
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин. – Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел- рече Анггелов ...
Ланиот бран од северозапад пристигна до централен Балкан, и во следните часови ќе започне полека да ја зафаќа и нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено со повремен локален дожд во западните и во северните предели од нашата Македонија и со силен ветер, во западните предели од западен и од југозападен правец, а во северните предели од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60/70 км/час). Вечерва температурите ...
„Повеќе од 20 години на власт, ДУИ целосно ги занемари противпожарните единици во нашите општини, изложувајќи ги албанските пожарникари без минимални услови за работа, без соодветна опрема и без никаков план за противпожарна заштита. Тие раководеа со Центарот за управување со кризи и со директори кои немаа ниту визија ниту одговорност за овој витален сектор“, велат од „Влен“. „Денес, Владата предводена од „Влен“ ја менува оваа реалност! ...
“Сега откако цела Македонија виде ДЕКА ТИ господине министер Ацо Дубаи Николовски ИМАШ НАДЛЕЖНОСТ ДА РУШИШ ДИВОГРАДБИ, исто како и твојот колега ВИСАР ГАНИУ, А НЕ ЈАС, знаеш ли што би било морално, етички и праведно да направиш? Да не се занимаваш со рушење на викендички во Охрид, Струга, Дебар, Делчево и Македонска Каменица. ДА СИ ПОЧНЕШ таму каде постои РЕАЛНА ЗАКАНА ПО БЕЗБЕДНОСТА И СИГУРНОСТА на граѓаните, кои живеат во страв во Чаир ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата “Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Ладниот бран од северозапад преку алпскиот регион се спушти до Балканот и денес (вторник 8 јули) донесе снег на Словенските планини, односно снег падна на Кредарица, висока планина во Словенија. Ладниот воздух понатаму ќе се спушта кон југ и југоисток од Балканот и до утре (среда 9 јули) доцна попладне и навечер, а особено ноќта кон четврток (10 јули) ќе стигне во нашата Република Македонија, условувајќи ...
Познатата актерка и водителка Весна Петрушевска откри интимна и досега непозната од својот живот, дека во младоста била во љубовна врска со поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. Ова признание таа го направи во најновата епизода на подкастот со Боки 13. „Ме гледаше на една претстава и ми пријде. Со еден збор – шмекер!“, раскажа Петрушевска, додавајќи дека нивната врска траела речиси една година. Според неа, ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на ...
На Меѓународната конференција организирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада во Скопје, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, учествуваше на панелот „Иновации во дигитализацијата на локално ниво – Пат кон одржлив развој”. Во своето обраќање, Димитровски нагласи дека на дигиталната трансформација на општините не треба да се гледа како луксуз и трошок, туку неопходност за побрз, поедноставен и поефикасен ...
Пишува: Проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ Во светот на модерната дипломатија, државите се натпреваруваат со идеи, економија и влијание. Но има и такви што и понатаму се водат од митови, фрустрации и колективни комплекси. Токму таков е случајот со Република Бугарија, членка на Европската Унија која сè повеќе се однесува како заложник на сопствениот историски багаж и сè помалку како рационален европски партнер. Нејзината политика кон Република ...
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на својот Фејсбук профил објави фотографија од пожарите во Калифорнија, тврдејќи дека тоа е фотографија од актуелните пожари на Скопска Црна Гора. Фотографијата е од пред 12 години каде властите во Калифорнија тогаш наредија евакуација на населбата Дос Виентос во Њубери Парк, објави Инфомакс Тој во својата објава вели дека општинскиот кризен штаб ја следел состојбата со пожарите на Скопска Црна Гора. ...
Воопшто првиот лек против маларија наменет за бебиња и многу мали деца, е одобрен за употреба. Се очекува лекот да биде достапен во африканските земји во наредните неколку недели, објави „Би-би-си“. Лекови против маларија за деца постојат, но досега немало лекови специјално наменети за новороденчиња, бебиња и деца со тежина под 4,5 килограми. Наместо тоа, бебињата биле третирани со лекови за повозрасни деца, што носи ризик од предозирање. ...
Германското Министерство за надворешни работи ја обвини Кина дека насочила ласер кон германски авион кој учествувал во операција на Европска Унија – АСПИДЕС во Црвено Море. – Изложувањето на германскиот персонал на ризик и нарушувањето на операцијата е целосно неприфатливо, објави германското МНР на Икс. Исто така наведе и дека е повикан на разговор амбасадорот на Кина. Мисијата АСПИДЕС придонесува за заштита на слободата на бродскиот ...
Повеќе од 6.600 луѓе утрово тргнаа од босанското населено место Незук кон Поточари во рамки на 21. издание на Маршот на мирот, што се одржува во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Учесниците ќе минат околу 100 километри за два и пол дена, следејќи ја рутата што илјадници Бошњаци ја поминале во јули 1995 година бегајќи од смрт. Над 60 отсто од учесниците оваа година се млади, пренесува порталот Кликс. Годинава се ...
На 07.07.2025 во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно ја допирал по телото и и ветил дека ќе и даде пари за да не му каже на родителот. А.Д. е задржан во полициска станица, известен се јавен обвинител и ...
