Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина на 68-годишна возраст во Белград. Вујошевиќ роден во Подгорица на 3 март 1959 година беше тренерот со најмногу трофеи во историјата на КК Партизан. Тој беше и претседател на ЈСД Партизан. Во последните години Вујошевиќ имаше хронична болест поврзана со бубрезите. Кошаркарите и спортската јавност во Србија и Европа се збогува со популарниот Дуле Легендарниот кошаркарски тренер ...
На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож). Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ ...
На 07.04.2026 во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВРШтип го лишија од слобода М.С.(23) од Република Турција со привремен престој во Штип. Претходно, со судска наредба, извршен е претрес во домот во домот во кој привремено престојува Н.К.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип, а во кој бил затекнат М.С.. Притоа, во домот биле пронајдени и одземени ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се ...
Соопштение за јавност на Левица: Сервилноста на ДПМНЕ кон најреакционерната администрација во историјата на САД на Доналд Трамп, добива нова димензија со посетата на делегацијата предводена од страна на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во Вашингтон на средба со заменик-државниот секретар на САД – Кристофер Ландау во рамките на т.н. ʼстратешки дијалогʼ при што на американската страна им е понудена можност за експлоатација ...
Соопштение за јавност на Демократски сојуз: Демократски сојуз ги осудува политички мотивираните протести поради наводно ускратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница. Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, ...
Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас. Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. ...
Аудиоснимка од Центарот за итни случаи 112, презентирана денеска во судница, открива драматични моменти од комуникацијата на сега починатата Ивана Јовановска, која на 15 октомври 2025 година телефонски го пријавила својот сопруг Стојанче Јовановски. Во повикот, Ивана пријавува дека нејзиниот сопруг чува дрога во нејзиниот стан на булевар „Теодосиј Гологанов“ во Скопје, и дека во тој момент е заклучен внатре и не ѝ дозволува да влезе. ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово. Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра? Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака. Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп ќе одржи работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој ќе разговараат за актуелните состојби во делот на овчарството и откупот на јагнето. „Досега се откупени и заклани некаде околу 100.000 јагниња. Цената по која што моментално се откупува јагнето е околу 280 денари, која што е многу повисока од ...
Со изведување на нови материјални докази денеска продолжи судското рочиште за случајот што ја потресе јавноста – трагичната смрт на Ивана Стојаноска и нејзината шестгодишна ќерка Катја, кои на 2 март го загубија животот скокајќи од стан во скопската населба Тафталиџе. Во фокусот на денешното рочиште беа бројни аудиоснимки и пријави за семејно насилство, кои според обвинението укажуваат на долготраен и континуиран терор врз жртвите. ...
Овен Денот ви носи силна енергија и потреба да бидете во движење. Ќе чувствувате дека можете да завршите многу повеќе од вообичаено, но внимавајте да не прегорите. Во работата, можно е да добиете нова задача или предизвик кој ќе бара брза реакција и одлучност. Не се двоумете – вашата храброст денес ќе ви донесе предност. Во љубовта, страстите се засилени, но и импулсивноста, па обидете се да не реагирате бурно. Здравјето е стабилно, но ...
Соопштение за јавост на ВЛЕН: Правичната и соодветна застапеност не е подарок, туку уставно право гарантирано уште од 2001 година. Иако законот за ова прашање требаше да се донесе уште во 2003 година, со години беше оставен настрана од оние кои ова право го користеа само за пропаганда, полнење џебови и без храброст да го решат. По одлуката на Уставниот суд од 9 октомври 2024 година, со која падна балансерот како алатка, стана јасно дека ...
Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно подржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески. По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за ...
Во рамки на работната посета на Вашингтон и втората сесија на Стратешкиот дијалог, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Средбата ја потврди силната и растечка соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ја истакна заедничката посветеност на двете земји кон регионалната стабилност, економската соработка, развојот на енергетскиот ...
Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави нови слики од Месечината направени од астронаутите на мисијата „Артемис 2“. „Блиската страна“ на нашиот природен сателит (полуосферата што ја гледаме од Земјата) е видлива на горната половина од месечевиот диск. Препознатлива е по своите темни дамки. Ова се прастари лавини од времето кога Месечината кога била вулкански активна. Големиот кратер што се наѕира под ...
Иако многумина не веруваат во поврзаноста меѓу хороскопот и здравјето, сè повеќе анализи укажуваат дека карактерот и начинот на живот можат да имаат значително влијание врз долговечноста. Еден од клучните фактори е стресот, а токму одредени хороскопски знаци знаат подобро да се справат со него. На врвот на листата се наоѓаат Раковите, кои важат за внимателни и посветени на сопственото здравје. Тие обрнуваат внимание на исхраната, одморот ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на седница на Советот одговарајќи на советничко прашање посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по ...
