Често ги замислуваме фармите за млечни производи како мирни места каде што кравите тивко мукаат. Сепак, реалноста е сосема поинаква. Помеѓу тешката механизација, огромните стада и натрупаните тони ѓубриво, овие фарми стануваат вистински зони со висок ризик за луѓето што работат таму. Статистиката го става земјоделството меѓу најопасните сектори во Соединетите Американски Држави, а млечното производство е на врвот на листата. Неодамнешната ...

Аудио снимка помеѓу контролната кула и екипажот на летот на Урсула фон дер Лајен во неделата, кога стана јасно дека имаат проблем со нивните GPS системи. На него, може да се слушне како пилотот известува до кулата дека имаат проблеми со GPS-от и бара дозвола за слетување со помош на ILS (Инструментален систем за слетување). „Поминувате низ процедурална контрола. Ако сакате, продолжете со ILS рендген (процедура за профилно спуштање)“, одговара ...

По серијата катастрофални украински напади што уништија поголем дел од Црноморската флота, Русија се свртува кон поморски беспилотни летала во обид да го обнови своето присуство во Црното Море и да се прилагоди на новата фаза од поморското војување, пишува „ Киев Индепендент“ . Откако ја претстави првата флота на поморски беспилотни летала во светот во септември 2022 година, Украина го усоврши користењето на беспилотни системи и потопи десетина ...

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека со одлука на Надзорниот одбор бр. 36/2025 од 1 април 2025 година и врз основа на добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, г-ѓа Хрисула Кутуди е именувана за Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје и Генерален извршен директор. Согласноста за именувањето е официјализирана со Решение на Извршниот одбор на Народната банка бр. 15-18019/13 од 26 ...

„Па да го видиме документот, јас тоа велам да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа. Да го видиме документот, да видиме што е тоа што ќе понудат ново.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање како го коментира предлогот на Венко Филипче. Премиерот ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните ресурси за да го преслушкуваат него, но и бизнисмени и новинари. „Јас не би можел да зборувам за деталите, претпоставувам и директорот ќе го каже тоа, бидејќи тоа е државна тајна и така се класифицирани тие документи. Но едно е факт, дека двете агенции ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оваа недела ќе ја достави резолуцијата за црвените линии во преговорите за членство со Европската унија. Тој останува на ставот дека документот мора да се разгледа, иако премиерот Христијан Мицкоски викендов ја отфрли иницијативата. „Не гледаме дека се трудат нешто да направат околу тоа. Нема дипломатска активност. Очигледно е дека се конзистентни во тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го ...

Премиерот Христијан Мицкоски во училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, првиот опозиционер Венко Филипче во „Киро Глигоров“ Центар. И двајцата им посакаа на првачињата, учениците и наставниците успешна учебна година. „Ова се години кога учите за две многу значајни вредности а тоа се семејството и татковината, нашата Македонија. Наставниците сум убеден дека вредностите кои што најмладите првоодделенчиња ќе треба да ги дознаат за своето ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално се врати во Наполи. Италијанскиот шампион ја потврди веста објавувајќи фотографии и видео од него, посакувајќи му добредојде назад. Елмас минатата сезона настапуваше за германски Лајпциг, но не доби вистинска шанса и немаше голема минутажа. Се поврзуваше со Фенербахче, Галатасарај, а имаше интерес и од Вест Хем од Англија. Сепак, тој одлучи да се врати во Неапол каде пред една година освои ...

И додека новата учебна година започна за 930 првоодделенци во 12-те училишта во градот Тетово, во селата од планинскиот регион сликата е сосема поинаква. Училиштето во Бозовце останува затворено, бидејќи годинава нема ниту еден запишан ученик во прво одделение. Жителите сведочат дека од некогашни 160 домаќинства и над 1.400 жители, денес во селото живеат само 19 семејства. „Моментално има 19 населени куќи, но порано имаше многу повеќе. Полека ...

