
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Албанскиот портал „Јавањуз“ објави дека инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој принудно слета во Пловдив поради губење на ГПС-сигналот, не бил единствен случај на ваков тип. Според порталот, идентичен инцидент се случил и во февруари 2023 година со службениот авион на Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи на Северна Македонија и тогашен претседавач со ОБСЕ. Авионот на Османи, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Б.Ф., Ѓ.И., и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје, несовесно постапиле при вршење на своите овластувања и ...
Претседателката на Уставниот суд Гордана Сиљановска Давкова денеска нагласи дека Уставниот суд не е под јурисдикција на соседни политичари и дека одлуките на судот се конечни и не се коментираат. Коментарот доаѓа по писмото на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев до неговите колеги од ЕУ, во кое тој ја оцени иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за доброседство со Бугарија како непотребна и правно ...
Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак. Обвинителот Александар Марковски истакна дека Јованов преку ...
Јавното осветлување е еден од најважните предуслови за достоинствен живот и безбедност на граѓаните, но состојбата во Општина Чаир е алармантна. „Цели делови од улиците, парковите и јавните простори се оставени во мрак. Од Бит-пазар и ул. Џон Кенеди, преку Топанско Поле, Стара Чаршија и Серава, нашите граѓани секоја вечер се движат низ небезбедни улици, во атмосфера на страв и несигурност,“ изјави Бујар Османи. Тој нагласи дека проблемот не е ...
На 02.09.2025 во 10:00 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик. На 02.09.2025 во 20:30 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Б.З.(42) од с.Горно Седларце, кој бил ...
Променливо облачно со слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. Времето и ...
Лекарите ширум светот предупредуваат дека употребата на е-цигари кај децата и младите може да предизвика непоправлива штета на нивното здравје. Кардиолозите и истражувачите се особено загрижени, кои истакнуваат дека вејпирањето ги изложува адолесцентите на никотин, токсини и канцерогени супстанции чии целосни ефекти сè уште се непознати, пишува The Guardian. На годишниот конгрес на Европското здружение за кардиологија во Мадрид, беше нагласено ...
Депонијата „Вардариште“, која викендов изгоре во голем пожар, и денеска продолжува да чади. Утрово граѓаните повторно се гушеа од отровните испарувања, за што сведочат фотографии и видеа направени од жител на Аеродром, кој посочува дека ваквата состојба трае веќе три дена. За денеска е најавен и протест. „На 03.09.2025 во 18 часот, на раскрсницата на булевар АСНОМ со булевар Србија! Дојдете да покажеме колку сме!“, напиша еден жител во граѓанска ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател вели дека не е виновен за војната во Украина, додека во исто време ги зајакнува силите на фронтот. „Деновиве во Кина, Путин продолжува да ги раскажува своите приказни, како да не е виновен за војната. Како некој постојано да го „присилува“ да се бори, да убива, да ги присилува децата во засолништа, да испраќа илјадници луѓе да ги напаѓаат нашите позиции. А сега ...
СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување. За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја поздрави вчерашната судска одлука со која Сулејман Љамалари беше осуден на двегодишна затворска казна за нападот врз неа, оценувајќи ја како „системска победа за жртвите на насилство“. Во својата реакција, таа упати и остри критики кон напаѓачот, но и кон министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Ова е победа за секоја жена и мајка, но и за одбрана на институцијата градоначалник“, ...
На воената парада во Пекинг, четириножните роботи што кинеските медиуми ги нарекуваат „роботски волци“ привлекоа внимание. Станува збор за релативно нов и импресивен додаток на кинескиот воен арсенал, пишува Би-Би-Си. Според извештаите на кинеските државни медиуми, овие уреди се способни за извидување на првата линија, доставување залихи и извршување прецизни удари врз цели. Тие се опремени со камери што овозможуваат попрецизно пукање. Нивните ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин стоеја покрај Си Џинпинг на огромната парада во Пекинг синоќа, со што заврши една недела дипломатски напредоци на кинескиот претседател и неговиот сојуз против Западот. Кина претстави низа нови оружја на големата воена парада во Пекинг, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови. Во говорот пред парадата, претседателот Си Џинпинг ...
ОВЕН Не сте доволно сконцентрирани и ви недостасува мотивација на работа, па може да бидете склони кон правење грешки. Може да очекувате променливо расположение од страна на партнерот и некои компликации. Полни сте со позитивна енергија! БИК Доколку продолжите да се фокусирате само на негативните работи, нема да бидете задоволни со околностите на работното место. Може да имате интересно познанство со личност која ви одговара. Можни се болки во ...
