Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека бил на чекор да поднесе оставка од морални причини по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но дека од таа одлука го одвратил таткото на полицаецот од Радовиш кој трагично го загуби животот во несреќата. „Размислував во тој период да поднесам оставка и бев многу блиску да го сторам тоа. Но на погребот на полицискиот службеник кој загина, неговиот татко ми пријде пред неколку илјади ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 од Кривичниот законик. Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата “Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, ...

Еден македонски државјанин бил приморан да се откаже од работното место, друг повеќе од две години не успеал да седне зад волан. Македонците во Италија се соочуваат со сериозни проблеми поради тоа што возачките дозволи со новото уставно име не им се признаваат. За телевизија Сител раскажуваат дека италијанските власти бараат документи со старото име на државата за да можат да управуваат со возило. Оваа ситуација не само што им го отежнува ...

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница ќе бидат обновени во најкраток можен рок, а сите вработени ќе останат ангажирани, соопштија од менаџментот на компанијата. „Пожарот нанесе огромни штети, но веднаш започнавме активности за брзо рестартирање на производството. Дел од вработените ќе бидат распределени во преостанатите погони“, изјавија за ТВ Стар од „Макпрогрес Винчини“. Во пожарот ...

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани ќе биде погребан утре попладне во семејната гробница во селото Ривалта, во близина на Пјаченца, а церемонијата ќе биде затворена за јавноста. Здружението на замоците на Војводството Парма, Пјаченца и Понтремоли, предводено од грофот Орацио Занарди-Ланди, кое е сопственик на селото, објави дека Ривалта ќе биде „затворена утре од безбедносни причини и за да се обезбеди приватноста на погребот“. Дизајнерот често ...

Бројот на повредени во големиот пожар што од вчера беснее во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се искачи на вкупно 18 лица, покажуваат последните официјални информации. Поради сериозноста на повредите, 16 лица се хоспитализирани, а шестмина од нив се итно пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје. Според последниот извештај за состојбата на повредените, најголем дел од хоспитализираните се борат со последиците од вдишување на густиот чад ...

На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен ...

На болничко лекување во Општата болница во Кочани во моментов се наоѓаат четири лица повредени во синоќешниот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, информира в.д. директорката Катерина Паниќ Мирчовска. „Четворицата имаат полесни изгореници на долните екстремитети. Сите се пожарникари и нивната состојба е стабилна“, изјави таа. Според Паниќ Мирчовска, врз повредените кои беа донесени во болницата извршени се дополнителни 20 интервенции, по ...

Денеска беше пуштена во употреба нова делница од автопатот Кичево–Охрид. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ова не е само уште еден пат, туку силен доказ дека Македонија се движи напред, дека се гради и дека се надминуваат долгите години на застој. „Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и недовршени работи. Граѓаните гледаа градилишта кои стојат, а не патишта кои се користат. Денес ја менуваме таа слика. Таму каде што ...

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) од Кочани синоќа се соочи со еден од најголемите предизвици во својата историја, учествувајќи во гаснењето на големиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница. За жал, во текот на интервенцијата, еден нивен член се здобил со повреди. Како што соопштија од ДПД Кочани, тие интервенирале на барање на Територијалната противпожарна единица од Виница, вклучувајќи се во акцијата со 12 пожарникари-доброволци и ...

Најмалку 400 работници од фабриката за кондиторски производи „Винчини“ во Виница остануваат без работа, откако синоќа во пожар до темел изгореа производствениот погон, магацините со готова роба и административниот дел од фабриката. Ова се смета за најголемиот економски удар врз Виница досега, имајќи предвид дека фабриката вкупно вработуваше околу 500 лица. Дел од нив, околу стотина, ќе може да бидат ангажирани во дисперзираните погони, но ...

