Според СДСМ, крајната цел на ова е укинување на пресудите за Никола Груевски и создавање терен за негово враќање во Македонија Опозициската СДСМ преку соопштение упати критики до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно мешање во работата на правосудните органи и воспоставување тотална онтрола врз обвинителството и судството. Од СДСМ реагираат дека Мицкоски денеска, од собраниската говорница, му делел ...

Според економските експерти, не треба многу да се чека зашто нема знаци дека кризата брзо ќе заврши, а сите анализи покажуваат дека трипати повисок е потенцијалот на сегашната, последна нафтена криза, да ја зголеми инфлацијата Македонија се соочува со инфлаторен притисок и нафтен шок кој е посилен од кризата во 2022 година, оценија економските експерти на денешната тркалезна маса на тема „Улогата на пазарот и државата во управувањето со ...

Од собраниската говорница тој упати апел до Савески да отвори истрага и да ја истурка докрај, за кого и да постои основано сомнение дека сторил криминал, вклучително и за членовите на актуелната влада Очекувањата се големи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од неговата сопартијка Силвана Ангелевска наменето за работата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, откако ...

Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби на кои вчера се пожалија работници во комбинатот Битолското Основно јавно обвинителство ги координира дејствијата за целосно испитување на сомненијата за труење со храна во РЕК „Битола“, поради што лекарска помош од вчера до денеска претпладне побарале стотина лица. Дека ОЈО Битола е известено за случајот информираа од Јавното обвинителството на Република Северна ...

Во објава на Фејсбук, која тој ја адресира лично до премиерот Христијан Мицкоски, новинарот Невриј Адеми вели дека обвинувањата кон него се обид да се одвлече вниманието од суштинскиот проблем. Додава дека како новинар и граѓанин на оваа држава побарал легитимно право – почитување на неговиот мајчин јазик Новинарот Невриј Адеми ги отфрли како невистинити обвинувањата дека со заканувачки или навредлив тон ѝ се обратил на министерката за ...

Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (26 март 2026 г.) од 23:00 часот на МРТ 1 Теми во новото издание на „360 степени“: – Агенција за пристап до информации од јавен карактер – три месеци не постапува по жалби, три месеци не функционира сајтот, три месеци вработените не земаат плата; надлежната собраниска комисија дури вчера утврди кандидат за нов директор – кој е и што може да се очекување од ...

Во описот за случајот се вели дека осомничениот 21-годишник вечерта на 24 март во скопско Марино управувал со автомобил марка „киа“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94 отсто во крвта Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бара притвор за 21-годишниот возач што пред два дена усмрти пешак во скопско Марино. Предлогот за определување мерка притвор за осомничениот е поради опасност од негово ...

На 12 април 2026 година во Унгарија се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе ги изберат сите членови на Националното собрание за четиригодишен мандат. Главните политички сили на изборите се владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан и опозициската партија Тиса на Петер Маѓар Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш да им наложи на своите агенти да се ...

Премиерот одговараше на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи од „Европскиот фронт“ во врска со употребата на јазиците и правичната застапеност. Реџепи обвини дека и покрај економската криза во државата, главна тема на Владата се нападите кон, како што рече, правата на Албанците кои им следуваат согласно со Уставот Не ми пречи мене ниту албанскиот ниту кој било јазик на светов. Не знам зошто се вознемирувате. Но, според Уставот – ...

„Орбан е пријател на Путин и на Русија, а пријателот на пријателот на Русија, со име Христијан и презиме Мицкоски, е прокси играчот на Русија во овој регион. Ете зошто и на кого мислеше еврокомесарката за проширување кога зборуваше за тројански коњи и дека нема да дозволи такво влијание да влезе преку некоја земја кандидат. Сега јасно е на кого мислеше“, изјави денеска на прес-конференција меѓународниот секретар на СДСМ Опозицискиот ...

Со цел да се утврди кој ја кажува вистината, партијата ја повикува ЕСМ да ги објави сите јавни повици и договори за купопродажба на електрична енергија за граѓаните да имаат увид во тоа како се менаџираат електроенергетските капацитети на државата Во јануари за 22,5 отсто е намалено производството на термоелектраните, соопштија денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ), повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика ...

Метеоролозите во целиот регион предвидуваат дека петок ќе биде најнеповолниот ден со многу силен ветер и зголемување на снежната покривка во планинските масиви. Постепено смирување на времето се очекува в недела, во вториот дел од денот, со запирање на врнежите и благ пораст на температурите од почетокот на следната недела Силна промена на времето проследена со нагло заладување, олујни ветришта и снежни врнежи денеска го зафати регионот, ...

Во Инфективното одделение на Клиничката болница во Битола вчера до 15 часот на преглед се јавиле 81 работник, а ноќеска и претпладнево лекарска помош побарале уште 30 лица Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) привремено ја затвори кујната во Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) „Битола“ откако работници во комбинатот вчера се пожалиле на стомачни тегоби. Тегобите ги пријавиле откако јаделе лазања со сос во мензата на ...

Без да коментира повеќе, Гаши вели дека им остава на политичките партии да донесат одлука кога е потребно тоа да се направи и околу кои прашања Прашан за став околу воведување на гласање со т.н. Бадентерово мнозинство во Уставниот суд, претседателот на Собранието рече ова прашање не треба да биде табу-тема и за него треба да се разговара од два аспекти – едниот политички, а другиот професионален Отворањето на Уставот е сензитивна работа и ...

Гласањето во Европскиот парламент го доближува предлогот еден чекор поблиску до конечното усвојување. Следниот чекор се преговорите меѓу европратениците и земјите-членки за конечниот текст на законот Пратениците во Европскиот парламент дадоа зелено светло за контроверзните предлози за депортирање на одбиените баратели на азил во таканаречените „центри за враќање“ надвор од Европската Унија. Во услови на растечки притисок за заострување на ...