Еден од седумдесетте апостоли, а не оној Тадеј кој беше од Дванаесеттемината. Свети Тадеј прво го виде и го слушна свети Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господa Исусa и Го следеше Него. Господ го вброи помеѓу седумдесетте помали апостоли, кои ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лк. 10,1). Пo Своето славно Воскресение и Вознесение, Господ го испрати Тадеј во Едеса, која е родното место на Тадеј, според ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека неговата администрација ќе преземе одредени чекори за намалување на бројот на жртви во војната во Украина и дека не е загрижен за блиските односи меѓу Русија и Кина. „Многу сум разочаран од претседателот Путин, можам да го кажам тоа, и ние ќе направиме нешто за да им помогнеме на луѓето да преживеат“, рече Трамп во ...
Стотина жители вечерва излегоа на протест во општина Аеродром, закажан за 18 часот, откако изминатите два дена низ целата општина се чувствува силна непријатна миризба предизвикана од пожар во Вардариште. Како знак на револт, граѓаните го блокираа булеварот и побараа надлежните институции итно да најдат решение за проблемот. Според нив, ситуацијата претставува „жив канцер“. Жителите на Аеродром, а особено на Ново Лисиче, редовно се жалат на ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Москва, и покрај тоа што не добила одговори од меѓународните организации за кршењето на човековите права во Украина, продолжува „упорно да бара реакција“. „Редовно го поставуваме ова прашање за кршењето на човековите права во Украина на разни меѓународни форуми, вклучувајќи ги ОН, ОБСЕ и други. Укажуваме на систематското кршење на човековите права од ...
Играчот одигра осум комбинации и ги погоди сите единаесет броеви во вечерашното извлекување и доби 80.000,00 евра за уплатените 10,40 евра. Во 245-то коло од играта „Сè или ништо“ беа извлечени броевите 1, 2, 3, 4, 7, 12, 13, 14, 18, 19, 22, што му донесе на играчот од Поповача добивка 11 во износ од 80.000, објави Хрватската лотарија. Тие наведуваат дека играчот одиграл осум комбинации и ги погодил сите единаесет броеви во вечерашното ...
Во Грција за новата учебна година ќе се затворат повеќе од 750 училишта бидејќи наглиот пад на бројот на раѓања доведува до недоволен број ученици. Според напис на „Фајненшел тајмс“ пренесен во Грција, се затвораат повеќе од пет отсто училишта, и тоа не само во оддалечени села и на острови, туку и во Атина, каде што властите предупредуваат на „демографски колапс“. „Училниците го одразуваат бројот на раѓања кој, за жал, со децении опаѓа во нашата ...
Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денеска одржа прес-конференција пред депонијата Вардариште, нагласувајќи дека над 150.000 жители од општините Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување. „Екоцидот во Вардариште мора да запре веднаш. Моето прво и најитно решение е воведување на 24-часовен надзор, целосно оградување на депонијата и забрана за влез на сите лица освен вработените од ‘Комунална хигиена’, за ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го премести седиштето на американската вселенска команда од Колорадо Спрингс во Хантсвил, Алабама, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на американски функционер и лице запознаено со дискусиите. Одлуката би го поништила потегот направен за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, која го избра Колорадо Спрингс како постојан дом за најновата борбена команда на ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека разговарал за начините за завршување на војната во Украина со рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот во Кина и со украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефон, но дека страните „сè уште не се подготвени“ за состанок на ниво на лидери. Во разговор со новинарите во авионот на враќање од Кина, Ердоган рече дека разговорите меѓу руските и украинските претставници ...
Ве информираме дека со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори: -Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип -Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и -Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково. Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата. Сите ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска категорично демантираше дека има каква било можност за незаконско следење на комуникациите, појаснувајќи ја својата улога во процесот. Истовремено, од Обвинителството потврдија дека е отворен предмет во кој детално ќе се истражат последните наводи од Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Во реакцијата испратена до медиумите, од Обвинителството наведуваат дека тие единствено ги ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток ќе биде ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска алармираше за, како што го нарекоа, невиден скандал и пример за непотизам, обвинувајќи дека Агенцијата за филм ѝ доделила 18.000 евра на Јехона Ајдини, сопруга на Халил Лумјани, шефот на кабинетот на вицепремиерот Изет Меџити. Според ДУИ, станува збор за млада режисерка без професионално искуство, чиј единствен проект е студентски краток филм. „Ова е директен удар врз културата и врз албанските ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) денеска изразија сериозна загриженост поради информациите за можно незаконско следење на новинари во периодот од 2019 до 2024 година и побараа итна и транспарентна истрага од Јавното обвинителство. Двете новинарски организации ги повикаа надлежните органи да дејствуваат без одлагање со цел да се заштити слободата на медиумите и да се ...