Според Oбвинителството, со вештачењето износот на даночното затајување од „значителен“ бил намален во „поголем“ по што кривичното дело морало да биде преквалификувано, а со самото тоа настапилa и апсолутна застареност Откако Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека Обвинителството се повлекло од обвинението против Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување, свое објаснување даде и Основното јавно обвинителство Скопје. Оттаму велат дека ...

Според опозициската партија, тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ оти се изгубени европски средства е само параван за да се задржи стариот модел со шест изборни единици кој директно ги фаворизира најголемите политички субјекти Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта се обидува да ја убеди јавноста дека поради Левица државата изгубила околу 4 милиони евра европски средства, но притоа свесно премолчува многу поважна последица, се ...

Министерот за транспорт информира дека веќе е изработен и проект за стабилизација и санација на патот, за што најдоцна до следната недела очекува да биде избран изведувач Проектот за санација на патот што води кон населбата Теферич во скопска Кисела Вода, кој распука во февруари годинава, ќе го преземе Владата преку Министерството за траснпорт, бидејќи проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите кои ги имаат Општина Кисела ...

„Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе. Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот“, велат од партијата По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ-Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски ...

Јас сакам навистина овојпат тендерот да успее и затоа подобро да почекаме некој ден да се заврши работата, отколку на кој било начин да има негативно влијание, вели министерот Николоски Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на новите автобуси кој заврши пред десет дена, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој вели дека сè уште не го добил извештајот од Комисијата, но се надева на успешна ...

Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за финансиските извештаи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ за 2024 година, нотирајќи нефункционална благајна, неплатени даноци и милионски долгови кон општината Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди сериозни слабости во финансиското управување и работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) – Скопје за 2024 година, а како резултат на бројните нерегуларности, ревизорите изразија ...

„Од денес па натаму и луѓето од македонската бизнис-заедница, но и од македонската дијаспора, ќе знаат дека вие сте сериозна и респектабилна сила! И верувам дека некои од нив, со чувство на одговорност кон татковината, ќе помогнат за ваше опремување или доопремување со различни видови противпожарна опрема“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, на постројувањето на припадниците на македонските доброволни противпожарни друштва во ...

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се непознати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор Охридските пожарникари со поддршка на доброволци и на локалното население го локализираа и изгаснаа пожарот што вчера избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бараки во Охрид. На терен е интервенирано со четири противпожарни возила и 17 пожарникари. Во пожарот беа зафатени сува трева и деградирана борова шума. ...

Од Агенцијата велат дека се спроведува депопулација, односно убивање на животните во заболените одгледувалишта. Досега, како што велат од АХВ, успешно е извршена депопулација на над 1 400 животни Десет нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози потврдиле од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од почетокот на овој месец. Со ова, вкупниот број жаришта од првото појавување на болеста во јануари годинава во кумановското село Лопате се ...

Кривичниот суд донесе пресуда со која се одбива обвинението, откако надлежниот јавен обвинител во завршен збор целосно се откажа од гонење поради застареност и недостиг на докази за кривично дело За судскиот предмет „Тотал“, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за даночно затајување против новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, Основниот кривичен суд Скопје информира оти е донесена пресуда со која ...

Како што потврдија утрово од Основниот кривичен суд Скопје, судијата го прифатил предлогот на ОЈО Скопје и на сопружниците им определил затворски притвор, ценејќи дека постојат околности за опасност од бегство и влијание врз сведоци Притвор од триесет дена им одреди судија на претходна постапка на 65-годишниот маж и неговата 59-годишна сопруга против кои Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка за убиството на ...

Владејачката партија обвинува дека опозицијата намерно ги кочи реформите и усогласувањето со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ставајќи ги политичките игри пред интересите на граѓаните Недонесувањето на новиот Изборен законик е јасен доказ дека СДСМ, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, исклучиво заради сопствени политички калкулации, велат от ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое воедно ја обвинија ...

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се непознати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор Охридските пожарникари со поддршка на доброволци и на локалното население го локализираа и изгаснаа пожарот што вчера избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бараки во Охрид. На терен е интервенирано со четири противпожарни возила и 17 пожарникари. Во пожарот беа зафатени сува трева и деградирана борова шума. ...

Вкупно дваесет и шест здруженија стојат зад иницијативата и предупредуваат оти владините одлуки за геолошки истражувања прекршуваат законски одредби и бараат итно запирање на постапките пред електронската аукција закажана за шести август Дваесет и шест граѓански организации, иницијативи и платформи упатија итно барање до Владата за поништување или ставање вон сила на одлуките и јавните повици за доделување концесии за проспекциски геолошки ...

Ситуацијата во градот е дополнително влошена од топлотниот бран што собори рекорд стар триесет години. Во центарот на градот биле измерени 37,3 Целзиусови степени, додека температурата на пистата на главниот аеродром достигнала 55 степени Поради чадот од повеќе од сто активни пожари во северниот дел на Онтарио, квалитетот на воздухот во Торонто моментално е најлош во светот. Канадската агенција за животна средина издаде здравствени ...

