На денешната седница на Советот на Град Скопје, советниците едногласно ја усвоија декларацијата за осуда на насилството насочено кон институцијата градоначалник, насилството врз жените и непочитувањето на законските процедури од страна на надлежните органи. Декларацијата беше предложена од советничката група на СДСМ и коалицијата. Во текстот се нагласува недвосмислена осуда на секој облик на насилство насочен кон институцијата градоначалник, без ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на денешната 60. пленарна седница информираше дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година заминал во пензија, со што му престанала функцијата. „Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12.07.2025 година ги исполни условите за старосна пензија. Согласно член 9, став 1, точка 3 од Законот за Народен правобранител, констатирам дека функцијата му престанува ...

На 16.07.2025, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”, казниво по член 357 од Кривичен Законик. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија и пријавен настан во СВР Битола истиот ден, од страна на полициските службеници извршен е претрес во службените простории ...

Во Брисел се одржа висок состанок посветен на напредокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, со фокус на прекуграничната делница меѓу Македонија и Бугарија. На состанокот присуствуваа државниот секретар на македонското Министерство за транспорт и врски, Стефан Волкановски, директорот за железничка инфраструктура во Европскиот парламент, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт на Бугарија, Љубен Нанов, како и директорката за ...

Вистински екологисти се оние кои се високо образовани во нивниот сектор и кој можат да дадат одговор со кои стравот кај граѓаните се сведува на минимум зошто не влеваат само впечаток на доверба, туку експлицираат огромно знаење, а тоа е доверба, пишува колумнистот и металуршки инженер, Виктор Грозданов во својата последна колумна насловена „Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот“. „Впрочем доколку се разговара за како се креира ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на сесијата на Работната група 6 – „Антикорупција“ во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија. Настанот беше посветен на темата „Административни капацитети за унапредување на вредноста за потрошени јавни средства“, при што беа разгледани европските искуства за ефикасно управување со јавните ресурси. Во своето обраќање, министерот Минчев потенцираше ...

Денеска сме тука да предупредиме за опасниот и штетен обид на Панче Тошковски и Владата да ја партизираат и уништат полицијата како професионална служба, изјави на денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Со предложените измени на Законот за полиција, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора вратите за масовно вработување на партиски војници и послушници на ...

Демобилизацијата ќе биде можна дури по завршувањето на војната, а дотогаш е потребна систематска и квалитетна ротација на војниците, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред пратениците во Врховната рада пред гласањето за избор на нова влада. „Нашиот народ, херои, војници, ќе се вратат дома кога ќе го победиме непријателот, а тоа е (рускиот претседател Владимир) Путин. Нема непријател во нашата земја… Нашите ...

Ветувањето за намалување на возраста за гласање на 16 години беше вклучено во изборниот манифест на Лабуристите, но не се појави во Кралскиот говор од минатото лето, во кој се утврдени приоритетите на владата за наредните месеци. Минималната возраст за гласање е веќе 16 години за локалните избори за совети во Шкотска и Велс и изборите за Сенед и Шкотскиот парламент. Меѓутоа, за други избори, вклучително и за Парламентот на Обединетото Кралство, ...

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одвиваат интензивни градежни активности за санација на покривот на пливачкиот базен, кои се клучни за обезбедување непречено и безбедно користење на објектот. Од раководството на центарот велат дека навреме реагирале на појави кои укажувале на нарушена безбедност и потенцијален ризик за посетителите. Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ посочи дека безбедноста на спортистите и рекреативците е највисок ...

На 17.07.2025 во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“, покрај автопатот Гостивар- Тетово, полициските службеници од СВР Тетово затекнале 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки на Албанија, ...

Судењето против Раде Трајковски – Штекли и уште деветмина обвинети за организирана трговија со дрога доцни поради неговата хоспитализација, информираше судијата Илија Трпков. Трајковски утрово бил пренесен на Клиниката за неврологија поради сериозни здравствени проблеми. Според доставеното известување до судот, тој бил неконтактибилен и дезориентиран при приемот. Обвинетите се товарат за трговија со кокаин и марихуана на подрачјето на Скопје, ...

Стана непишано правило пред секои избори, без разлика кој е власт, а кој опозиција, да се предлага нов закон за игри на среќа. Политичарите се убедени дека обезбедуваат повеќе гласови ако предлагаат што е можно порадикални решенија за иднината на овој економски сектор. Притоа, воопшто не водат сметка за последиците кои ќе ги предизвикаат. Албанските политички фактори отворено заговараат затворање на сите објекти на игри на среќа. И тоа во две ...

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО: „Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. “ПослушајтеПатриоти” – ...

Синоќа пред спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, попозната како „Партизан“, се одржа протест под мотото „Партизан не го даваме“. Граѓани се собраа во Карпош 4 како реакција на одлуката на Владата да ѝ го одземе објектот од трајно користење на Општина Карпош. Од Општината порачаа дека салата е од особено значење за локалната заедница и дека во неа се вложени значителни средства за да биде ставена во употреба. Протестот се одржа со цел да се ...