Хеликоптер се урна во близина на аеродромот Ерлејк, во близина на градот Лејквил во американската држава Минесота, а во несреќата нема преживеани, соопшти локалната полиција. Полицијата соопшти дека несреќата е пријавена вчера околу 14:45 часот по локално време, но не е објавено колку лица биле во хеликоптерот, објави денес CBS News. Несреќата ќе ја истражат истражители од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), заедно со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во својата прва изјава по масовните руски напади во текот на изминатата ноќ, ги повика сојузниците да „спроведат сè што беше договорено во Париз“. Во објава на Телеграм, Зеленски рече дека во текот на ноќта Украина била погодена од „повеќе од 800 беспилотни летала и 13 ракети, од кои четири се балистички“, пренесува Укринформ. Повикувајќи се на извештаите дека жена (32) и нејзиното двомесечно дете биле ...

Вчеравечер околу 19:20 часот претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, бил информиран од сопственикот на „Макпрогрес“ Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката избувнал голем пожар. Веднаш била алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министерот за транспорт, кои дале наредби за преземање мерки за спасување на фабричките капацитети. И покрај интензивните напори, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно ...

По подолг период, љубителите на астрономијата повторно ќе имаат можност да уживаат во редок небесен настан – целосно помрачување на Месечината. Доколку времето биде ведро, Скопското астрономско друштво ќе биде присутно со два телескопа на плоштад Македонија, каде граѓаните ќе може одблизу да го набљудуваат феноменот. Помрачувањето започнува уште пред изгрејсонцето на Месечината кај нас, па затоа првите фази нема да бидат видливи од Македонија. ...

Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде извршена почесна артилериска стрелба. Според најавата, во 18 часот ќе се одржи пробна стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија, додека во 19 часот ќе следи официјалната почесна стрелба со 10 плотуни. Од Генералштабот на Армијата информираат дека почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата за одбележување на значајни ...

Проектот од највисоко стратешко значење за енергетската стабилност на Македонија и поврзувањето со регионот – изградбата на 400-киловолтниот далековод кон Албанија – е во целосен застој и бележи слаба реализација иако е започнат уште во 2015 година, открива алармантниот извештај на Државниот завод за ревизија. Станува збор за интерконективниот далековод Битола-Елбасан, проект кој ревизорите го опишуваат како клучен последен дел од енергетскиот ...

Вистински јаз меѓу платите во Македонија е регистриран во јули годинава, кога официјалните податоци на Управата за јавни приходи (УЈП) покажаа дека највисоката исплатена нето-плата достигнала рекордна сума од речиси 20 милиони денари (324.158 евра), додека на дното на листата се наоѓа незаконска исплата од само еден денар. Овие фрапантни податоци, кои УЈП ги достави до „Блумберг Адрија“, се базирани на официјалните месечни пресметки (МПИН ...

Најмалку пет до десет лица, меѓу кои пожарникари и цивили, се повредени во големиот пожар што од вчеравечер сè уште беснее во фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Повредените, кои се од Виница, Кочани и Струмица, се пренесуваат во болницата во Кочани, каде што се врши првична тријажа и им се укажува лекарска помош. Во текот на ноќта, додека траела битката со огнената стихија, се одвивала вистинска драма во која за влакно е избегната трагедија. ...

На овој слободен ден, небесните сили нè покануваат да пронајдеме рамнотежа помеѓу физичкото и духовното. Целосното затемнување на Месечината , кое ќе се случи оваа недела во знакот Риби, носи моќна енергија на трансформација и завршување на старите циклуси. Ова е време да се ослободиме од сè што нè оптоварува и да направиме простор за нови можности. Нашата интуиција ќе биде изострена, а нашиот внатрешен глас – појасен од кога било. Не ...

Еден од седумдесетте. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија. Во една прилика, тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако слушна за Господа Исуса Христа, дојде во Јерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни дела. Неговото младешко срце се прилепи за Христа. Подоцна беше крстен од апостол Павле, кому во евангелското дело му служеше ...

