна ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, а војници од повисоките воени образовни институции од сите родови и родови на руските вооружени сили ќе учествуваат како дел од пешадиската колона, објави денес руското Министерство за одбрана. Како што е најавено, конвој со воена опрема нема да учествува на парадата, а поради моменталната оперативна ситуација, ...
Белата куќа соопшти дека уште еден обид за атентат врз Доналд Трамп е поврзан со радикална реторика, додека инцидентот во Вашингтон е под истрага. Белата куќа соопшти дека уште еден радикален левичар се обидел да го убие американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот, велејќи дека тоа е трет таков напад за помалку од две години. Според нив, нападот не бил случаен. Портпаролката Керолин Ливит изјави дека манифестот на напаѓачот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски патуваше во Ријад и Баку со непознат ВИП авион, придружуван од мала група луѓе. Според извори од руските безбедносни структури во леталото можеби имало голема количина нелегални пари, објави РИА Новости. Според руската агенција, во Украина постојат сомневања дека чартер летот бил користен не само за трансфер на Зеленски и неговата придружба, туку и за транспорт на пари, или таканаречени „црни пари“, ...
ПСЖ го победи Баерн со 5-4 во спектакуларниот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Хвича Кваратскелиа и Усман Дембеле постигнаа два гола за Парижаните, додека Жоао Невес додаде еден гол. Хари Кејн, Михаел Олисе, Дајот Упамекано и Луис Дијаз постигнаа голови за Баварците. Реваншот е закажан за среда, 6 мај на „Алијанц Арената“. ПСЖ го победи Баерн со 5-4 во спектакуларниот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на ...
Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, изјави дека агенцијата постигнала „длабоко продирање во јадрото на непријателските тајни“ и дека извршила, како што рече, „револуционерни“ операции во Иран и регионот. На церемонијата во чест на исклучителните мисии од 2025 година во седиштето на Мосад, Барнеа рече дека улогата на агенцијата за време на воениот период се променила и станала значително поофанзивна, во ...
Во рациите што денес ги спроведе швајцарската и германската полиција на неколку локации во Швајцарија, 10 членови на меѓународната криминална организација „Црна секира“, вклучувајќи го и наводниот „регионален шеф“ на групата за јужна Европа, објави денес Европол. Операцијата, поддржана од Европол, беше насочена кон лидери и членови на нигериското криминално братство за кои се сомнева дека се активни низ целиот свет. Истрагата ја води ...
Терористот Андерс Беринг Брејвик, осуден за масовно убиство во Норвешка на 22 јули 2011 година, повторно го смени своето име во националниот регистар, објавија норвешките медиуми. Во 2017 година, тој го смени своето име во Фјотолф Хансен, а минатата година, според официјалните записи, го смени своето име во Фар Скалдигримр Раускјолдр аф Нортрики, објави порталот „Афтенпостен“. Брејвик беше осуден во 2012 година за терористички напади во ...
Британскиот нафтен гигант БП денес соопшти дека речиси двојно го зголемил профитот на околу 3,2 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година, благодарение на зголемувањето на цените на нафтата и гасот поради војната на Блискиот Исток. Акциите на БП пораснаа за околу два проценти во раното тргување во Лондон, достигнувајќи го највисокото ниво за повеќе од една недела, откако резултатите ги надминаа пазарните очекувања за околу 20 ...
Милитантната група Нова ИРА од Северна Ирска соопшти дека ќе ги нападне полицајците во нивните домови откако ја презеде одговорноста за автомобил-бомба што експлодираше пред полициска станица во Белфаст за време на викендот, објавија локалните медиуми. Во експлозијата нема повредени, а напаѓачите наводно киднапирале возило за достава и го принудиле возачот да го вози до станицата, објави Ројтерс. Групата соопшти дека планирала да нападне ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека неодамнешните регионални случувања ја потврдуваат „длабочината и силата на стратешкото партнерство“ меѓу Иран и Русија. Аракчи, по разговорите на високо ниво во Москва, изрази задоволство од соработката со Русија „на највисоко ниво“, истакнувајќи дека регионот се соочува со големи промени, објави порталот „Прес ТВ“. Тој нагласи дека односите меѓу Техеран и Москва продолжуваат ...
Партијата Левица објави дека претседателот на нејзиниот подмладок „Црвена младина“, Андреј Куцуловски, e приведен за време на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел, при што, според нив, причина било истакнување на знаме на Палестина. Во објава на социјалните мрежи, од партијата наведуваат дека приведувањето било извршено без образложение, без наведување на конкретен прекршок или кривично дело, како и без легитимирање на ...
Изјавата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека дел од украинската територија, во случај на иден мировен договор со Русија, би можел да престане да биде украинска, предизвика остри реакции во Киев и потсети на прашањето за цената што Украина би можела да ја плати за својата европска перспектива. Поранешната портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Јулија Мендел, на социјалната мрежа X оцени дека пораката на Мерц е ...
СВР Битола поднела кривична пријава против три лица кои земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка. – Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги уапсија Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ – соопшти Министерството за внатрешни работи. ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – силување на дете кое не наполнило 15 години и прикажување порнографски материјал на дете. Според Обвинителството, осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа ...