Еди Рама повторно клекна пред италијанската премиерка. Поради неговиот гест кон италијанската премиерка Џорџија Мелони, Еди Рама го привлече вниманието на многумина. За време на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржа во Рим во четврток, албанскиот премиер клекна и ги спои рацете додека се приближуваше до италијанската премиерка Џорџија Мелони, потоа се ракуваше со неа и ја бакна, по што позираа за фотографите. 🇦🇱🇮🇹 Albanian Prime ...

Американските потрошувачи можат да очекуваат нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи, како што е кафето, доколку администрацијата на Трамп се држи до планот за воведување царини од 50 проценти за целиот увоз од Бразил, изјавија денес експерти од оваа област. Тие забележаа дека предложените царини за увоз ќе ја спречат испораката на бразилско кафе во Соединетите Американски Држави, нивниот најголем клиент, бидејќи ниту ...

Бомба е откриена во домот на познатиот грчки новинар и издавач Јанис Претендерис. Пријава е добиена во 16 часот до грчката полиција, кога било пронајдено експлозивното средство во куќата. Според информации од медиумите во Грција, експлозивното средство било завиткано во најлон и пронајдено во дворот пред куќата на новинарот од неговата обезбедување. Механизмот е деактивиран и изземен од криминалистите за трагање на ДНК и отпечатоци од прсти. ...

На 10.07.2025 година, до 21.00 часот, има вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 27 пожари. АКТИВНИ (7): Општина Чучер Сандево: помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума (шумски пожар) Општина Прилеп: с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид (приземен во мешана шума) Општина Македонски Брод 1: помеѓу с.Црешнево и с.Локвица (деградирана дабова шума и грмушки) Општина Македонски Брод 2: с.Крапа ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска спроведе тест на функцијата за масовно испраќање СМС пораки, со цел да се проверат можностите за ваков вид комуникација. Станува збор за пробна порака со која се испитуваат техничките капацитети и процедурите за испраќање на вакви известувања до граѓаните. Во иднина, ваквиот систем треба да биде дел од поширокиот концепт на т.н. „cell broadcasting“ – масовно испраќање пораки до сите корисници на ...

Беспилотен летачки објект направен од иверица и пена влезе во литванскиот воздушен простор од Белорусија и се урна на околу еден километар од границата, информираа денес литванските власти. По првичната проценка, дронот не претставува никаква опасност. Поради инцидентот, премиерот на Литванија, Гинтаутас Палукас, и претседателот на парламентот, Саулијус Скверналис, биле накратко евакуирани во засолништа, соопштија нивните портпароли. Авиони на ...

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а изгаснати се 16 пожари. АКТИВНИ (9): Општина Чучер Сандево: помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума (шумски пожар) Општина Прилеп: с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид (приземен во мешана шума) Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево и с.Локвица (деградирана дабова шума и грмушки) Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума) ...

Попладнево околу 15 часот, повеќетонска цистерна натоварена со гориво за малку ќе завршела во реката Брегалница, откако се искачила на тротоарот од стариот Камен мост во Штип и пропаднала во дупка на конзолата која неодамна била санирана. На местото на настанот веднаш пристигнала сообраќајната полиција. Според првичните информации, неколку предни тркала од цистерната навлегле во дупката, но конструкцијата не попуштила целосно, што спречило ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој во интервју за бугарската телевизија БТВ го нарече „северномакедонски премиер“. „Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите – оставете го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача ‘ајде ...

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31). ...

По објавената снимка на која се гледа врзано дете во струмичко Ново Село, Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против таткото на девојчето, поради сомнение за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете, казниво по член 201 од Кривичниот законик. Од Обвинителството информираат дека девојчето, преку Центарот за социјални работи, е веднаш згрижено и сместено во згрижувачко семејство. Во однос ...

Во врска со пожарот кај Стајковци, лишени од слобода беа три деца, странски државјани, велат од ОЈО. Согласно Законот за правда за децата со нив беше извршен разговор по што се пуштени, а обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело. Според првични сознанија државјани на Велика Британија, едното со потекло од МКД. Се вршат проверки. ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон Претседателот на Владата и институциите на државата, дадени од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, за време на неговото денешно гостување на бугарската телевизија БТВ. Во таа насока, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија ...

На 09.07.2025 околу 14.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, ...

Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на Винарска визба „Тиквеш“, ја доби наградата за Животно дело, додека винарницата „Тиквеш“, за Најкомпанија за 2025 година, од Дирекцијата на Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешни бизнис-лидери и компании. Овие значајни признанија претставуваат потврда за визионерството на Светозар Јаневски, неговото лидерство и исклучителниот придонес во развојот на ВВ „Тиквеш“ и ...

