
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Голема трагедија се случи денес во Ханиоти, популарно одморалиште на Халкидики, кога шеснаесетгодишно момче од Бугарија го загуби животот откако доживеа епилептичен напад во морето. Според очевидци, во еден момент младото момче почнало да плови по водата, без никој од присутните веднаш да сфати што се случува. Дури кога еден човек го забележал и го извлекол од морето, станало јасно дека станува збор за сериозна ситуација. Неколку луѓе кои се ...
Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година, за уште една година, почнувајќи од 26 јуни. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша извршната наредба за продолжување на вонредната состојба на 20 мај. Во документот објавен во американскиот Федерален регистар се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на трибина во Прилеп најави две нови мерки за поддршка на самовработување и отворање на нови работни места. За младите до 29 години ќе се доделуваат по 10.000 евра неповратна поддршка за сопствен бизнис. За здружување на две лица висината ќе биде од 14.000 до 20.000 евра, во зависност од возраста. Со втората мерка – „Вработување и раст“, се предвидува поддршка до 250.000 денари по лице ...
На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ се обрати членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, кој дискутираше за националниот портал uslugi.gov.mk кој доби нов лик со доаѓањето на новата Власт, за достапноста на услугите и нивната користеност од страна на граѓаните. На самиот почеток Андоновски истакна дека економијата и дигитализацијата се поврзани со тоа што дигитализацијата и служи на државата на три начини, ...
Пред неполни два часа дежурната екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кичево добила повик за пожар што избувнал во атарот на село Туин, кичевско. Екипата веднаш се упатила на местото на настанот и во моментов активно дејствува за гаснење на огнот. Од ТППЕ Кичево апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движењето во шумските предели во овој период од годината, за да се спречат пожари. За порталот „Порта“ од ТППЕ информираат ...
Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на Самитот на НАТО во Хаг направи забуна, мешајќи го американскиот потпретседател Џеј Ди Венс со сенаторот Марко Рубио. Дополнително, во изјава го нарече „Диџеј Венс“. Иако таа рече дека заедно со поранешниот претседател Доналд Трамп била и „потпретседателот Диџеј Венс“, всушност, потпретседателот не присуствуваше на самитот. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, пак, ...
Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис. Канабисот ...
Со оценка 2 – едвај доволно, екосистемот за поддршка на социјалното претприемништво во Северна Македонија добива јасен сигнал: потребна е силна промена! Овој резултат укажува на општестевени недостатоци и ја потенцира неопходноста од засилена поддршка, координирана политика и активно вклучување на сите чинители од општеството. На тркалезната маса ‘Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена’, организирана од Младински Сојуз – ...
Бугарскиот претседател Румен Радев испрати писмо до лидерите на Европската унија, реагирајќи на извештајот за напредокот на Северна Македонија, усвоен на седница на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент. Радев порача дека правата на Бугарите во Северна Македонија не смеат да бидат предмет на политичко договарање и остро се спротивстави на можноста за промена на веќе постигнатиот европски компромис. Во писмото тој изрази ...
Според податоците објавени на веб-страницата на Електродистрибуција, без струја се најдоа повеќе објекти во центарот на Скопје, меѓу кои зградата на Македонската телевизија, судовите, Министерството за европски прашања, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Секретаријатот за европски прашања и други околни објекти, вклучително и седиштето на МИА. Засега не се соопштени конкретни информации за причините за дефектот и кога ќе ...
Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува најмалку 5% од својот национален бруто-домашен производ (БДП) за одбрана, безбедност и отпорност. Во Хашката декларација се наведува дека оваа одлука е донесена како одговор на сериозните безбедносни закани, особено долгорочната закана од Русија и постојаната закана од тероризмот. – За да ги исполнат индивидуалните и колективните ...
Советот за казнени дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе одлука Основниот кривичен суд Скопје да биде стварно и месно надлежен за водење на судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. – Советот за казнени дела при Врховниот суд, денес на 25 јуни 2025 година, донесе решение со кое за надлежен суд за постапување по предметот поврзан со пожарот во „Пулс“ се определува Основниот кривичен суд ...
Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност. Силен резултат во комплексно опкружување Во своето обраќање, господинот Сиамисис ја ...