Првиот училишен ден во општината Демир Хисар беше одбележан со мирен протест и едночасовна блокада на патниот правец Демир Хисар – Битола. Насобраните родители, во близина на местото Мраморица, изразија незадоволство од недостатокот на организиран и бесплатен превоз за нивните деца кои учат во Битола. Протестот започна точно во 7 часот наутро и траеше до 8 часот, што предизвика застој во сообраќајот. Иако блокадата беше најавена, многу возачи ...

Низа новоразвиени украински крстосувачки ракети „Фламинго“ погодија база на Руската безбедносна и разузнавачка служба (ФСБ) на окупираниот Кримски полуостров. Според првите извештаи, еден агент на Кремљ е убиен во нападот, а шест авиони стационирани таму се уништени или оштетени, пишува „Киев пост“ . Најмалку три моќни крстосувачки ракети „Фламинго“, веројатно лансирани од украинскиот регион Одеса, прелетаа над западниот дел на Црното Море и ...

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес негираше дека Русија не е вмешана во техничкиот дефект што се случил за време на слетувањето на авионот во кој се наоѓала претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. „Вашите информации се неточни“, изјави Песков за новинарите, пренесува Газета.ру. Фајненшл тајмс (FT) претходно денес објави дека наводен руски напад со попречување ги оневозможил услугите за GPS ...

Поранешниот директор на геријатрија, Мухсин Арифи, и негувателот Блерим Амити денеска пред Кривичниот суд изјавија дека не се чувствуваат виновни за случајот во кој се обвинети за примање мито од 20 илјади евра за сместување на пациентка во специјализираната болница. Според обвинението, Арифи ги побарал парите како гаранција за обезбедување место за 42-годишна пациентка во тешка здравствена состојба, а Амити посредувал во предавањето на парите, ...

Оваа година се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на целосни дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија. Амбасадата на САД во Скопје по овој повод најави дека во текот на месецот ќе споделува клучни моменти од долгогодишната соработка и партнерство меѓу двете земји. „Следете нè! #USMK30“ – стои во објавата на амбасадата, со што се повикува јавноста да биде дел од одбележувањето на оваа значајна ...

Под мотото „На наградите им нема крај“ од денес започнува наградната игра во Diamond Mall. Наградната игра го означува почетокот на одбележувањето на вториот роденден на Diamond Mall, а ќе трае сѐ до 26 октомври 2025 година, месецот кога се одбележува вториот роденден. Главната награда е најновиот модел на автомобилот Geely Cityray, а дополнително на тоа предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди од ...

Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија донесе одлука за запирање на постапката за избор на членови на Надзорниот одбор, со што се поништува конкурсот распишан на 23 мај 2025 година од претходниот состав на Советот. Одлуката следи откако во јуни беше избран нов состав на Програмскиот совет, со што, според образложението, престанал мандатот на стариот орган кој ја започна постапката, а не ја заврши во предвидениот законски рок. „Се ...

Граничната полиција задржа граѓанка на Република Северна Македонија, откако кај неа биле пронајдени скриени 89.000 евра, соопшти службата. Случајот е од 29 август, кога на граничниот контролно-пропускателен пункт (ГКПП) „Ѓуешево“ пристигнала 40-годишна граѓанка на Република Северна Македонија за излез од Бугарија, патувајќи со патничко возило. Граничните полицајци побарале извршување на заедничка контрола со царинските службеници. Кај ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 25.08.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,529%, кај дизелот за ...

Авионот со кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне леташе кон Бугарија, останал без ГПС навигација и пилотот морал рачно да слета, користејќи хартиени мапи, објави ДПА. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавиле за „Фајненшл тајмс“ дека постои сомнеж за вмешаност на руски фактор во попречувањето. „Целата област околу аеродромот остана без ГПС сигнал“, изјави еден од службениците. „Авионот кружеше ...

Денес започнува новата учебна година и во училиштата повторно се враќа детската радост, среќа, љубопитност и натпреварувачка атмосфера. На сите ученици и на нивните семејства, на наставниците и стручните соработници им посакувам среќен почеток и многу успеси во деновите што следат. Сигурна сум дека секој може да ги постигне своите цели, да ги исполни обврските и одговорностите со добро здравје и доволно труд. Ова е пораката која по повод стартот ...

