По свечениот пречек, претседателките заминаа на тет-а-тет средба, по која ќе следува пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова и Мурму Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претпладнево со највисоки државни и воени почести во својот Кабинет ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму, која е во официјална посета на земјава. По свечениот пречек, претседателките ...

„Општините се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставувањето и заштитата на санитарните заштитени зони околу водните извори“, вели министерот Загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани, а Владата очекува брза, темелна и транспарентна истрага за целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите ...

Според првичните информации кои ги соопшти директорката на ДИЖС, спорното зафаќање на вода во Гостивар е направено од отворен канал кој воопшто не е дел од официјалната дозвола за водоснабдување Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска на денешната прес-конференција во Владата информираше за деталите од теренскиот увид поврзан со појавата на епидемија во Гостиварско. Хронолошки раскажувајќи за случајот, ...

Според партијата, именуваното лице не ги исполнува законските услови за извршување на оваа висока функција бидејќи пресметаното работно искуство му било стекнато пред завршувањето на високото образование Поминаа седум дена од именувањето на новиот заменик-директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), а Програмскиот совет сè уште нема дадено никакво образложение ниту одговор на обвинувањата за кршење на законот, реагираат денеска од ...

Иако новите факти несомнено ја зајакнуваат причинската хипотеза, епидемиологот Драган Даниловски оценува дека тие не ја заменуваат целосната епидемиолошка и микробиолошка истрага и целосното утврдување на причината за епидемијата и начинот на кој таа настанала. За ова, како што вели, потребни се податоци за микробиолошките испитувања на заболените, примероци од различни точки на водоводната мрежа, временската динамика на контаминацијата, ...

Градоначалникот на општина Дојран во објава на социјалните мрежи соопшти дека во невремето за среќа нема повредени лица и е предизвикана само материјална штета. Тој вели дека екипи веднаш излегле на терен и се работи на расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети Силното невреме кое вчера попладне го зафати источниот дел од државата, освен во Струмичко, Делчево и Радовиш предизвика штети и во Стар Дојран, каде, како што пренесува МИА, ...

Одлуката која опфаќа увоз вреден околу 20 милијарди долари стапува на сила на 19 август, а канадскиот премиер Марк Карни го повика американскиот претседател Доналд Трамп на дополнителни разговори Белата куќа објави дека воведува нови царини од 50 отсто на голем број производи од Канада, потег кој дополнително ги заострува трговските односи меѓу САД и еден од нивните клучни партнери. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир информираше ...

УХМР најавува дестабилизација на времето која ќе трае до петок, кога се очекува значително заладување и обилни врнежи од дожд Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и исклучително топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град, а ќе дува слаб до умерен, ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, очекува на предвидените средби да се потврдат одличните билатерални односи и да се даде нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, пристигна во најавената официјална посета на земјава, објави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој со цвеќе ја пречека вечерва на скопскиот аеродром. ...

Паднати се дрвја и бандери, сообраќајот е отежнат, а надлежните повикуваат на зголемена претпазливост Попладнево силно невреме зафати делови од источниот и југоисточниот дел на земјава. Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое го зафати струмичкиот и радовишкиот регион предизвика паѓање на дрвја и пожари, објавија Територијалните против пожарни единици на Струмица и Радовиш. Во село Подареш бил запален постар објект, а ...

Настанот се случил на 17 јули 2026 година, околу 21:45 часот, покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче. Осомничените со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна државјанка на Србија, која имала престојувалиште во Скопје Поднесена е кривична пријава по брза постапка против двајца мажи од Скопје поради основано сомнение дека извршиле кривично дело полов напад и силување, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. ...

И покрај тоа што анализата покажува релативна стабилност, надлежните упатија предупредување до сите економски оператори дека нема да се толерира какво било неосновано зголемување на цените на товар на граѓаните Следењето на цените и спречувањето на неоправдани поскапувања биле во фокусот на состанокот што го одржаа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Влатко Стојкоски, со ...

Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода од кои се констатира дека таа не може да се употребува за ниту една намена… Директорката на „Комуналец“ и двајца раководители се лишени од слобода и во текот на утрешниот ден јавен обвинител ќе одлучи дали и какви мерки за нивно обезбедување ќе предложи на судот, велат од ОЈО-Гостивар Според Обвинителството, осомничените на 25 јуни дале налози на вработени во ...

Од ЦУК велат дека под контрола е пожарот на депонијата кај селото Доброшинци во Општина Василево и тој на депонија и нискостеблеста шума кај селото Штука во Општина Босилово До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, еден е сè уште активен, два се ставени под контрола, а пет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Старо ...

Само поради едно негативно искуство со конкретен субјект, кој не е ни државен, туку деловен, не треба да имате таков страв, затоа што другите околу вас немаат таков страв, вели Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во земјава Амбасадор на Индија во Македонија, Арун Кумар Саху, во интервју за ТВ Сител, вели дека контроверзниот бизнисмен Субрата Рој е минато, и порача дека поради еден лош пример – не може да се оцрни цела деловна заедница на ...

Како што беше истакнато, финансиската помош ќе се искористи за набавка и дистрибуција на вода за пиење, пробиотици и други неопходни средства за загрозените граѓани Советот на Општина Гостивар донесе одлука за доделување 600 000 денари на Општинската организација на Црвениот крст. Овие средства се наменети за поддршка на активностите за справување со епидемијата на територијата на општината. Како што беше истакнато, финансиската помош ќе се ...