Обновените непријателства меѓи САД и Иран кои траат веќе петти ден, сè повеќе го доведуваат во прашање исполнувањето на прелиминарниот договор што двете земји го постигнаа, а кој требаше да ги отвори перспективите за доаѓање до целосно мировно решение на конфликтот Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз цели во Иран, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Техеран дека, ...

Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ...

Финалниот натпревар против Шпанија е закажан за недела, 19 јули, додека ден претходно Франција и Англија ќе играат за третото место Аргентинската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, откако во полуфиналето во Атланта со пресврт ја совлада Англија со 2:1. Во финалето, Аргентина ќе се сретне со Шпанија во борбата за светската титула. Првото полувреме заврши без голови, а Англија поведе во 55. минута преку ...

Откако САД започнаа нов бран напади врз воени цели, Иран се закани дека ќе блокира трговски рути во регионот Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека идната недела ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран, доколку земјата не се врати на преговорите Иран нема планови за нови преговори и останува фокусиран на одбраната на земјата, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, пренесува ...

Во декларацијата Русија се обвинува за незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресија врз Украина и се повикува веднаш да ја прекине војната, како и целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили и воена опрема од целата украинска територија Србија не ја потпиша заедничката декларација во Киев на Самитот Украина-Југоисточна Европа, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјава на претседателот Александар Вучиќ. Заедничката ...

Сали истакнал дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и пообединета Европа Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право. Ова е потврдил првиот заменик-претседател на Владата и ...

Поради силниот ветер, како што велат пожарникарите, постоела опасност огнот да се прошири кон околните куќи Сепак, благодарение на брзата реакција на службите, месното население и доброволците се спречени поголеми материјални штети Пожар на отворен простор денеска изби во охридската населба Гоце Делчев, позната како Бараки, информираат на Фејсбук од територијалната противпожарна единица на овој град. На терен интервенирале четири ...

Во однос на цените на производите, Ристески вели дека Владата ги анализира годишните податоци и извештаите од Државниот пазарен инспекторат. Доколку се утврди дека кај одредени производи има претерано високи маржи, Ристески вели дека прво ќе се остварат средби со трговците и производителите за да се лоцираат причините за зголемувањето Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена и прифатена од Економско-социјалниот совет, а во тек е ...

Мајката и едното дете, за кое грчките медиуми пишуваат дека било бебе, починале на самото место, додека таткото на повредите им подлегнал подоцна во болница на Халкидики Другото малолетно дете е хоспитализирано, додека возачот на цистерната се наоѓа во добра здравствена состојба Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска попладне на покраинскиот пат Полигирос – Агиос Николаос на Халкидики во соседна Грција, во која животот го загубија маж, ...

Во однос на цената која изнесува околу 20 милиони евра по километар, директорот на ЈПДП вели дека станува збор за комплексен планински предел, каде што се предвидени повеќе тунели и мостови Во втората половина на август ќе почне изградба на автопатот Скопје-Блаце, по потпишувањето на договорот со конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“, кажа директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, ...

Ослободителната пресуда за експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е од второстепено значање, пишува поранешната обвинителка која го водеше случајот. Делото и така ќе му застари следниот месец Текот на настаните, додава таа, само и го потврдил уверувањето дека предметот и бил одземен за да се избегне конфискацијата Текот на настани во врска со предметот „Талир 2“ одат во насока на отежнување на можноста обвинителството да бара ...

Сите три лица се спасени, немаат видливи повреди и се наоѓаат во добра здравствена состојба Двајца 15-годишници и еден 18-годишник, кои се капеле во реката Треска, денеска се извлечени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека случајот е пријавен преку бројот за итни повици 112 дека три ...

Одземени се шест патнички возила, марки „џип“, „порше“, „фолксваген“, „ауди“, „БМВ“ и „пасат“, како и еден стан ОЈО Кочани соопшти дека Лазаров, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е спроведен на издржување на мерката притвор На 41-годишниот кочанчанец Александар Лазаров кој се бараше со централна и меѓународна потерница откако избега од полициската станица во Кочани, каде што беше приведен поради сомненија за ...

Со предложениот план, вкупната бруто изградена површина изнесува 29.459 м² , додека претходните плански решенија предвидувале 43.429 м², вели Герасимовски Новиот план предвидува 14.000 м² помалку изградена површина, односно намалување од околу 33 проценти во однос на претходните детални урбанистички планови, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по обвинувањата за нова бетонизација на Водно, откако вчера со мнозинство ...

Како доказ дека раководствата на двете партии – едната на власт, а другата во опозиција, не се непријатели туку партнери во распределбата на моќ, од Левица посочуваат на вчерашната ослободителна пресуда за експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во предметот „Талир 2“ и одбивањето за конфискација на седиштето на партијата Политичката партија Левица денеска повторно го обвини Социјаледмократскиот сојуз на Македонија ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32