Американскиот претседател на социјалните мрежи објави дека целата цивилизација вечерва ќе умре и никогаш нема да се врати. „Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, во која ќе преовладаат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно добро – КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја даде изјавата за „Фокс њуз“. „Ќе се случи 20:00 часот. Ако стигнеме до таа точка, тоа ќе биде напад каков што никогаш порано не виделе. Ако разговорите продолжат денес и се појави нешто конкретно, рокот би можел да се промени“, рече тој. 20:00 часот се однесува на ултиматумот што му го даде на Иран да го отвори Ормутскиот теснец. Во 20:00 часот источно време (2 часот по хрватско време), тој ...
Израелскиот премиер изјави дека израелската армија нападнала железнички линии и мостови во Иран, бидејќи патна инфраструктура се користи за воени цели од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). – Вчера, нашите пилоти уништија транспортни авиони и десетици хеликоптери во иранска воздухопловна база. Денеска тие нападнаа железници и мостови што ги користи Корпусот на Исламската револуционерна гарда, наведе Нетанјаху. ...
Европската Унија ги игнорираше заканите на Доналд Трамп дека ќе уништи „цела цивилизација“, а дипломатите и службениците јасно ставија до знаење дека не ги сфаќаат буквално изјавите на американскиот претседател, пишува Политико. Кога беа замолени да коментираат за објавата на Трамп на социјалната мрежа Truth Social, која се однесуваше на ултиматум до Техеран за повторно отворање на Ормутскиот теснец до 2 часот наутро по хрватско време во ...
Амбасадата на САД во Манама, Бахреин, им нареди на сите вработени во американската влада во земјата да останат во засолништа и им советуваше на другите граѓани на САД да „сторат истото“. „Доколку е можно, ве молиме останете во безбеден објект и држете се подалеку од прозорците. Обезбедете залихи од храна, вода, лекови и други основни потреби“, објави Канцеларијата за конзуларни работи на американскиот Стејт департмент на мрежата X. ...
Земјите од Блискиот Исток издаваат предупредувања до граѓаните да останат дома, бидејќи се приближува рокот на американскиот претседател Доналд Трамп за разговори со Иран. Министерството за внатрешни работи на Кувајт ги повика граѓаните и жителите да останат дома од полноќ до 6 часот наутро во среда. Портпаролот рече дека тоа е „превентивна мерка“, но дека го вклучува и рокот на Трамп од 20 часот по источно време (2 часот наутро по ...
Израелската војска изрази жалење откако синагогата во Техеран беше оштетена во ракетен напад порано денес. „ИДФ жали за колатералната штета на синагогата и нагласува дека нападот бил насочен кон високо рангирана воена цел во рамките на вооружените сили на режимот, а не кон место за богослужба“, се вели во соопштението за CNN. Војската додаде дека целта бил висок командант во седиштето на Хатам ал-Анбија, кое го користат иранските ...
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, денес ја осуди „провокативната реторика“ во војната на Блискиот Исток и предупреди дека намерните напади врз цивили и цивилна инфраструктура се „воени злосторства“. „Според меѓународното право, намерното таргетирање на цивили и цивилна инфраструктура претставува воено злосторство. Сите одговорни за меѓународни злосторства мора да бидат одговорни пред надлежните судови“, рече Турк во ...
Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, изјави дека иранската цивилизација ги преживеала „заблудите“ на своите непријатели илјадници години, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја уништи на социјалните мрежи. Иран, рече тој, „нема да биде заплашен од заканите на Трамп“. „Нашиот одговор на бруталноста на непријателот е да стоиме цврсто и да се потпреме на внатрешната сила на иранскиот народ“, рече тој. ...
Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, во вторникот предупреди на ризикот конфликтот со Иран да стане нуклеарен. „Се чини дека светот полудел“, изјави Кросето пред парламентот, повторувајќи ги забелешките од претходното интервју за „Кориере дела Сера“ во кое предупреди дека „она што е веќе трагично може да стане уште полошо“. Неговите коментари доаѓаат во услови на сè поостри закани од американскиот претседател Доналд Трамп ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласи да ги суспендира нападите врз Иран во период од две недели, под услов Техеран да го отвори Ормутскиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. Одлуката доаѓа помалку од два часа пред истекот на рокот што самиот Трамп го постави, а за кој претходно предупреди дека може да доведе до катастрофални последици. Во објава на социјалните мрежи, Трамп посочи дека по ...
Синоќешниот договор за двонеделно примирје меѓу САД и Иран, ја турна цената на суровата нафта на помалку од 100 долари за барел. Утрово барел сурова нафта од типот Брент се продава за 93,85 долари, што е пад за 14% во однос на вчера кога цената се движеше околу 108 долари за барел. Пад има и цената на WTI нафтата од 15,24% во однос на вчерашниот ден. Сепак, останува да се види дали Ормутскиот теснец ќе стане целосно функционален во ...