Со сослушување на сведоци денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумова Јосифовска, а застапник на обвинението е Ана Гоговска Јакимовска. Обвинетите ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 29 октомври на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го привеле Б.Р. (59) од Скопје, кој на 28 октомври вечерта околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка, по што со возилото го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Веднаш по ...

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево - 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен ...

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар-Скопје концерт на соло гитара со авторска музика ќе одржи Георги Шарески - гитарист, композитор и аранжер. Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на фестивалот, Шарески се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. -Неговата ...

Изложба посветена на ансамблот „Мањифико“ што остави длабоки траги во македонската и меѓународната музичка сцена, е отворена вчеравечер во салоните на Музеј галеријата во Кавадарци. Преку неа, како што беше кажано, се презентира животниот и професионален пат на ансамблот. Томе Крстевски, виш кустос етнолог во Музејот, појасни дека се работи за ретроспективна изложба посветена на еден од најзначајните македонски музички состави, со 31– годишно ...

Неочекувани проблеми на стартот од сезоната во Светскиот куп во скијање. Изминатиов викенд се одржаа првите две трка – велеслалом (мажи и жени). Како што е познато стартот на сезоната е во Зелден и тоа е последниот викенд во октомври. Но, по трките во Зелден неизвесно е како ќе продолжи сезоната. Планирани се трки во слалом во финскиот Леви на 15 и 16.ноември. Но, тука почнуваат проблемите бидејќи на две седмици до трките нема снег во финскиот ...

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ, информира дека по обезбедувањето на нов доказен видео материјал во дисциплинската постапка против ФК Беса Слупчане, а поради направениот инцидент на одиграниот натпревар ФК Беса – ФК Аеродром 2018, натпревар од 8. коло од Трета лига – Север, утврдено е дека во инцидентот учествувал и домашниот фудбалер, Бехар Демири. Против наведениот играч ќе биде изречена дисциплинска санкција – исклучување од ...

Во НУ Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата. Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу овие две институции во проучување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија. -На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе ...

Македонската ракометна репрезентација оствари победа во првиот контролен дуел со Јапонија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа триумф со 29:27 на дуелот што се одигра во салата во Автокоманда и беше од затворен тип, па двајцата селектори Лазаров и Тони Херона имаа можност да комбинираат. Вториот пријателски дуел двете репрезентации ќе го одиграат на 1.ноември во сабота во Куманово со почеток во 16 часот. Два натпревара се дел од ...

Фудбалскиот сојуз на Србија потврди дека Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија во следните два натпревара. Тоа значи дека Пауновиќ ќе го наследи Драган Стојковиќ, а Србија следните два дуела ги игра против Англија и Летонија. Засега тој ќе биде селектор само на овие два натпревара, а за понатамошен ангажман дополнително ќе се преговара. Србија сè уште има шанси за пласман на Светското првенство. Првиот натпревар Пауновиќ ќе го има на ...

Нуклеарните тестови никогаш не треба да бидат дозволени под никакви околности, изјави денеска портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Ставот на Светската организација доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги обноват тестирањата на нови нуклеарни оружја. - Генералниот секретар постојано изјавуваше дека сегашните нуклеарни ризици се веќе загрижувачки високи. Треба да се избегнува секое дејство што ...

Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања и му наложи иселување од резиденцијата, соопшти денеска Бакингемската палата. Во соопштението се наведува дека на принцот формално му е врачено барање да го предаде закупот на вилата Ројал Лоџ и дека ќе биде преместен во друга приватна резиденција. Одлуката е донесена поради врските на Ендру со починатиот сексуален ...

Во Скопје денеска ќе биде одбележана 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”. На настанот ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на Канцеларијата на UN Women. Како што информираат од Министерството за одбрана, во рамки на настанот ќе се реализираат две ...

Со проекција на наградени филмови, вечер во Битола почнува 33. Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ИФАДФ) „Камера 300“. Годинава, учесниците на фестивалот го слават јубилејот 120 години од првиот филмски запис на овие простори со баба Деспина како преде волна, снимен со познатата камера 300 на браќата Манаки. - Фестивалот „Камера 300“ ќе се одржува два дена, вечер ќе се емитуваат седум наградени ...

Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинален износ. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Покрај основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од инфлација и економска ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа тековните каматни стапки, бидејќи инфлацијата во еврозоната се врати на околу проектираните два процента, а економијата изгледа отпорна, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Таа додаде дека се намалени дел од ризиците од економски пад во еврозоната со трговскиот договор помеѓу Европската Унија и САД, прекинот на огнот во Појасот Газа и трговското примирје меѓу САД и Кина. Каматната ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска предупреди против прекинување на синџирите на снабдување, велејќи дека нивната стабилност е од суштинско значење за одржување на економскиот раст. Зборувајќи на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во јужнокорејскиот град Гјонгџу, Си рече дека земјите треба да се придржуваат до принципот на „проширување, а не прекинување“ на синџирите на снабдување и да бараат нови области од заеднички ...