На 08.07.2025 во 00.30 часот, во СВР Велес, извршен е службен разговор со малолетник од село Горно Оризари, велешко, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес. Имено, во село Горно Оризари, додека управувал мотоцикл без регистарски ознаки, не запрел на даден знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи и удрил во еден од нив, а потоа и во паркирано патничко возило „шкода”, сопственост на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денес потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка. Центарот во Прилеп ќе се користи како дополнителна локација за информатичката инфраструктура на ...
Денес на владина седница беше усвоена Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028 По инклузивен, транспарентен и длабоко консултативен процес со граѓанското општество, државните институции и нашите меѓународни партнери, денес Владата го усвои стратешкиот документ кој ќе ги води државните политики за зајакнување на граѓанскиот сектор во наредните четири ...
Невообичаен напад на пчели во францускиот град Оријак повреди 24 лица, од кои тројца се во критична состојба, јавија тамошните медиуми. Француските власти соопштија дека нападот од инсектите, што се случил минатата седмица во средишниот дел од земјата, траел околу 30 минути. Пожарникари и медицински екипи биле испратени на местото на настанот за да им помогнат на повредените. Полицијата поставила безбедносен периметар сè додека пчелите не ...
Според некои историчари, чоколадото пристигнало во Европа токму во јули 1550 година. Тоа е релативно бргу по откривањето на тн. Нов Свет, т.е. Северна и Јужна Америка – кон крајот на 15. век, од каде што потекнува какао-овошјето. По повод „најслаткиот ден во годината“ – 7 јули, Денот на чоколадото, порталот „Ворлд попјулејшн ривју“ објави топ-листа со земјите каде што најмногу се јаде чоколадо. На овој список Луксембург е на прво место, и ...
Иран не е закана за САД, истакна иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во интервјуто за Такер Карлсон Нетворк (Tucker Carlson Network) и воедно повика на дијалог за решавање на конфликтите. Направено со помош на преведувач, интервјуто се фокусираше на тензиите меѓу Иран, САД и Израел по неодамнешните напади врз иранските нуклеарни капацитети. Пезешкијан ги отфрли обвинувањата дека Иран поддржува атентат врз американскиот претседател Доналд ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би бил среќен да ги укине санкциите кон Иран „во соодветно време“, и дека САД ќе испратат нов пакет одбранбено оружје за Украина. „Сакам да го видам Иран како се обновува на мирен начин, наместо повторно да слушаме ‘Смрт за Америка’ и ‘Смрт за Израел’“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој додаде дека е закажан нов круг преговори со Иран и изрази надеж дека ...
Софистицирани дронови можат да доставуваат огромно количество дрога и оружје во затворите, што претставува закана по националната безбедност, се наведува во годишниот извештај на надзорното тело на британските затвори. Главниот инспектор на британските затвори, Чарли Тејлор предупреди дека полицијата и затворските служби го препуштиле воздушниот простор над затворите на криминалните банди. – Технологијата на дроновите напредува многу брзо. ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац нареди да се изгради огромен камп за 600.000 раселени Палестинци во јужниот дел на Појасот Газа. Тој додаде дека изградбата на кампот има за цел да ја ослабе власта на Хамас над населението во палестинската енклава. Предвидено е во кампот да бидат сместени стотици илјади Палестинци кои во моментот живеат во шатори во реонот на Ал Маваси. Кац посочи дека кампот ќе биде изграден за време на ...
Еден маж беше прободен, а седум други полесно повредени денеска за време на вториот ден од фестивалот Сан Фермин во Памплона, на кој илјадници луѓе се собираат по тесните улици на средновековниот град за вековната традиција на трки со бикови. Човекот кој беше прободен, опишан само како над 25 години, беше прободен под десната пазува од биковски рог, изјави портпаролката на градските служби за итни случаи. -Тој моментално е под надзор, но е ...
Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа објави воведување царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од Србија, според писмата до лидерите на земјите, објавени на социјалната мрежа Трут Соушл. Овие царини за Босна и Херцеговина и Србија, заедно со нови царински стапки за неколку други земји, треба да стапат во сила на 1 август. Новите стапки се пониски од претходно одложените реципрочни царини што Трамп ...
Силно и неочекувано невреме утринава околу 9 часот го погоди Сплит, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и сериозни штети низ градот. Небото нагло се затемни, врнежите беа интензивни, придружени со грмежи и силен ветер што уриваше дрвја и гранки, превртуваше контејнери и оштетуваше објекти. Според порталот „Далмација Данас“, од некои згради паднале делови од фасади и лимени конструкции. Делови од поширокото градско подрачје останаа без ...
Иако на Балканот главно во изминатите денови има пеколни температури, сепак, во Словенија температурите паднаа толку ниско што придонесе и за снег во јули. Снег заврна на надморска височина од 2.200 метри, објави Словенечката агенција за животна средина (АRSO). Снимките од метеоролошките камери на Кредарица и Канин јасно го покажуваат првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот наутро се измерени 0 °C. ...
На 07.07.2025 во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Р.(20) од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско. Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години. Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од ...
На 07.07.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за БСП на патиштата низ земјава, од вкупно 902 издадени платни налози дури 148 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 21 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 220 возачи на ...