Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Асоцијацијата на слободни и независни синдикати на Србија во својот првомајски проглас бара итни промени во функционирањето на институциите и судството со цел да се обезбедат подобри услови за работниците. „Работниците во Србија го дочекуваат Меѓународниот ден на трудот во услови на економска неизвесност, зголемени трошоци за живот и продлабочување на социјалните разлики...Речиси една третина од населението на Србија е на раб на сиромаштија, ...
САД повикаа на директни разговори на високо ниво меѓу Израел и Либан во услови на кревко примирје меѓу Израел и проиранската милиција Хезболах, јави ДПА. „Либан се наоѓа на крстосница. Неговиот народ има историска можност да ја врати својата држава и да ја обликува својата иднина како вистински суверена и независна нација“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Бејрут, објавено на социјалната мрежа „Икс“. Претседателот на ...
Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година. Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани. Од Владата порачуваат дека остануваат посветени ...
ЈСП Скопје информира дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година - 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Денеска и во недела, 3 мај, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време, оние што се во ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден. -Протестот e предвидено да почне пред ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска Теснина, која беше затворена за глобалниот поморски сообраќај по почетокот на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите ќе се одржат или на 12 јули или од октомври до крајот на ноември. „Најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби дури и за два и пол месеца. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси и причини. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“, рече Вучиќ. Тој најави дека препораките на ОДИХР ќе бидат целосно усвоени од ...
Канцеларијата на парискиот обвинител покрена истрага против петнаесетгодишник осомничен дека ја хакирал националната агенција за издавање лични карти и се обидел да ги продаде податоците на милиони Французи на „dark web“ претходно овој месец, соопшти денеска обвинителството. Тинејџерот, чиј идентитет не е откриен, е приведен на 25 април и задржан во полициски притвор на испитување, откако се појави сомнеж дека тој стои зад прекарот „breach3d“ ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. ...
По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ - Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, како и зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните ...
Румен Радев на чекор до премиерската функција – најави влада до 15 мај и порача „Голема е веројатноста да бидам премиер.“ По конститутивната седница на 52-то Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, изјави дека никогаш не бегал од одговорност и дека во тек е избор на најсоодветна комбинација од лични квалитети и искуство, за клучните функции во идната влада. Најави дека приоритет на најголемата пратеничка ...
САД тврдат дека разговорите со Иран напредуваат, но дека нуклеарното прашање останува отворено. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека без откажување од нуклеарно оружје нема договор, ниту укинување на поморската блокада. Трамп имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, при што рускиот претседател му понудил помош околу прашањето со збогатениот ураниум. Доналд Трамп - претседател на САД „Тие направија ...
Судскиот процес против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани, кои според обвинението во записниците внесувале погрешни податоци за правното лице „Пулс“, денеска се заокружи со завршни зборови. Судот ќе донесе пресуда на петти мај. Обвинителката Сапасенка Андонова од ОЈОГОКК вели дека се става акцент на пропустите на полициските службеници кои придонеле да се рализира одредена имотна корист за прваниот субјект кој не бил нотиран во ...
Искршен инвентар, уништени табли и длабока вознемиреност е епилогот од синоќешниот вандализам во најголемото основно училиште во Штип, „Ванчо Прќе, кое е лоцирано во централното градско подрачје. Таму синоќа околу полноќ насилно влегло маскирано лице, откако претходно неутрализирал некои од камерите, по што ги пуштил сите чешми, кршел компјутери, цртал кукасти крстови и носел долг нож, а напишал и пораки по ѕидовите со недолична содржина. ...
Заедно со цените на прехранбените продукти во Охрид растат цените и на услугите на општинските претпријатија.Паркингот поскапува за 30 проценти,исто толку комуналните услуги, а гробарината за 50 проценти. Од владеачкото мнозинство кое даде зелено светло за поскапувањето велат дека истото е оправдано согласно покачувањата на цените на горивата, репроматеријалите како и минималната плата.Опозицијата критикува- наместо помош дополнително се ...
Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ се огради од изјавата на членот на Извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон во која тој го оспори делото на Гоце Делчев. „Како член на СДСМ и како почитувач на темелните вредности се оградувам од секоја помисла за доведување во прашање на значењето на Великанот и неговиот влог во слободата што ја живееме денес. Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска ...
Миле Цеков ја напушта ПГ на ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и , од денеска е независен пратеник, потврдува Цеков за ТВ 24. Тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката а не себе си и дека е незадоволен од многу работи, односно дека промените кои ги олекувал и тој граѓаните не се случуват. "По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој ...
Миле Цеков ја напушта ПГ на ЗНАМ која е дел од владејчкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ и , од денеска е независен пратеник, потврдува Цеков за ТВ 24 Тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката а не себе си и дека е незадоволен од многу работи , односно дека промените кои ги олекувал и тој граѓаните не се случуват. "По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој ...
