Заканите на Иран дека по нападите од САД ќе го затвори Ормускиот теснец низ кои дневно поминуваат 30 отсто од светската сирова нафта која се тргува по море и 20 отсто од течниот гас кој 80 насто е наменет за Азија, а 20 за Европа, може да влијае на инфлацијата и да ја влоши економијата во Македонија. За економистите, ако кризата околу теснецот биде краткорочна, тогаш ефектите би биле помали. „И сето тоа може да предизвика висок ризик или ...

На едногодишнината од Владата, претседателот на Алијансата за Албанците (ААШ), Арбен Таравари, кој ја напушти пред два месеци, вели дека ВЛЕН, од прекрасен проект, се претвори во неуспех. Триото што моментално ја сочинува извршната власт, Таравари го опишува како разочарување. „Денес, на едногодишнината од владата од страна на тројката ВМРО-ЗНАМ-ВЛЕН, немам друг избор освен со разочарување да заклучам дека ВЛЕН, од прекрасен проект, брзо се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред Владата се обрати по повод 1 година од формирањето на Владата. Тој рече дека заедно сите може да се испише историја, после, како што кажа, седум години понижување. „Гледавме како години наназад секој од нас губи надеж, но јас ви ветувам – тоа време е минато и само заедно можеме напред. Затоа што, сам човек може да направи разлика, но заедно, убеден сум, можеме да направиме историја. Заедно ги градиме ...

За една година од владеењето на ВРЕДИ со ВМРО-ДПМНЕ, легитимитетот на Албанците е изгубен, додека застапеноста е сè помала, критикува опозицискиот Европски фронт. Шефот на пратеничката група, Блерим Беџети, рече дека албанската дијаспора е замолчена откако владата одлучила да го брои само резидентното население во политичкиот живот. Исто така, имаше обвинување за брутално деградирање на албанскиот јазик, при што 78 институции одбиваат да го ...

Оградите се кренати, подготвени се супер строги безбедносни мерки пред состанокот на лидерите на НАТО тука во Хаг. Холандскиот град е речиси задушен од полициската операција наречена „Портокалов штит“. Броени се часовите кога се затвора воздушниот сообраќај. Паркинг местата се блокирани, а на работниците им е кажано да останат дома, а јавниот превоз се пенасочува. Градот кој е симбол на мирот и правдата поради меѓународните судови што ги има, ...

Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати,“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на завршната сесија на Годишниот состанок на Управниот одбор на CEF Форумот , кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа. Таа истакна дека јавните институции мора да бидат ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина ние, дури ни јас лично, да го критикуваме она што Израел го започна пред една недела, ниту пак има причина да го критикуваме она што САД го направија минатиот викенд“, рече Мерц на настан организиран од германската индустриска лоби група БДИ, објави Ројтерс. Како што истакна тој, тоа не било без ризик, но оставањето на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно бил цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран од Советскиот Сојуз, објави шефот на украинската безбедносна и разузнавачка служба. Генерал-потполковник Васил Маљук, директор на Безбедносната служба на Украина (СБУ), на затворен брифинг за домашните медиуми, детално го објасни планот што заеднички го осуетија украинската СБУ и ...

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во Катар, и уште една ракета во Ирак, како одговор на напдите на Вашингтон на нуклеарните локации на оваа земја, јавуваат државните медиуми. Катар е дом на најголемата американска воена база на Блискиот Исток. Ал-Удаид е седиште на американскиот Централен команд за сите воздушни операции, каде што ротациски ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, а апелираше и до Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. „Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Јас ве гледам! Не сфаќате дека она што го правите му користи на непријателот. Не го правете тоа“, напиша Трамп на мрежата Truth Social, со големи букви. Во ...

Денеска се одржа седница на Комисијата за политика демографија и млади која што беше свикана од страна на претседателот на собранието, Африм Гаши врз основа членот 126 кој е решение беше задолжена пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ таа да ја води оваа седница. Меѓу другите точки на дневен ред се најде и точката на предлог-законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на нивните семејства како и на ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска преку објава на својот профил на Фејсбук го посочи Бујар Аземи како сопственик на, како што вели, „небезбедна и незаконски изградена зграда“ во општина Чаир, која вчера беше во фокусот на јавноста. „Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот на небезбедната зграда изградена без документација, без одобрение за градење, без проект, без платени комуналии, на 12 спрата и со досега пребројани 61 ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан поведена е постапка и против еден малолетник согласно Законот за правда за децата. Таткото на возраст од 41 година, заедно со синовите од кои едниот на возраст од 18 години, а другиот 15-годишно дете, дошле ...

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија упати јавен апел за почитување на мерките за заштита од високи температури, по најавата на УХМР за пораст на температурите од 24 до 27 јуни 2025 година. Според прогнозите, се очекува многу топло време кое може да влијае на здравјето на општата популација, особено на ранливите категории граѓани. Препораки за работодавачите: Ранливи категории се сметаат лицата кои работат на отворено или ...

Координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, денеска на прес-конференција во Собранието порача дека нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори наесен, откако претходно пратеникот на Европскиот фронт, Блерим Беџети, упати повик до владејачките Влен и ВМРО-ДПМНЕ да се оди на предвремени избори, обвинувајќи ги за деградација на албанскиот јазик и игнорирање на Законот за употреба на албанскиот јазик. – ...

