На 03.02.2026 во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б ...

Според наводите на американските власти, иранско беспилотно летало од типот „Шахед-139“ се движело кон носачот на авиони со „нејасна намера“, поради што американски борбен авион Ф-35Ц реагирал и го соборил леталото во самоодбрана. Американската денеска собори иранска беспилотна летачка направа која се приближувала до носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од Централната команда на ...

Албанската полиција приведе македонски државјанин на граничниот премин „Блато“ по обид за избегнување на контрола, при што полицајците беа изложени на ризик. Според информациите од полицијата, вчера околу 17:20 часот, 42-годишниот Г.К., жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за детална проверка. Тој одбил да соработува и се обидел да ...

Попладнево се одржаа два протести во различни делови на земјава, предизвикувајќи нарушувања на јавниот ред и сообраќајот. Во кочанската населба Трајаново Трло, граѓани изразија револт поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола. На улицата „Цветан Димов“ беа запалени гуми, но по кратка и тензична интервенција, пожарникарите и полицијата го изгаснаа огнот и го прекинаа собирот. Надлежните институции најавија дека ќе ...

Француските правосудни органи подигнаа обвиненија против десет мажи за сомнение за силување на петгодишно момче, што предизвика голема јавна загриженост и згрозување. Според Обвинителството во Лил, меѓу осомничените е и таткото на детето, кој е обвинет за инцест и заучество во силување. Осомничените се на возраст од 29 до 50 години, а делата, според истражните органи, се случувале од ноември 2024 до февруари 2025 година. Истрагата започнала ...

Министерството за економија се подготвува за нов состанок со угостителите и здравствените работници околу предлог-законот против пушење во јавни простории, откако угостителите побараа пролонгирање на неговата примена. Тие предлагаат прво да се спроведе информативна кампања за граѓаните, а дури потоа законот да стапи на сила. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека сите опции ќе бидат разгледани на состанокот што ќе се одржи ...

Сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен е целосно во прекин поради протест на група граѓани. Околу 300 лица денеска во 16:30 часот го блокираа патот А-3 Ресен–Битола, кај локацијата позната како Ромска населба. Протестот се одвива со поставување и палење гуми на коловозот, со што е оневозможено движењето на возилата во двата правца. Поради запалениот оган на патот, сообраќајот е целосно запрен, а возачите се принудени да користат ...

Исплатата на средствата преку апликацијата МојДДВ за скенираните фискални сметки од четвртото тримесечје на 2025 година е во тек, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Според информациите од УЈП, за последниот квартал од 2025 година вкупно 924,5 милиони денари ќе бидат исплатени на 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До овој момент се реализирани 184,5 милиони денари, исплатени на сметките на 104.000 корисници. Исплатата ќе продолжи ...

И покрај тоа што истрагата за злоупотреба на ИПАРД-средствата е завршена и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе поднесе обвинение, европските пари наменети за земјоделците сè уште се замрзнати. Инвестициите што беа планирани преку оваа програма остануваат неизвесни, бидејќи земјоделците претходно мораа самостојно да обезбедат половина од средствата за да можат да ги добијат преостанатите 50 отсто од ИПАРД. ...

Група граѓани денеска попладне го блокираа сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен, предизвикувајќи прекин на движењето на возилата во двата правци. Околу 300 лица во 16:30 часот го затворија патот А-3 кај местото познато како Ромска населба. Протестот се одвива со поставување и палење гуми на коловозот, што ја оневозможува нормалната сообраќајна комуникација. Причината за протестот според досегашните информации е тоа што полицијата им ...

Универзитетската клиника за пулмологија по шести пат по ред го реализираше процесот на избор на најистакнатите вработени за 2025 година – активност која веќе прерасна во традиција и има за цел да го вреднува професионалниот и човечкиот придонес на својот персонал. Вреднувањето беше спроведено во седум категории, меѓу кои: најдобар лекар, најистакнат медицински техничар/медицинска сестра, санитетар, хигиеничар/хигиеничарка, административен ...

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) започна постапки за проверка на судир на интереси и прикривање имот против членката Цвета Ристовска. Истрагата се фокусира на два главни случаи: Ристовска ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека нејзините деца не живеат во заедничко домаќинство со неа уште од 2017 година и дека нивните деловни активности се независни од нејзината функција. Таа нагласува дека секогаш бара изземање од одлучување ...

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ, потенцираме Министерството за здравство нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност. Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал кој во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно нормативно регулирање, како ...

Металуршкиот инженер и аналитичар Виктор Грозданов оценува дека „многумина „лажњаци“ работат рудното богатство да го дадат на туѓи сили кои Македонија ниту ја сакаат во НАТО ниту пак ја сакаат во Европската Унија“. Во последната колумна насловена „Немаме литиум – имаме злато, бакар и „лажњаци“, тој додаде дека овие лица постојано велат дека ќе сме биле заложници на колонијалистички сили и континуирано сеат страв меѓу населението. Според него, ...