Па така, од полноќ, бензинот еуросупер БС-95 ќе чини 90 денари, цената на еуросупер БС-98 ќе биде 92 денари, а литар дизел ќе се продава за 94 денари за литар Во новата пресметка од РКЕ велат дека е применета и одлуката на Владата за намалување на акцизата за бензините за еден денар по литар и за дизелот за два денари по литар Од ноќеска на полноќ оривата ќе се продаваат по нови повисоки цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за ...

Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар, велат од Влада За да амортизира дел од ценовниот раст, ...

Дел од жителите се чудат како функционираат рестораните и кафулињата, ако водата не е исправна ниту за миење садови Само неколкумина гостиварци, без организатор и без говори, денеска излегоа на протест пред јавното претпријатие „Комуналец“, јавуваат повеќе медиуми, барајќи одговори за масовното труење на жителите поради што е прогласена епидемија во градот. Дел од присутните изразија разочараност за слабиот одѕив и бараат одговори, но и казни ...

Повикот на Мицкоски за морал има тежина колку и неговата доследност – никаква. Истата партија што денес бара одговорност од прв до последен, по трагедијата во Кочани со сите сили ги бранеше сопствените функционери, обвинуваат од партијата на Апасиев Владата мора да ги стави во функција сите државни капацитети и да остане целосно вклучена сè додека не биде докажано дека водата во Гостивар е безбедна, велат од Левица по масовното труење во ...

Пред утврдувањето на дневниот ред, пратениците од партиите на Албанците побараа точката за продолжување на кризната состојба да биде разгледана на посебна седница и оцени дека денешната седница е свикана спротивно на Деловникот на Собранието и дека власта се обидува да го прошверцува пакетот закони за високото образование Со 88 гласа „за“ и без гласови „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе одлуката за продолжување на кризната ...

Според графичкиот приказ од министерството, може да се види дека во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 564 новопрегледани пациенти кои за првпат побарале лекарска помош, што е забележителен пад во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 649 лица – бројка која претставуваше пик на дневните прегледи Забележано е почетно намалување на бројот нановопрегледани пациенти со стомачни тегоби, информираат од Министерството за ...

Водата во Гостивар, град со 30-40 илјади луѓе, најмалку еднаш дневно се испитува, без да каже Обвинителството, вели професорот на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен директор на Институтот за микробиологија и паразитологија д-р Никола Пановски Небулозни се изговорите на власта која не ги споделува јавно наодите од анализата на водата од градскиот водовод во Гостивар, за да не ја наруши истрагата, оценува микробиологот Никола Пановски. ...

Водата во Гостивар, град со 30-40 илјади луѓе, најмалку еднаш дневно се испитува, без да каже Обвинителството, вели професорот на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен директор на Институтот за микробиологија и паразитологија д-р Никола Пановски Небулозни се изговорите на власта која не ги споделува јавно наодите од анализата на водата од градскиот водовод во Гостивар, за да не ја наруши истрагата, оценува микробиологот Никола Пановски. ...

„Во СДС со очајни соопштенија се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Гостивар за дневнополитички поени наместо да дозволат институциите да си ја вршат работата, да се произнесат и да се утврдат фактите. Во случајот со Гостивар, надлежните институции постапуваат согласно своите законски овластувања и секоја евентуална одговорност ќе ја утврдат надлежните органи, врз основа на докази, а не врз основа на политички прес-конференции“, се ...

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на Државниот пазарен инспекторат во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување Нема да се толерира некоректност и профитирање на грбот на граѓаните. Ваква порака, како што изјави ...

Водата ќе се дистрибуира на седум локации низ градот, како кај „Водостопанство“-Гостивар, градинката „Пролет“, Средното економско училиште, ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“, АД ЕСМ – подружница кај гаражите, Општата болница Гостивар и Територијалната противпожарна единица Гостивар Дополнително, вода ќе се доставува директно до градинките и до Општата болница за да се обезбеди нивно непречено функционирање и заштита на најранливите ...

Пријавениот, вработен како виш соработник за логистика и теренско работење во Државниот универзитет Тетово, од март 2020 до февруари 2023 година ја искористил својата службена позиција и наместо паричните средства што во готовина му биле доверени од студентите на Природно-математичкиот, Медицинскиот и Факултетот за физичка култура да ги уплати на сметката на Универзитетот врз основа на партиципација, кофинансирање и други трошоци за ...

„Бидејќи сум известен дека судијата на Уставниот суд Гоце Наумовски нема да ја образложи оставката на седницата на Собранието, констатирам дека согласно член 121 став 2 од Деловникот на Собранието, на д-р Гоце Наумовски му престанува функцијата судија на Уставниот суд“, соопшти потпретседателот на парламентот Антонијо Милошоски пред почетокот на денешната 115. седница Наумовски неотповикливата оставка си ја поднесе во четвртокот минатата ...

Досега 3 000 лица пројавиле симптоми на труење. Хоспитализирани се четворица – тројца возрасни и едно дете, соопшти Клековски Здравствените власти чекаат согласност од Јавното обвинителство за да ги соопштат резултатите за водата во Гостивар што доведе до масовно труење на населението и прогласување епидемија. Министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција кажа дека наодите од Институтот за јавно здравје се побарани од ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54