Пожар избувна попладнево на планината Серта, меѓу штипските села Селце и Драгоево. Огнот зафатил сува трева, ниско стеблести растенија, даб и смрека, информира командирот на Територијалната противпожарна единица Штип, Благој Ренџов. На терен се ангажирани 12 пожарникари со четири возила, а поради непристапниот терен и обемот на пожарот, побарана е и воздушна интервенција од Дирекцијата за заштита и спасување. – Огнот се шири брзо, површината е ...

Европската Унија (ЕУ) објави тестирање на нова алатка за проверка на возраста и упатства за заштита на малолетниците на социјалните медиуми, додека некои земји-членки се залагаат за построги правила за да се обезбеди безбедноста на децата на интернет. Бидејќи ризиците од онлајн опасностите за децата се повеќе се анализираат низ цела Европа, земјите-членки на ЕУ продолжуваат да работат на воведување построги упатства за проверка на возраста, ...

Група туристи од Србија стана вирална на TikTok поради она што го направија за време на престојот на Малта, но наместо популарност, сега имаат голема казна да платат. Видеото објавено од корисникот@vasicc11, користејќи го популарниот хаштаг и музика Jet2Holidays, има над 3,6 милиони прегледи. На него се гледа група млади мажи кои го претвориле своето изнајмено сместување во импровизирано лизгалиште. @vasicc11 First night in Malta #jet2holidays ...

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 16:26 часот по локално време во морското подрачје меѓу Пелопонез и Крит. Според информациите на Грчкиот геодинамички институт, епицентарот на потресот бил лоциран на 21 километар југоисточно од островот Антикитера. Сеизмолозите проценуваат дека земјотресот потекнува од длабочина од 58,6 километри. Грчкиот јавен сервис ЕРТ пренесува дека засега нема информации за ...

Владата донесе одлуки за разрешување и именување на претседатели и членови на одборите за доделување на двете највисоки државни награди – „23 Октомври“ и „11 Октомври“. Државна награда „23 Октомври“ Со новата одлука, одборот добива нов претседател – проф. д-р Митко Панов. За членови се именувани: Разрешени се досегашниот претседател Мими Ѓоргоска Илиевска и сите членови на одборот. Државна награда „11 Октомври“ За претседател на одборот е ...

Русија стана најголем производител на пиво во Европа и петти најголем во светот, надминувајќи ја Германија по повеќе од една деценија, според најновиот извештај за 2024 година на компанијата за трговија со хмељ „Барт-Хас“. Според авторот на извештајот, Хајнрих Мајер, клучната причина за промената на врвот на европскиот ранг е тоа што производството на пиво во Русија се зголеми за околу девет проценти на годишно ниво, на 9,1 милијарди литри. ...

Светската здравствена организација (СЗО) издаде сериозно предупредување бидејќи раните индикации укажуваат на можноста за нова глобална епидемија на чикунгунија, слична на онаа во 2004 и 2005 година, кога вирусот се прошири од островите во Индискиот Океан на остатокот од светот, инфицирајќи речиси 500.000 луѓе. Од почетокот на 2025 година, големи епидемии се регистрирани на островите Реунион, Мајот и Маврициус (источно од брегот на Африка и ...

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево. Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, ...

Популарната плажа во Плаја де Палма, Мајорка, беше евакуирана од спасувачите откако добија пријава за напад од ајкула околу 11:30 часот. Италијанката, 85, беше видена во паника кога излегуваше од водата, со крв видлива од ногата, објавува „Мирор“. Полицијата соопшти дека дел од нејзината кожа бил откинат, но не било оштетено мускулното ткиво. Таа веднаш била лекувана и однесена во приватна клиника во Палма. На туристите им било наредено веднаш ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од Кривичен законик. Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата ...

Ја информираме јавноста дека Основниот суд во Прилеп донесе правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, за сторено кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Станува збор за случај во кој, во периодот од август 2024 до април 2025 година, вработен во болницата противправно присвоил средства ...

Јавниот повик за пријавување на лица кои ќе учествуваат во превенција и справување со пожари завршува денеска, но интересот не ги исполни очекувањата. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција изјави дека се пријавиле помалку од 500 кандидати низ целата држава, а во Скопје бројката е под 50, иако се очекувале 80 лица. Во наредните денови, пријавените ќе бидат повикани во територијалните ...

По инцидентот во битолската населба Недопирливи, кога утрово камион за собирање отпад истури голема количина ѓубре на улицата, директорот на ЈКП „Комуналец“ Битола, Горан Степановски, се огласи со реакција. Тој објасни дека станува збор за ненамерна грешка при подигање на сметот, која за кратко време била санирана. „Улицата е целосно исчистена и испрана. Им се извинувам на жителите за непријатниот настан и доколку се утврди одговорност, лицата ...