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење. Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: ...

Во текот на редовниот мониторинг на состојбата на езерата во Националниот парк Плитвички Езера, стручната служба за заштита на природата на 3 јули 2025 година наиде на несекојдневно и, според нив, досега незабележано „животно“. На стрмниот брег покрај езерото Галовaц, било пронајдено мало, бело плишано зајаче со розови уши – изгубено, осамено и тажно. Иако не станува збор за вистинска биолошка новост, откритието предизвика емотивна реакција кај ...

На 09.07.2025 во 20.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Оровник, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(83) од Охрид и патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од А.М.(36) од с.Синичане, општина Боговиње. На местото на настанот починал возачот В.Б, а лекар од Итната медицинска помош ...

Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ. На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека веќе постои голем интерес за најавениот оглас за вработување на нови 400 пожарникари. Тој се извини на сите граѓани кои му се обратиле преку Фејсбук, а не добиле одговор. „Уште од сега постои голем интерес кај граѓаните, особено кај помладите. Само јас можам да кажам дека мојот Фејсбук инбокс е затрупан со пораки, се извинувам што не можам да одговорам на нив. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на сомнежите дека пожарите се подметнати и обвинувањата од страна на опозицијата за неажурност во справувањето со истите изјави: „Не само што се сомневаме, туку имаме и докази. Имаме и приведени лица коишто тоа го правеа, посебно на територијата на Скопје, на Градот Скопје. Затоа што пожарот, да речеме, последниот којшто вчера се случи во близина на Смилковското ...

Нов пожар избувна денеска во Скопје, зафаќајќи го големиот празен простор со сува трева помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром, во близина на пругите. Жителите се жалат на силна и миризба која се шири од опожарената површина. Оваа локација е позната како често жариште за пожари, при што речиси секоја година, во летниот период, доаѓа до палење. Причините за денешниот пожар засега не се познати, а екипите на противпожарната бригада се на терен и ...

Во изминатите три дена, 18 граѓани побарале медицинска помош поради вдишување на чад, а шест од нив биле задржани на болничко лекување, изјави д-р Андон Чибишев. „Од шестмината хоспитализирани, четворица денеска се пуштени дома. Двајца сè уште се задржани, бидејќи не се завршени сите клинички испитувања“, информира д-р Чибишев. Според него, меѓу хоспитализираните има пет професионалци – двајца полицајци, двајца пожарникари и еден возач на Итна ...

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим ...

По четиринаесет години успешна работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“ се гаси, потврдиле за сараевскиот портал Klix.ba. Тоа е филијала на катарскиот медиумски концерн, кој работи со голем успех на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година. „Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина. Во претходните 14 години, тие се особено ...

Европскиот парламент (ЕП) го отфрли гласањето за недоверба на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, иницирано од крајната десница поради нејзината работа на договорите за вакцини против Ковид-19, објави БГНЕС. Фон дер Лајен го преживеа гласањето со голема разлика – 360 европратеници гласаа „против“ гласањето, а 175 го поддржаа. Романскиот десничарски пратеник Георге Пипере го поднесе предлогот за недоверба откако собра доволно потписи за ...

Со забрзано темпо на дигитализација, примената на вештачка интелигенција и фер пристап кон клиентите, EOS Matrix Македонија продолжува да го зацврстува својот придонес во стабилизирањето на деловното окружување и поддршката на финансиската дисциплина. И покрај зголемените пазарни предизвици и растечките оптоварувања кај дел од клиентите, 29,2% од должниците целосно ги отплатиле своите обврски во рок пократок од три години, откако EOS Матрикс го ...

Мажот кој беше пронајден починат по вчерашниот пожар во близина на Крива Паланка загинал додека се обидувал сам да го изгасне огнот што се приближувал до неговиот дом. „Денеска (09.07.2025) од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во с. Лозаново, кривопаланечко било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител се врши увид“, вели МВР. Од Основното јавно обвинителство Куманово информираат дека јавен ...

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да ...

На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржува во Париз, е усвоен амандман со кој се одложува впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски наследства во опасност. Одлуката е условена со исполнување на низа обврски, за кои државата ќе треба да достави детален извештај најдоцна до 1 февруари 2026 година. Според СДК.мк, македонската делегација во Париз, по налог на Владата, заеднички поднела амандман со кој се ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
83%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
64%
1019
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
53%
1023
weather icon

Софија

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
54%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.08
54%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
94%
1023
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
51%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
34%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
58%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
5.14
63%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
8.23
61%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75