Пред петнаесет години, ветувањата за дигитална иднина ечеа низ училниците во Македонија. Проектот „компјутер за секое дете“, најавуван како револуционерен чекор што ќе ја катапултира земјата во ерата на модерното образование, денес звучи како далечно ехо на неисполнетите соништа. Денес, петнаесет години подоцна, разговорот се врати на самиот почеток, на наједноставното и најфундаменталното барање: учебник за секое дете. Оваа регресија, од ...

„МОДУС БЕНД“ го имаат рецептот за летен хит што освојува на прво слушање. Нивната нова песна, „Џабе бараш утеха“, веќе се издвојува благодарение на моќниот вокал на Гоце Бошкоски – Чоки. Зад музиката стои целиот бенд, аранжманот е заедничко дело со Славко Ристески, додека текстот го напиша Огнен Неделковски. Визуелната приказна е заокружена со видео спот во режија на Виктор Апостолоски, снимен на атрактивните локации во Крани и „Бар Сончев брег“ ...

Утре пред пратениците ќе се најде обемен пакет на мерки за младите, поднесен од Левица, којшто опфаќа шест иницијативи регулирани преку пет закони. Со нив се адресираат најгорливите проблеми на младите и младите семејства – домувањето, родителството, условите за работа и секојдневниот економски товар, велат од Левица. „1. Скратено и флексибилно работно време од шест часа за родители до шестата година на детето Со предложените измени на Законот ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Регионалниот К9 центар за обука и сертификација во полицискиот центар во Ѓорче Петров присуствуваше на почетокот на регионалната обука за распоредување на службени кучиња во тешко пристапни терени, која се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на националните власти во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“. Министерот Тошковски потенцираше ...

Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов, сними видео на кое се гледа како голем број деца се качиле на оградата на едно од живеалиштата, и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Иванов, како вработен во Зоолошката градина, им пристапи на децата и им укажа дека не смеат да стојат на оградата, но доби контра реакција од родителот. – „Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов. Родителот возврати: „Полека бе, полека“. На коментарот ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска по повод 1-ви септември, почетокот на новата учебна година, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на настан во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење. „Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на ...

Септември во Македонија започнува со посвежи денови и умерени температури, но веќе од втората недела следува стабилно затоплување со температури кои ќе достигнат до 35°C. 🌤 1–3 септември (понеделник–среда) Претежно сончево со пријатни температури. Дневните ќе се движат меѓу 30°C и 32°C, а утринските околу 15–17°C. 🌦 4–7 септември (четврток–недела) Овој период ќе донесе свежина и пад на температурите. Во четврток максимумот ќе биде само 25°C, ...

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, остварија средба на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина, јави Си-Ен-Ен Турк. Путин му се заблагодари на Ердоган за дипломатските напори околу кризата во Украина и истакна дека двете земји успешно соработуваат во енергетиката, како и по теми од заеднички интерес, вклучувајќи го Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказ. Ердоган ја ...

Од Горажде ни пристигнува емотивна и позитивна приказна. Семејството Пљевљак е збогатено за уште едно, шесто девојче. Пороѓајот помина успешно благодарение на навремениот пристиг на медицинскиот тим од Канторалната болница Горажде. Во тимот беше и медицинарот Ален Мухиќ, пошироката јавност го познава и како член на здружението „Заборавени деца на војната“. За него овој настан бил посебен, бидејќи го потсетил на минатото. „Чудесна недела во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
34%
1025
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
42%
1028
weather icon

Загреб

29ᴼ / 25ᴼ
1.03
42%
1027
weather icon

Софија

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
39%
1027
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.66
27%
1026
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
65%
1028
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
36%
1023
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
20%
1023
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
34%
1024
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
33%
1026
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
43%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.75
35%
1025
Currency

61.535

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976