Во Собранието седница за пратенички прашања. Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска упати прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а се однесуваше на сомнежи за селективно постапување и евентуално прикривање на детали во полициска акција за поткуп, во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие. Премиерот Христијан Мицоски одговараше на прашање на пратеникот Блерим Беџети од Европски фронт во врска ...
Коалицијата „Вреди“ соопшти дека петте политички субјекти кои ја сочинуваа коалицијата ќе се обединат во една политичка сила. Најавија нова фаза на консолидација на албанскиот политички блок во земјата. „Вреди“ порача дека завршува периодот кога албанската политика била „приватна сопственост на корумпирана клика“ и кога мал број луѓе одлучувале во име на сите Албанци. Од владиниот коалициски партнер додаваат дека нивната обединета платформа ...
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе, овој викенд ќе биде дел од престижната меѓународна ридско-брзинска трка во Котор, една од најатрактивните и најпосетени трки во регионот. Во паузата од настапите во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), Стефановски ја прифати поканата на организаторите и ќе се натпреварува рамо до рамо со повеќе од 130 врвни возачи. Трката, која ја организираат Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го објави каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 годин во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор. Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење. - Објавувањето на ...
Во Кривичниот суд Скопје е закажано рочиште со завршни зборови за тројцата полициски службеници од Кочани за постапувањето при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни. На обвинетите им се става на товар дека при извршување акциски контроли во угостителскиот објект „Пулс“ не постапиле во согласност со пропишаните правила. Биле констатирани прекршоци ...
Ново рочиште за предметот „Адитив“. Од Обвинителството најавија дека ќе бидат презентирани комуникации меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да поткрепат сомнежи за оддавање службени информации. На претходното рочиште, против антикорупционерката Татјана Димитровска се преслушуваа пораки кои откриваат детали како се договарал сертификатот од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, доказ на Обвинителството дека ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. - Во полуфинале на Лигата на шампионите, потребна е чиста ситуација за да се досуди пенал. При пеналот против нас во првото полувреме, контактот беше минимален, па мислам дека можеби не беше пенал. Контактот беше одзади, а играчот го очекуваше и падна. При нашиот пенал, ...
Кошаркарките на Крива Паланка поведоа со 1-0 во финалната серија на плеј-офот за шампионската титула во македонската Првата лига, откако вчера на домашен терен го совладаа Бадел 1862 со 81-64. Крива Паланка веќе во првото полувреме го навести првиот чекор кон освојување на шампионскиот трофеј. По водството кое го имаа во воведната четвртина (24:17), во втората, домашните кошаркарки ја удвоија предноста и на полувреме заминаа со двоцифрена ...
КМФ Проект го освои трофејот во Купот на Македонија во футсал, откако вчера во финалето во Гевгелија го совлада КМФ Кеги Моби со 8:3. Тимот од Валандово го оправда фаворитскиот статус и забележа убедлива победа која ја навести Горан Стојанов во 4. минута. Три минути подоцна Бојан Јанев зголеми на 2:0 додека третиот гол беше дело на Мартин Тодоровски, а веќе во десеттата КМФ Проект имаше предност од 4:0, откако Стојанов повторно се запиша меѓу ...
Кошаркарите на ТФТ Скопје не успеаја да се изборат за трет натпревар во финалната плејоф пресметката против Широки брег во АБА 2 лигата, откако вечерва во драматичен натпревар пред своите гледачи загубија со 86-87 . Составот на Боро Смилкоски одигра квалитетно во првото полувреме во салата „Лазар Лечиќ“ во кое имаше водство и од највисоки +11 (36-25), а на полувреме замина со предност од 43-35. Лидерот во македонското првенство ја одржуваше ...
Интер планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот со дефанзивецот Федерико Димарко, а потоа да се обиде да го продолжи договорот за уште две години, објавува „Калчомеркато“. Лидерот во Серија А има намера да го задржи 28-годишниот Италијанец до летото 2030 година. Во сезоната 2025/26, Димарко го израмни рекордот во Серија А за најмногу асистенции во една сезона (16). Дефанзивецот е во Интер од јули 2018 година. Неговиот ...
Еврејската заедница во Сиднеј ја предупредила полицијата дека постои ризик од напад непосредно пред инцидентот на плажата Бонди од декември минатата година кога беа убиени 15 лица. „Терористички напад врз еврејската заедница во Нов Јужен Велс е веројатен, а нивото на поттикнување на антисемитска омраза е високо“, било наведено во електронска порака што синоќа е објавена во рамки на истрагата во врска со нападот. На тоа полицијата одговорила ...