Битката со огнената стихија во фабриката „Макпрогрес“ во Виница вечерва доби драматичен тек, откако најмалку четворица пожарникари се повредени за време на интервенцијата. Според првичните неофицијални информации од терен, пожарникарите се здобиле со повреди откако се заглавиле во стопен шеќер што истекувал од погоните на „Винчини“. Вистинска драма се одвивала кога пожарникари од Штип, Кочани и Свети Николе, кои влегле во жариштето на пожарот, ...

Семејна драма со обид за убиство се случила во дом на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде 17-годишен малолетник со остар предмет десет пати го прободел сопствениот татко, соопшти денеска Основното јавно обвинителство. Според наводите на Обвинителството, крвавиот напад се случил додека таткото се наоѓал во спалната соба. Тинејџерот му пришол од зад грб и со умисла се обидел да го убие, нанесувајќи му десет убодни рани. Уште ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва излезе со детали за големиот пожар во Виница, потврдувајќи дека огнената стихија зафатила повеќе магацини и производствени погони во фабриката за кондиторски производи „Винчини“, дел од компанијата „Макпрогрес“. Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, пријавата за пожарот била добиена преку бројот за итни случаи Е-112 во 18:40 часот. Веднаш било утврдено дека горат производствените погони со броевите ...

Голем пожар избувна вечерва во еден од погоните на прехранбената компанија „Макпрогрес“ во Виница. Густ чад и пламен се издигаат над фабричкиот комплекс, а на терен се испратени повеќе противпожарни екипи. Според првичните информации, во гаснењето на огнената стихија учествуваат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Виница, а на помош пристигнале и колеги од ТППЕ Кочани, како и членови на Доброволното противпожарно друштво од ...

Здружението на граѓани за заштита на Лагадин денеска упати отворено писмо до министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, и побара итен инспекциски надзор, откако инвеститорот на спорниот хотел во населбата, Никола Толевски, најавил дека планира да го заземе и просторот на плажата. Во писмото, жителите потсетуваат дека проблемот со објектот на „Дебој инженеринг“ трае со години, обвинувајќи дека тој е изграден со кршење на сите закони ...

Австралија, земјата со највисока стапка на рак на кожа во светот, е потресена од скандал поради откритието дека некои од најпродаваните и најскапите заштитни креми не ја обезбедуваат заштитата што е напишана на декларациите, објави Би-Би-Си . Рах, 34-годишна мајка од Њукасл, целиот свој живот била опседната со заштита од сонце – нанесувала крема повеќе пати на ден, секогаш носела шапка и го следела познатото австралиско правило „без шапка, без ...

Со вкупен фонд од 840.000 евра, Министерството за животна средина ќе ја субвенционира замената на 200 постоечки такси возила со нови, целосно електрични автомобили. Ова го најави првиот вицепремиер и ресорен министер, Изет Меџити, по работната средба со претставници на Унијата на здруженија на таксисти. Според министерот Меџити, иницијативата е клучен дел од владината стратегија за борба против загадувањето на воздухот и подобрување на ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, вети дека општината целосно ќе ги покрие трошоците за возачка дозвола на сите млади од општината кои ќе постигнат врвни резултати во образованието, науката и на натпревари. Ова е клучното ветување од неговиот нов проект насловен „Ти зборуваш, Чаир се менува: Кутија на проблемите во Чаир“, преку кој, како што рече, сака институционално да ја канализира енергијата на ...

Албанија влегува во клучна фаза од пристапните преговори со Европската Унија, откако беше официјално потврдено дека следната меѓувладина конференција за отворање на кластерот поглавја „Зелена агенда“ ќе се одржи на 16 септември. Овој чекор доаѓа откако земјата на 2 септември ја поднесе својата преговарачка позиција за оваа група поглавја. Според медиумските извештаи, процесот на отворање на сите преговарачки поглавја за Тирана ќе биде заокружен ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
42%
1029
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1029
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
42%
1030
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.65
38%
1028
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
78%
1029
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
42%
1023
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
28%
1024
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1026
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
40%
1026
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.51
61%
1027
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
35%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976