Од вкупно 4 070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март се подигнати 2 084, што претставува повеќе од половина од вкупниот број. По подигнувањето, ваучерите можат да се користат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори за набавка и вградување на инвертер клима-уред Подигнати се повеќе од половина од ваучерите за набавка и вградување на инвертер-клими, соопштија денеска од Министерството за енергетика, рударство и ...

„Во моментот кога ќе бидам известен, и вие и јавноста ќе бидете известени околу секакви промени на пратеничките групи во Собранието“, изјави собранискиот спикер одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите кои дојдоа од пратеникот Зијадин Села Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вели дека сè уште не добил известување од пратеникот Зијадин Села дека во иднина во законодавниот дом ќе настапува под името на нова партија. Гаши ...

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочуваат дека новинарските прашања, како составен дел од демократскиот процес, не смеат да се третираат како напад, а новинарите не смеат да се дискредитираат поради извршување на своите обврски Во врска со настанот од вторникот, вчера остро реагираа и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), посочувајќи дека наместо ...

Од вкупно 4 070 доделени ваучери, од периодот од 18 март до 25 март се подигнати 2 084, што преставува повеќе од половина од вкупниот број. По подигнувањето, ваучерите можат да се користат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори за набавка и вградување на инвертер-клима уред Подигнати се повеќе од половината од ваучерите за набавка и вградување на инвертер-клими, соопштија денеска од Министерството за енергетика, рударство ...

Според „ХаберДенизде“, танкерот, кој во последните години беше во сопственост на неколку турски компании, беше додаден на листата на санкционирани бродови на ЕУ во октомври 2025 година. Во декември оваа година, беше додаден на листата на санкции на Швајцарија и Украина, а пред два дена – на листата на Обединетото Кралство Танкер за сурова нафта во сопственост на турска компанија со седиште во Истанбул рано утрово беше нападнат со морски и ...

И покрај официјалните напори за дигитализација, побарувачката за готовина се зголеми, со нето одлив на готовина од приближно 13,2 милијарди долари од банкарскиот систем само во јануари 2026 година, поттикнат од бизнисите кои се префрлаат во сивата економија за да избегнат зголемен данок на додадена вредност (ДДВ) и даноци Рускиот претседател Владимир Путин, вчера потпиша декрети со кои се ограничува извозот на готовина и злато како дел од ...

„Ова е наша прва награда во САД, а се надевам дека до крајот на фестивалската кариера на филмот ќе имаме уште убави новости за споделување“, вели режисерот на анимираниот филм, Гоце Цветановски Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научно-фантастични филмови во Мајами (MiSciFi), соопшти од продукцијата на филмот. „Се ...

На руската страна од границата, пак, регионалниот гувернер на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, изјавил дека украински беспилотни летала убиле 18-годишен маж на мотоцикл во село во близина на границата и жена во автомобил во градот Грајворон Две лица се убиени во руски напади на североисточниот украински град Харков и неговата околина, а цел на удари ноќеска било и пристаништето Измаил на Дунав, каде се оштетени пристанишни објекти и ...

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи во интервју за иранскиот државен телевизиски канал изјави дека Техеран го разгледува планот на САД за прекин на Заливската војна, но тоа не значи дека се водат разговори Сè уште не е сосема јасно дали се водат преговори меѓу САД и Иран. Ако се слушаат изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп тие се водат на барање на Иран, но ако се праша Техеран, одговорот е дека нема такво ...

Пообилни врнежи се очекуваат утре, наместа и над 20 литри на квадратен метар, а ќе има услови и за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот, под влијание на циклонска активност, се очекува зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд, ...

Нетанјаху, исто така, нагласи дека посветеноста на Израел за заштита на Друзите во Сирија останува во сила Кампањата против Иран продолжува со полна сила, и покрај она што се известува во медиумите, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на видео-состанок со локалните лидери од северната гранична област. Тој тврди дека заканата од инвазија на северен Израел од страна на терористите на Хезболах веќе не постои, додавајќи дека ...

За меѓународен секретар на партијата е именуван Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е избран Зоран Трифуновски СДСМ вечерва на седница на Централниот одбор избра нови членови на раководните тела на партијата, информираат од партијата. За членови на Централниот и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон. За меѓународен секретар на партијата е именуван ...

За време на војната, Иран изврши напади насочени кон американски капацитети во земјите низ Блискиот Исток, вклучувајќи и некои од оние што ја издадоа оваа заедничка изјава Група земји од Блискиот Исток објавија заедничка изјава за воената акција на Иран за време на војната со САД и Израел, јави Би-би-си. Кувајт, ОАЕ, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Јордан изразија „најсилна осуда на очигледните ирански агресии“ – кои ги нарекуваат ...

Египет, заедно со земји како Пакистан и Турција, работи на посредување во ситуацијата Египет ги потврди извештаите за американски план за ставање крај на војната со Иран, пренесе ДПА. „Постои нацрт-план од САД кој е испратен до иранската страна и кој во моментов се проучува. Тоа е визија и план што го претставија Соединетите Држави. Се надеваме дека наскоро ќе има директни разговори со вклучените страни“, изјави денеска египетскиот министер ...

„Сакам јасно да кажам, нема да дозволам втор ЗНАМ. Јас нема да дозволам повторно отцепување во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме и разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат“, рече Филипче Нема да дозволам нови поделби во партијата, фокусот останува на подготовката на новата програма што ќе биде усвоена на конгресот во јуни, изјави денеска лидерот на СДСМ, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
36%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
43%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
38%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
42%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89