Киро Гоцевски од делчевското село Истевник донираше 200 литри магарешко млеко за повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Одлуката ја донел со цел да помогне во заздравувањето, бидејќи магарешкото млеко се смета за природен антибиотик поради високото ниво на ензими и неговото делотворно дејство врз бактериолошки инфекции. – Млекото бронхитисот го лечи целосно, како да го немало. Има луѓе и од Кочани што купуваа пред 2 години за детето, потоа ...

Шпанија е меѓу земјите кои папата Франциск, додека беше на таа функција, никогаш не ги посети, и покрај бројните покани упатени од администрацијата на премиерот Педро Санчез, како и од кралското семејство, пренесуваат денес шпанските медиуми. Папата Франциск никогаш јавно не ги наведе причините за непосетувањето на Шпанија, пренесе шпанската РТВЕ. Шпанската телевизија наведува дека имало многу области во кои владата на Санчез и папата Франциск ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од 31.07.2024 до ...

Арбен Фетаи, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење во изјави дека членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари засега остануваат во владиниот тим и оти работата во извршната власт продолжува нормално. -АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата. Продолжуваме со работа, секојдневно, како ништо да не е сменето. Вчера имавме владина седница на која не беше кажана ниту ...

Повеќе од две илјади новинари од светски медиуми добија акредитација за да известуваат за церемониите поврзани со поклонението и погребот на папата Франциск, пренесува АНСА. Тие се придружуваат на постојаните 500 акредитирани новинари кои редовно ги следат настаните од Ватикан. За безбедноста за време на погребот се ангажирани околу 2.000 полицајци. Во базиликата „Свети Петар“ денеска луѓето продолжуваат да му оддаваат почит на Папата. Според ...

Компанијата ЕДС – Energy Delivery Solutions,го претстави новиот главен извршен директор, Александар Сарџовски и најави нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија, наменети пред сè за малите и средни компании. Новиот директор истакна дека фокусот на компанијата е јасен – да се создадат решенија што се флексибилни и економски исплатливи за бизнис секторот. „Нашиот фокус е јасен: иновативност, стабилност и засилена ориентација кон ...

Сегашната ситуација во културата говори за целосно погазување на Колективниот договор и погазивање на правата на културните работници, велат во соопштение од СДСМ. „И во интервју на министерот Љутков го слушнавме како кажа без срам за колективниот договор за Култура дека е незаконски а тоа е напад на достоинството и правата на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем туку потреба за работниците и претставува ...

Онлајн измамите продолжуваат да се зголемуваат. Сè повеќе се јавуваат случаи на обиди за измама преку лажни линкови кои се праќаат преку пораки и меилови, а кои водат до лажни страници кои се користат за крадење на лични податоци или финанасиски средства. До редакцијата на 4news пристигна меил, кој бил испратен од измамниците, а се претставува како порака од Комерцијална банка. Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат претпазливи и ...

На 22.04.2025 во 20.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од с.Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Зрновци со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани. На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. А.А. бил задржан во полициска ...

Слободан Трендафилов, претседател на ССМ најави дека работниците на 1. мај излегуваат на протест и ќе бараат зголемување на платите и на минималната плата. „Платите во Македонија се мизерни, одбиваат од владата да ја зголемат платата, а тука се и недостоинствените услови за работа, и тоа се главните мотиви оваа година на 1. мај да протестираме, а не да маршираме. Затоа сметаме дека оние работници кои сметаат дека се понижени и дека имаат ниски ...

Адвокатот на обвинитиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски денеска во Основниот кривичен суд во Скопје истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството. -Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали, изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие ...

На 22.04.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на ...

Законодавци и регулаторни тела повикуваат компании кои стојат зад социјалните мрежи да направат повеќе за да го заштитат менталното здравје на најмладите корисници, а чини се дека се менува и перцепцијата на тинејџерите кога станува збор за платформите од овој тип. Сè поголем број тинејџери тврдат дека социјалните мрежи се штетни и дека им одземаат премногу време. Во извештајот базиран на истражување во кое учествувале 1.931 тинејџер и родител ...

Камерленго или коморник функционира како „привремен“ поглавар и одговорен е за управување со црквата до изборот на нов папа, но со значително намалени овластувања. Обврската за секојдневно управување со Светата Столица по смртта на папа Франциск ја презел ирскиот кардинал Кевин Фарел (77), префект на Дикатеријата за лаиците, семејството и животот, кој беше именуван за камерленго во 2019 година. По смртта на папата, сите највисоки официјални лица ...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри, на 26 километри јужно од општината Силиври во провинцијата Истанбул. Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време. Според очевидци, земјотресот бил силно почувствуван во Истанбул. Земјотресот е почувствуван и ...

