На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило ...

Жичницата до Милениумскиот крст на Водно привремено нема да биде во функција поради изведување технички активности, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие. Од ЈСП Скопје информираат дека прекинот е привремен и дека жичницата повторно ќе биде ставена во употреба веднаш штом се создадат услови за безбедно и непречено работење. „Веднаш штом се создадат соодветни услови за повторно работење, жичницата ќе продолжи со превезување на патниците во ...

На 12.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 12.03.2026 во 03:30 часот во ...

На 11.03.2026 околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила. Увид ...

Прашањето за надлежностите на институциите повторно се отвори во судскиот процес за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, изјави дека оваа институција нема директна надлежност да врши инспекциски контроли во угостителски објекти. Тој појасни дека ДЗС е институција чија основна функција е поврзана со цивилна заштита и ...

Утре е повторно петок 13-ти, втор месец по ред оваа година, ден кој многумина го сметаат за „несреќен“. Стравот од овој датум има и свое стручно име – параскевидекатриафобија. Иако се верува дека потекнува од 13 гости на Тајната вечера или уапсените витези Темплари, реалноста е дека петок 13-ти предизвикува зголемена внимателност кај луѓето, а статистиките покажуваат и помалку сообраќајни несреќи на овој ден. За да се избегне „малер“, се ...

Починато лице е пронајдено во кумановското село Биљановце, информираат од Секторот за внатрешни работи. Според официјалното соопштение, на 11.03.2026 година во 16:02 часот, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека 85-годишниот В.М. е пронајден мртов. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Куманово, а по насока на Јавен обвинител телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција. Случајот е во тек и ...

Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата посветеност, визија и ...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади лица. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето обраќање истакна дека оваа трагедија оставила длабоки рани не само кај семејствата на загинатите, туку и кај целото македонско општество. „Некои ноќи завршуваат рутински, некои оставаат спомени, а има и такви што никогаш не ...

Тригодишно дете од Штип е хоспитализирано поради сомнително труење, информираат од СВР-Штип. Детето е примено во Клиничка болница-Штип на Педијатриското одделение, а по извршените испитувања е утврдено присуство на „бензодиезепами“. Според соопштението од полицијата, вчера во 18:18 часот е пријавено дека 24-годишната Н.С. од Штип го донела детето во болницата во 11:47 часот. Дете е задржано на опсервација и се следи неговата здравствена ...

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. -За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. ...

Јавните обвинители изразија загриженост по вчерашната расправа во Уставниот суд, каде уставните судии не успеаја да заземат конкретен став дали да се поведе постапка за оценување на Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители. Според јавните обвинители, ваквото поделеност создава ризик за самостојноста и независноста на институцијата која според Уставот има посебна позиција во системот на поделба на власта. „Принципот на ...

Родителите на 63-те млади луѓе кои загинаа во трагедијата во Кочани пред една година, денес изразија разочарување од институциите по комеморацијата во Собранието на Република Северна Македонија. Според нив, децата не беа спомнати ни со име, што ја зголеми нивната болка и чувство на запоставеност. – „Една година чекавме да се организира комеморација, за да дојдат со два листа прочитани да се правдаат. Очекувавме барем со име и презиме по две ...

На денешното продолжение од судскиот процес за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, каде пред една година загинаа 63 лица, сведокот Дарко Стојков, инспектор во подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Виница, ги опиша сериозните пропусти во безбедносните стандарди на објектот. Стојков, кој бил дел од екипата за увид во објектот заедно со тројца други инспектори, посочи дека во моментот на проверката во „Пулс“ имало ...

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кој се предвидува зголемување на средствата за дополнителни 166 милиони денари наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Градот информираат дека ребалансот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања. Со средствата од ребалансот ќе се реализира изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република ...

Израелската армија објави дека неодамна извршила напад врз иранска нуклеарна објект близу Техеран, за која тврди дека била користена за развој на клучни способности потребни за производство на нуклеарно оружје. Израелските одбранбени сили (IDF) наведоа дека станува збор за комплексот Талеѓан, кој бил погоден за време на воздушни напади на израелското воено воздухопловство во последните неколку дена. Според тврдењата на израелската армија, ...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран денес на подрачјето на Грција. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 87 километри југо-западно од Лариса. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, е сместен на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата. „Мислам дека траеше околу 30 секунди“, „Добро се почувствува“, пишувале граѓаните на платформата на EMSC. „Се чувствуваше како ...

Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер oд променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер oд променлив правец. T=20°C. P=986hPa. U=32%. V=2m/s Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Од сабота следува период на променливо облачно време ...

Градот Скопје ќе додели субвенција од 40 милиони денари, што е нешто повеќе од 650.000 евра, за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Средствата ќе се користат за набавка на мали контејнери со зафатнина од еден метар кубен. Одлуката беше донесена на денешната седница на Советот на Град Скопје, со цел подобрување на инфраструктурата за собирање и транспортирање на отпадот во главниот град. Градот Скопје ќе додели субвенција од 40 милиони ...

Денеска во Собранието на Македонија се одржува комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани, каде во пожар загинаа 63 млади луѓе. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати пред присутните со зборови полни на тежина и тага: „Некои ноќи завршуваат рутински, некои оставаат спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети фабриката за муниција, каде што тестираше пиштоли и го надгледуваше производството на огнено оружје, јави државната агенција KCNA. Фотографиите што ги објави KCNA го прикажуваат Ким како го обиколува погонот заедно со својата ќерка Џу Ае, која учествувала и во вежба за гаѓање со воени претставници. За време на посетата, Ким повикал на модернизација на производните процеси и проширување на ...

Професор од средното уметничко училиште СУГС „Лазар Личеноски“ во Скопје се соочува со истрага поради сомнение за сексуално вознемирување на ученичка, а Судот му изрече мерки на претпазливост додека трае постапката. Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, одредил неколку мерки против осомничениот професор. Тој е обврзан да ја предаде ...

Министерството за култура и туризам на Република Туркије и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Туркије останува на исклучително високо ниво. И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот регион на Блискиот Исток, факт е дека Туркије е ...

Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која ...

Македонската театарска сцена остана без уште едно значајно име. Почина актерот Кирил Поп Христов (1967–2026), долгогодишен член на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ), кој зад себе остави богата кариера на театарската сцена, како и бројни улоги во филмови и телевизиски продукции. Од МНТ соопштија дека се простуваат од својот колега и пријател, кого публиката и колегите го знаеја како Кили. Поп Христов дипломирал актерска игра на ...

Македонија се соочува со продолжено намалување на наталитетот, а најновите податоци покажуваат дека бројот на новородени деца и стапката на фертилитет продолжуваат да опаѓаат. Според последните статистики, во 2024 година во земјава се родени 16.061 деца, што претставува најниско ниво досега. Паралелно со падот на бројот на новородени, се намалува и стапката на фертилитет. Во 2024 година таа изнесува 1,44 живородени деца по жена, што е пад во ...

Цените на нафтата повторно преку ноќ пораснаа на над 100 долари за барел, само три дена откако достигнаа четиригодишен максимум, додека војната на САД и Израел со Иран и понатаму има историско влијание врз глобалните резерви на гориво. Овој скок се случи и покрај тоа што земјите членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) претходно во средата едногласно се согласија на глобалниот пазар да пуштат рекордни 400 милиони барели нафта. ...

Најстудено утрово во Берово каде се измерени -5 степени. Под нулата се и Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Маврови Анови со -2 степени, додека -1 степен е измерен во Крива Паланка, Велес, Демир Капија и Тетово. Нула степени се регистрирани во Гевгелија, Штип, Куманово, Прилеп, Претор и на Попова Шапка. Во Скопје на Зајчев Рид, Кавадарци и Охрид се измерени 1 степен, во Крушево 2, а најтопло утрово е во Виница со 3 степени. Снежна покривка ...

Уште една група македонски државјани успешно се врати во регионот по организирана евакуација од Блискиот Исток. Синоќа на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третата група патници кои претходно биле извлечени од повеќе земји во регионот. Како што информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во авионот се превезувале вкупно 151 патник, од кои 109 се македонски државјани, а останатите се граѓани на ...

На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили. Тажната вест за неговата смрт силно одекна низ јавноста, предизвикувајќи неверување и тага меѓу неговите колеги, пријателите и многубројните љубители на театарот и филмот. Богата актерска кариера и култни филмски остварувања Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Својот професионален пат го започна по дипломирањето на Факултетот за ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
81%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
88%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

353658.21

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Платина

61858.04