Енергетиката претставува стратешки адут во меѓународните преговори и заштитата на државниот суверенитет – без разлика дали станува збор за снабдување со гас, нафта или други ресурси, истакна енергетскиот експерт Николовски за „Локално“. Геополитичките тензии меѓу Израел и Иран се одразија и врз македонската економија, пред сè преку поскапувањето на нафтата и нафтените деривати. Стопанството бара долгорочна стратегија, бидејќи земјата е увозно ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на НАТО самитот во Хаг, оствари средби со претседателот на Чешка, Петр Павел, премиерот на Република Естонија, Кристен Михал и со премиерот на Кралството Белгија, Барт де Вевер. На средбите соговорниците изразија задоволство од одличната билатерална соработка и партнерство во различни области и поддршка за евроинтегративниот пат на државава. Заблагодарувајќи му се на претседателот Петр ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави: „Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што ...
Полициските службеници кои се опфатени со истрагата за трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани се привремено отстранети од работа, односно нивниот работен однос е ставен во мирување. Ова денеска го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. – Јавното обвинителство е надлежно да постапува по ова прашање. Истрагата што ...
Основното јавно обвинителство најави дека ќе поднесе жалба на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Тој беше обвинет дека им помогнал на сторителите со давање информации за движењето на неговата ќерка, што довело до нејзиното грабнување. Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска изјави дека, иако немале доволно цврсти докази, останува фактот дека само родителот знаел дека Вања ќе оди сама на ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја објави временската прогноза за наредните денови, со предупредување за екстремно високи температури. Според прогнозата, утре во неколку градови термометрите ќе покажат над 40 степени. Максималната температура ќе достигне 41 степен во Скопје, Гевгелија и Велес, додека во Демир Капија се очекуваат 40 степени. „Утре и во петок не очекува многу топло време. Температурите насекаде ќе бидат над 30 степени, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година, тврдејќи дека во двата случаи таквите напади успешно го завршиле војната, пренесува CNN. „Не сакам да го користам примерот со Хирошима. Не сакам да го користам примерот со Нагасаки, но тоа во суштина беше истата работа што ја заврши онаа војна“, изјави Трамп за време на самитот ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што ќе донесе британскиот договор за македонското здравство и каков вид на инвестиции, изјави: „Па тоа што го разговаравме во првата фаза, е инвестиција којашто ќе биде поголема од 200 милиони евра. Но, за тоа колку точно ќе биде, ќе треба процесот да отпочне, исто онака како што отпочна за пругата. ...
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во рамки на првиот ден од самитот, министерот Муцунски присуствуваше на работната вечера на земјите членки на НАТО, во формат Совет НАТО–Украина, на која учествуваа и украинскиот ...
На 25.06.2025 во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.К.(47) од село Долни Дисан, неготинско. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта. Н.К. е задржан во полициска станица, известен е ...
Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи на 28 јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток од 18:30 часот. Настанот има за цел да поттикне активности кои ќе го подигнат нивното на метална и физичка добросостојба кај ...
На ново рочиште денеска во Основниот кривичен суд Скопје, треба да биде објавена пресудата за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Обвинети за двојното монструозно убиство се Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека таткото Александар Ѓорчевски како соучесник. Во обвинението стои дека сите заендо испланирале грабнување на 14-годишната Вања, со цел да изнудат пари за откуп. ...
Слаб земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтер е регистриран утрово во 3:59 часот во регионот на Охрид. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е забележан преку телеметриската мрежа на сеизмолошки станици ширум државата. Епицентарот се наоѓал во подрачјето Пештани–Охрид–Струга, на околу 115 километри југозападно од Скопје. Според првичните податоци, потресот е почувствуван ...
Верица Трифунова, мајката на трагично загинатата Моника Спасова во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по повод 100 дена од трагедијата. Во својот емотивен статус, Трифунова сподели болка, сеќавање и повик за правда, потсетувајќи дека поминале точно 100 дена од кобната вечер кога нејзината ќерка го загуби животот. „Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади. „Израел. Не фрлајте ги тие бомби. Доколку го направите тоа, ќе биде сериозно кршење. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!“, напиша Трамп на платформата Икс. Соопштението доаѓа во услови на зголемени тензии и откако Израел го обвини Иран за кршење на прекинот на огнот, најавувајќи силен воен одговор. Досега нема ...
Во периодот од 21 до 24 јуни 2025 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро. Притоа, на околу 1500 метри над „Еврохотел“, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од 100 ...
На денешната панел дискусија, во Владата на Република Македонија, свое обраќање имаше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој даде осврт на работата на новоформираното Министерство за дигитална трансформација и проектите кои беа реализирани изминатиов период. „Прво што се зафативме да работиме е реформската агенда и да покажеме на дело, дека можеме да ја испорачаме домашната задача. Со донесувањето на четирите закони кои ...