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на ...

Љупчо Палевски, првообвинет во случајот, ја негира автентичноста на снимката направена во домот на Велибор Манев, за која обвинителството смета дека е снимена непосредно пред киднапирањето на Жежовски. Тој тврди дека видеото е лажно, монтирано и составено од повеќе различни записи кои, според него, не докажуваат ништо. -На нив нема WD 40, нема цирада, нема телефон Хонор. Обвинителството сака оваа снимка да стане доказ само врз основа на исказ на ...

Денеска премиерот Христијан Мицкоски на дебатата за реформска агенда во Владата, рече дека држава во која граѓаните треба да платат за некоја услуга не може да напредува. Исто така рече дека обвинителството и судовите се под политичко влијание. „Имаме ситуации во која граѓанинот се чувствува безпомошен, и треба да плати за да добие лекарска, правна или било каква услога. Таква држава не може да напредува. Судовите и обвинителството се под ...

Шумски пожар во Њу Џерси, САД, зафатил површина од 3.200 акри и довел до евакуација на неколку илјади жители, соопшти локалната Служба за шумски пожари. Во објава на службата на „X“ е наведено дека пожарот ги зафатил општините Оушен и Лејси, додека АП јавува дека до вторник вечерта само 10% од пожарот бил ставен под контрола, повикувајќи се на противпожарната служба на Њу Џерси. The Jones Fire burning in Ocean county, New Jersey has grown to ...

Пред да биде изложено во базиликата „Свети Петар“, каде што верниците ќе можат да му оддадат почит, телото на папата Франциск било привремено балсамирано за да ги издржи високите температури во Рим, соопштија експерти. „Телото на Францис беше подложено на процес на привремено балсамирање познат како танатопраксија“, рече Андреа Фантоци, основач на италијанскиот Национален институт за танатопраксија (ИНИТ). Тој појасни дека тоа вклучува ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел околу зградата ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев“ во Охрид, За време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 ...

Од резиденцијата „Света Марта“, телото на починатиот папа Франциск е пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Базиликата ќе остане отворена до полноќ во деновите на поклонението, на кое се претпоставува дека ќе дојдат десетици илјади луѓе. Погребот на папата ќе се одржи во сабота во 10 часот по локално време, а се очекува да присуствуваат голем број светски лидери. Досега само кардиналите, членовите на Курија и слугите на Ватикан имаа ...

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од Дубаи коишто патникот не ги пријавил. Во друг случај на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на ...

Не случајно народот вели “Парите дупчат каде ниту бургијата не може!”. Со недели слушаме како ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери. Сепак, вистината е многу сурова. Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија, велат од ВЛЕН во соопштение. „За него не е ...

Од Домот Света Марта во средата наутро тргнала процесија со телото на папата Франциск, кое ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар за верниците да имаат можност да се простат од покојниот поглавар на Католичката црква. Се очекува десетици илјади луѓе да му оддадат последна почит во базиликата Свети Петар пред погребот, на кој се предвидува присуство на светски лидери. Досега од покојниот Папа можеа да се простат само кардиналите, членовите ...

Руски дрон погодил автобус кој превезувал вработени од една компанија во градот Марганец, во Дњепропетровската област во Украина, при што загинале девет лица, а 30 се повредени, соопштија локалните власти. Веста ја објави шефот на регионалната воена администрација на Дњепропетровската област, Сергеј Лисак, преку Телеграм, наведувајќи дека „агресорот го нападнал Марганец со камиказа дрон“, пренесе Укринформ. Според првичните информации, седум ...

Најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава достигнува 43.053 денари. Во споредба со февруари претходната година, месечната нето-плата по вработен бележи пораст од 9,6 проценти. Од ДЗС објаснуваат дека ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во неколку клучни сектори. Тоа се: ...

ОВЕН Луѓето со кои доаѓате во контакт се однесуваат непредвидливо. Со повеќе труд, можете да постигнете задоволителна комуникација и да се договорите. Способни сте да остварите посилен контакт со личноста за која сте заинтересирани. БИК Нервозни сте бидејќи во деловниот сегмент се се одвива со побрзо темпо од очекуваното, па тешко ви е да го пронајдете патот во лавината на настани. Не се согласувате со саканата личност, ситници ви ја расипуваат ...

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите. Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но, овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
7.72
40%
1021
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
59%
1024
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1024
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
55%
1022
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.92
55%
1020
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.02
49%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
34%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
84%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.54
49%
1024
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
78%
1016
Currency

61.53

Currency

53.8663

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15222.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.51

Сребро

1174.68

Злато

106845.06

Бакар

9.80

Паладиум

34626.35

Платина

38771.98

Родиум

188081.87

Цинк

2.63