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека комисија веќе врши контрола врз шест или седум предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов, против кого е поведена кривична пријава за перење пари и прикривање имот. Проверката е иницирана по анонимна претставка поднесена од група вработени во Апелацискиот суд Скопје, а извештајот од комисијата се очекува да биде готов во текот на оваа недела. Камбовски ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, потврди дека Владата останува на ставот да го поддржи секој заеднички договор меѓу синдикатите и работодавачите за зголемување на минималната плата. Тој нагласи дека растот на платите во јавниот и приватниот сектор мора да биде постепен и економски стабилен. За четврток е најавен состанок со синдикатите на УПОЗ, по што ќе следи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Владата ќе дејствува ...

ЕВН Електродистрибуција соопшти дека со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница. Oттаму информираат дека тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје. ...

Истрагата за смртта на тројцата мажи чии тела беа пронајдени кај опожарената колиба „Петрохан“ отвори сериозни сомнежи за постоење на педофилска мрежа. Телата на жртвите, на возраст од 45, 50 и 51 година, беа откриени по сигнал на мајката на еден од починатите, која претходно примила вознемирувачки повик од својот син со зборовите: „Не можам повеќе да издржам“. Според изјавата на градоначалникот на селото Гинци, Георги Тодоров, тројцата мажи ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската Комисија како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. Исто така на состанокот беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и ...

Најголемиот бран патувања во светот започна во Кина во пресрет на Лунарната Нова Година. Ќе започне на 17 февруари и ќе биде под знакот на Коњот. Властите очекуваат рекорден сообраќај – околу 540 милиони луѓе ќе патуваат со воз, а 95 милиони со авион, објави кинеската новинска агенција Синхуа. Празниците траат девет дена, но традиционалниот 40-дневен период на патување поврзан со нив веќе започна и ќе продолжи до 13 март. Се очекува вкупниот ...

Инцидент се случил во болницата Рангеј во Тулуз во ноќта од сабота кон недела. Маж отишол во итната помош со граната од Првата светска војна во ректумот. Интервенирала и екипата за деактивирање бомби, објавува „Ле популар ди сентр“. Според весникот, мажот побарал медицинска помош во саботата поради болка во задникот, без веднаш да ја наведе причината за неговите тегоби. Медицинскиот персонал го сфатил случајот сериозно. За време на прегледот ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за работењето на Министерството за одбрана во 2024 година, нотирајќи сериозни пропусти во финансиското известување и усогласеноста со законите. Ревизијата откри дека дури 10 од вкупно 13 препораки дадени во 2022 година воопшто не биле спроведени. Главни финансиски и административни слабости Извештајот детектира хаос во сметководствената евиденција, особено кај потрошувачката на ...

Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се ...

Бомба била фрлена ноќеска врз куќата на познатиот пејач Здравко Чолиќ во Белград. Според информациите, тој, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени односно предизвикана е само материјална штета. Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат. Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде ...

Изградбата на двата недовршени објекти кај Ректоратот на УКИМ, кои се стопирани повеќе од една деценија, ќе продолжи откако ќе биде избран нов проектант и изведувач. Министерството за образование и наука соопшти дека веќе завршил рокот за аплицирање на тендерот за репроектирање, изработен според анализа на стручен тим од неколку факултети на УКИМ и ИЗИИС. Главната промена во новиот план е што двата објекта ќе му бидат доделени само на ФИНКИ, ...

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...

Француските власти денеска ги претресоа канцелариите на платформата за социјални медиуми на Елон Маск X, како дел од кривична истрага за нејзиниот четбот Grok AI, соопшти Јавното обвинителство на Париз во објава на X. Франција минатиот месец отвори истрага по ширењето на сексуално експлицитни длабоки фејкови генерирани од Grok на X, по претходната истрага за антисемитските испади на четботот во текот на летото. Сопственикот Елон Маск и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа појасни дека системот „Safe City“ во моментов не ги санкционира прекршоците за погрешно паркирање и запирање, бидејќи таа функција сè уште не е ставена во функција. Тој истакна дека ниту во тест фазата, ниту сега, овој тип на прекршоци не се констатираат, нагласувајќи: „Оценивме дека потребно е да имаме нивелирање од аспект на поставување на сообраќајни ...

Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство ...

Македонија е вклучена во документите на Епстин поради линкот што го отворил Џефри Епстин за донирање во научни истражувања во државата. Станува збор за грант за истражувачка дејност од 1996 година меѓу Универзитетот Колумбија и македонските медицински експерти, вклучувајќи ги институтите за судска медицина, патологија и Психијатриската клиника. Вака професорот Горазд Росоклија, кој долго време работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк, ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
77%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.6
90%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
74%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86