Околу три часот по полноќ, на паркингот на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром, избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила, пишува Слободен Печат. Како што информираа од полицијата, во 02.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бојмија“ во Скопје настанал пожар на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.С.(40) од Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, ...

Работниците веќе го гледаат следниот празник како можност за одмор, но Илинден – 2 Август, годинава се паѓа во сабота, што значи нема да донесе продолжен викенд. До крајот на годината остануваат уште неколку неработни денови, дел за сите граѓани, а дел се однесуваат на верските и етничките заедници во земјава. Неработни денови за сите граѓани: 2 август (сабота) – Ден на Републиката 8 септември (понеделник) – Ден на независноста 11 октомври ...

Владата вчера на седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025, во којшто се вградени и амандманите коишто беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за образование и наука. Станува збор за дополнителни ...

Продаден е дел од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше ставен на продажба како дел од извршната постапка во случајот „Плацеви на Водно“. Како што потврдуваат од Агенцијата за управување со одземен имот за „Фокус“, успешно се продадени двата стана на улицата Бихаќка, додека за трите станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, наддавањето сè уште не е завршено. Поголемиот стан, со површина од 57 квадратни метри, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кока-Кола се согласила да користи вистински шеќер од трска како засладувач во своите пијалоци што се продаваат во САД, откако разговарал со компанијата. „Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од трска во Кока-Кола во САД и тие се согласија да го сторат тоа. Би сакал да им се заблагодарам на сите што се на власт во Кока-Кола“, рече Трамп преку социјалната мрежа Truth Social, ...

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил ...

Комисијата за следење на состојбата со водата во велешкото езеро „Младост“ на денешната седница повторно ги усвои веќе изгласаните мерки за санација и заштита на езерото, кое и понатаму е под целосна забрана за капење, наводнување и рекреација. Забраната останува во сила поради присуството на опасни цијанобактерии и потенцијално токсични материи, согласно препораките на Центарот за јавно здравје донесени на почетокот на месецот. Како што изјави ...

Лазар Нанев, поранешниот судија од Кавадарци кој беше разрешен од функцијата во октомври 2024 година поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што самиот го судел, од 15 јули 2025 година е повторно вработен во Министерството за внатрешни работи – на позиција инспектор за општ криминалитет во кавадаречката полиција. Како што потврдуваат од МВР за „Скопје1“, Нанев го искористил своето законско право да се врати на претходното работно ...

Педесет лица загинаа во голем пожар во супермаркет во источниот ирачки град Ал-Кут, објави државната новинска агенција ИНА во четврток, повикувајќи се на гувернерот на покраината. Видеата што кружеа на социјалните мрежи покажаа пламен како ја зафаќа петкатна зграда во Ал-Кут преку ноќ, додека пожарникарите се бореа да го локализираат пожарот. Ројтерс не можеше независно да ги потврди видеата. بالفيديو | واسط : هذا ما تبقى من "هايبر ماركت الكوت" ...

Православната црква во Америка (OCA) официјално го прифати канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и воспостави потполно евхаристиско единство со нејзините епископи, свештеници и верници. Одлуката беше презентирана од Архиепископот Вашингтонски и Митрополит на цела Америка и Канада, г.г. Тихон, во неговиот извештај од 15 јули 2025 година, поднесен пред 21. Сеамерикански црковен собор кој се одржува ...

Oвeн – Meceчинaтa вo вaшиoт знaĸ ja пoттиĸнyвa инициjaтивaтa и caмoизpaзyвaњeтo, дaвajќи ви пpиcтaп дo дyxoвнa инcпиpaциja и eмoциoнaлнa cилa. Дejcтвyвaтe co caмoдoвepбa, вoдитe бeз двoyмeњe и coздaвaтe нoви пoчeтoци штo дoaѓaaт oд cpцeтo. Bepyвajтe им нa вaшитe инcтинĸти, тиe ce вaшиoт ĸoмпac. Биĸ – Ocлoбoдeтe ce oд oнa штo пoвeќe нe ви cлyжи и oд ĸaĸви билo oгpaничyвaчĸи шeми. Co cфaќaњe нa мoќтa нa пpoмeнaтa, мoжeтe дa ja пpeтвopитe вo ...

Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Јерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.6. Според досегашните податоци со кои располага ...

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека Кока-Кола се согласила да користи вистински шеќер од трска во своите пијалоци во САД по неговите разговори со компанијата. „Разговарав со Кока-Кола за користење на ВИСТИНСКИ шеќер од трска во Кока-Кола во Соединетите Американски Држави и тие се согласија да го сторат тоа. Би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои се на власт во Кока-Кола“, рече Трамп во објава на Truth Social. Иницијативата ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
23%
1007
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
39%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
58%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
34%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
6.79
18%
1009
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.17
44%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
35%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
25%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
2.24
29%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
60%
1014
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
51%
1011
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71