Денеска во ФЗОМ, директорот Сашо Клековски се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Инаку во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези. Тие разговараа за потребите на повредените и ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина. „Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,00 % во однос на одлуката од 20.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 6,182%, кај дизелот за ...

На денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави дека коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии. Уште еднаш ги повика ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи за деградирање на албанскиот јазик и игнорирање на законот за употреба на албанскиот јазик. Во одговор на новинарско прашање поврзано за приклучување на Арбен Таравари и евентуално проширување ...

Вистинска драма се одвиваше вчера на плажата во Неа Пори, едно од омилените летувалишта за македонски и српски туристи, откако неколку темни перки се појавија во плитките води, недалеку од пловките, предизвикувајќи паника меѓу капачите. На прв поглед, сцената наликуваше на сцена од трилер – перките тивко се пробиваа низ морската површина и се приближуваа кон брегот. Дел од капачите, мислејќи дека станува збор за ајкули, започнаа брзо да ...

Американската воена база во Сирија беше цел на минофрлачки напад, објави иранската новинска агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори. Агенцијата наведува дека информирани извори изјавиле дека нападот бил извршен врз американската база лоцирана во западниот дел од сириската покраина Хасака. По нападот, според истите извори, на главниот влез во базата биле воведени зголемени безбедносни мерки. Според изворите на арапската новинска агенција ...

Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука за зголемување на трошоците за одбрана и безбедност на земјите-членки на Алијансата од сегашните два проценти на пет проценти од БДП. Зголемувањето би вклучувало зголемување од 3,5 проценти за одбраната и дополнителни 1,5 проценти за одржување на инфраструктурата поврзана со одбраната, како што се подобрувања на патиштата, мостовите, ...

Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче остро реагираше и ја осуди неодговорната и корумпирана власт која ја задолжи Македонија со над 7 милијарди евра, без отчет и без развој. „Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво“, рече Филипче. Тој нагласи дека младите немаат ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, велат од УХМР. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен ...

Кочанчанецот Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во објава на својот фејсбук профил сподели емотивен статус за неговата внука Моника која загина во пожарот во дискотеката Пулс. „За мојата внука Моника… Внуката што со срце и душа се запиша на факултет за БЕЗБЕДНОСТ, внуката што сонуваше за правда и чесна работа. Јас и реков: Моника, таму нема место за чесни(верувај ми на прсти се бројат чесните – а нечесните се трудат да ги убијат ...

Нашата држава, ВЛЕН ги поддржува напорите на стратешките партнерите за заштита на регионалната и глобалната безбедност, велат од ВЛЕН во соопштение. „Како сериозен политички субјект дел од владата, сме против ширење и употреба на нуклеарното оружје и нуклеарните закани и во таа насока даваат поддршка на силната и одлучна активност и дипломатија на нашите партнери во насока на постигнување на целта. Северна Македонија е посветен партнер на САД, ...

Иранската војска ги предупреди Соединетите Американски Држави за сериозни последици доколку се приклучат на војната на страната на Израел, по најновите американски воени акции кои, според Техеран, го проширија списокот на легитимни цели за иранските вооружени сили. Во видео порака објавена денес, портпаролот на Генералштабот на „Хатам ал-Анбија“, Ебрахим Золфакари, рече дека Вашингтон ќе мора да ја плати цената за своите потези, објави Ројтерс. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако сегашниот режим во Иран не е во можност „да го направи Иран повторно голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во таа земја. „Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режим“, но ако сегашниот ирански режим не е во можност да го направи Иран повторно голем, зошто да не се промени режимот? MIGA!“, напиша Трамп на својот профил на мрежата Truth Social, ...

Драматични воздушни снимки од остров во Грција, пожарот е надвор од контрола. Евакуација на населението во тек. Пожарникарите сè уште се борат со пламените јазици за да ги стават под контрола пожарите што избувнаа вчера околу пладне на островот Хиос. Нешто пред 9 часот утрово, преку системот 112 беше испратена предупредувачка порака за областа Дафнон, додека нешто порано, околу 6 часот, беше наредена евакуација на населението од зоната за одмор ...

Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година посветена работа во интерес на државата и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Година на големи предизвици со наследена економија фрлена на колена, држава на раб на банкрот, уништени институции. Не беше лесно, но со посветена и макотрпна работа, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи кога приоритет ти се државата и граѓаните. Прво што се направи, се запре слободниот пад на економија и со добро ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
57%
1021
weather icon

Белград

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1022
weather icon

Софија

23ᴼ / 21ᴼ
0.51
60%
1022
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.97
41%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
84%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.2
51%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
57%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.57
45%
1021
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
9.77
65%
1016
Currency

61.495

Currency

52.889

Currency

70.9109

Currency

34.3778

Currency

38.4598

Currency

65.4801

Currency

7.36206

Currency

0.66772

Currency

0.35887

Currency

0.52538

Currency

1.30185

Currency

0.60472

Алуминиум

2.63

Иридиум

153762.85

Кобалт

42.99

Никел

14979.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.81

Сребро

1227.45

Злато

109210.67

Бакар

8.89

Паладиум

37005.51

Платина

43522.06

Родиум

225858.99

Цинк

2.81