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека придружните бури ги прекинаа летовите, а метеоролошката служба предупреди за поплави во некои области. Медиумите објавија поплави и штети, додека службениците на аеродромите ЏФК, Ла Гвардија и Њуарк во градот изјавија дека распоредот на летови е нарушен. „Оваа бура ги урна рекордите за врнежи од дожд за 30 октомври“, рече Адамс на X, додавајќи ...

Саборскиот Одбор за одбрана на затворена седница ги одобри барањата за набавка во областа на опремување и модернизација за потребите на Вооружените сили на Хрватска, јави ХРТ.. Станува збор за четири големи набавки – систем за противдронска заштита, 420 теренски камиони, 18 самоодни хаубици и 44 тенкови „Леопард“. Вкупната вредност на набавките, што ќе бидат покренати до крајот на оваа година, изнесува 1,945 милијарди евра. Сè освен системот за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп постави лимит од 7.500 луѓе што ќе бидат примени да аплицираат за азил во САД за фискалната 2026 година. Ова е најмалата бројка во историјата откако се води статистика за овој показател. Фиксниот плафон поставен од Трамп може да се види во документ објавен денеска од Белата куќа. Досега САД на своја територија примаа стотици илјади луѓе од сите краишта на светот, кои бегаа од војни и политички прогон. На ...

Најмалку 121 лице е убиено во големата полициска операција против криминалната група за трговија со дрога во Рио де Жанеиро. Полициската операција почна на 28 октомври во две сиромашни населби во Рио де Жанеиро, при што дојде до престрелка со криминалците. Според локалните власти во судирите загинале четворица полицајци, а бројот на повредени е непознат. Групите за човекови права побараа истрага за смртните случаи, истакнувајќи оти тоа е една од ...

Претпладнево по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку ден, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната ...

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во сабота во општините каде што ќе има втор круг за ...

Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија. Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот корисниците од Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, ...

Ние оставивме на огранокот на Вреди во Кичево сами да одлучат како ќе гласаат , изјави во 24 анализа Башким Бакиу од Вреди. Тој вели дека посочиле да се почитуваат реакции по реакциите на здруженијатавшо навпдните скандали на кандидатот на НАИ во Кичево. " Ние оставивме на огранокот на Вреди во Кичево сами да одлучат како ќе гласаат, и да ги шочитуваат реакциите на НВО за женски прашања со цел сами да проценат дали наводните сландали што се ...

Гласачите на ДУИ во Скопје доколку се одлучи да се гласа сами да одлучат за кого ќе гласаат, изјави во 24 Анализа Арта Бљали Зендели од ДУИ. "Се уште нема одлука, но доколку се одлучи да се гласа во Скопје, граѓаните ќе треба сами да решат за кого ќе гласаат. "За разлика од Вреди кои го оставија сопствениот кандидат на пола пат, ДУИ во Брвеница ќе гласа за Хаким Рамадани од Вреди, вели Биљали Зендели . За Куманово, Крушево и Карпош нема став ...

Апсолутно очекуваме гласови од коалицискиот партнер Вреди во Кичево , изјави вечерва во 24 анализа пратеникот на ВМРП ДПМНЕ Љупчо Пренџов. "Во однос на взаемната коалициската поддршка со Вреди е нормално. Се разбира дека очекувам гласови од Вреди во Кичево и во сите општини каде што ние имаме кандидати, а ние нив каде што тие имаат кандидати. Пренџов одби да одговори конкретно дали ВМРО ДПМНЕ очекува поддршка од СДСМ во Карпош. Во однос на ...

Подржувавачите на СДСМ сами да одлучат за кого ќе гласаат во Скопје, изјави вечерва во 24 Анализа пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи. Битиќи демантираше дека СДСМ ќе поддржи кандидат на ВМРО-ДПМНЕ таму каде што СДСМ не успеа да влезе во вториот круг. За разлика од раководството на СДСМ на чело со лидерот на партијата Венко Филипче, резултатите за Битиќи се очекувани. Битиќи не одговори конкретно дали ќе биде дел од новото раководство на Филипче, ...

Странските подружници на компанијата Лукоил вклучувајќи ја и македонската ќе се продава на групацијата Гунвор од Кипар. Информација официјално ја објави руската нафтената компанија - откако САД минатата недела одлучи да и воведе санцкии. Како што пренесоа светските медиуми - Лукоил ја прифатил понудата од „Гунвор“ - обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи. Во меѓувреме бензиските станици на Лукоил Македонија деновиве ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
7.72
61%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
91%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
51%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
86%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.58
79%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225