Основниот кривичен суд Скопје и Здружението на судии на Република Северна Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка со Приватната високообразовна институција „Бреинстер Некст“ – Скопје. Целта е воведување нови дигитални алатки за зголемување на ефикасноста и економичноста на постапките, како и подобрување на пристапот на граѓаните до судските услуги. Преку оваа соработка, студентите од Бреинстер Некст кои ќе посетуваат практична ...

Грција уште еднаш ја повтори својата позиција дека премиерот, министрите и претседателката на Северна Македонија мора доследно да го користат уставното име на државата, вклучувајќи ја и придавката „Северна“, во сите нивни јавни настапи и официјални комуникации. На заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Мицунски во Атина, шефот на грчката дипломатија Ѓорѓос Ѓерапетридис подвлече дека целосното и искрено ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со амбасадорот на Република Казахстан во нашата земја Сатибалди Буршаков со кого разговараше за соработката меѓу обвинителствата на двете држави и можностите за нејзино унапредување. Како следен чекор, на предлог на казахстанското Генерално обвинителство, се разгледува можноста за потпишување меморандум за соработка во областа на лоцирање, замрзнување и поврат на ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 20.04.2025 во негова нива во близина на регионалниот пат Струга- Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. Исто така, ОВР Струга поднесе кривична пријава ...

На 22.07.2025 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, сопственост на Л.С.(62) од Кочани. На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани. Пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад при гасењето во медицински установи за укажување на помош биле пренесени И.С., сопруг на сопственичката, А.С., К.С., В.Ш., О.С. и А.Д., кои ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А.(47) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, вработен во јавно претпријатие во Куманово, набавил фалсификувана диплома за завршено средно образование, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас во јавното претпријатие за унапредување на работно место и стекнување со повисока работна позиција, како и зголемување на ...

Пожарот што на 20 и 21 јули беснееше во близина на Паркот на природата „Езерани“ остави зад себе катастрофални последици – изгорени се речиси 500 хектари природни површини, од кои половина припаѓаат на територијата на заштитениот парк, информира Македонското еколошко друштво (МЕД). Според теренската анализа на тимот предводен од Лазар Николов, целосно се уништени над 200 хектари трска, 160 хектари шуми и галерии од врби и тополи, 100 хектари ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице-продавница за пијалоци од Струга, против П.С.(49)-сопственичка на правното лице и вработената М.М.(27), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алхохолни пијалоци на дете“. На 26.05.2025, по претходна пријава од Медицински центар Струга дека кај нив биле донесени две малолетни деца затруени од алкохол, полициски службеници преземале мерки и ...

На 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки” лауреат на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е турскиот филмски режисер, Семих Капланоглу. -Капланоглу е еден од најуспешните и највлијателни режисери во турската кинематографија, кој има добиено 28 меѓународни награди и 10 номинации низ целиот свет. Дебитираше во 2001 година со „Далеку од дома”, за кој ја добива наградата за најдобар режисер на Сингапурскиот филмски ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од Кривичен законик. Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата ...

На 22.07.2025 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет. Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица. По целосно документирање на ...

На 22.07.2025 во 17.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, додека патничко возило „фиат стило“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(33) од Прилеп, со јаже влечело мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, кој претходно се расипал, а бил управуван од Ж.Ј. од Прилеп, мотоциклистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. По преземени мерки е ...

77-годишен државјанин на Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на автопатот Егнација, на делницата Сјатиста – Кристалопиги, во близина на Кожани. Според информациите објавени од грчките медиуми, несреќата се случила неколку минути по 14 часот, кога возило управувано од 49-годишен Грк се судрило со возило од спротивна насока, во кое патувале 77-годишниот маж и 70-годишна жена од Северна Македонија. Мажот починал ...

Жителите на битолската населба Недопирливи денеска беа сведоци на несекојдневна сцена кога камион за собирање отпад истовари куп ѓубре директно на улицата. Фотографијата која ја доби 4NEWS.mk од локални жители покажува како зад камионот е оставена голема количина отпад, додека работник во портокалова униформа стои на тротоарот. Нема официјални информации зошто отпадот е оставен на оваа локација, но жители коментираат дека ваквиот потег ...

Грција ќе го стави на дневен ред спроведувањето на Преспанскиот договор на денешната средба во Атина помеѓу министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и македонски колега Тимчо Муцунски, пишува Екатимерини. Од грчкото МНР велат дека се загрижени поради сè почестото избегнување на уставното име „Северна Македонија“ од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како и во одредени владини и спортски ...

Од Собранието денеска се огласија во врска со информациите објавени за здравствената состојба на Претседателот на Собранието на Африм Гаши. Тие потврдуваат дека Гаши бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. „Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции“, велат од ...

На 22.07.2025 во 18 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари. Имено, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
22%
1008
weather icon

Белград

34ᴼ / 31ᴼ
0.89
37%
1009
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
48%
1009
weather icon

Софија

29ᴼ / 25ᴼ
8.75
36%
1013
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.16
20%
1009
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
93%
1011
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.23
32%
1009
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
31%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
31%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.6
27%
1011
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
37%
1010
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
11.32
100%
1009
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71