Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“, објавува отворен конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Република Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата. Од Фондацијата велат дека стипендијата обезбедува целосно финансирање на студиите, како и можност за вклучување во активности на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими членови на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски”. За членовите на одборот, именувањето е заслужено признание за исклучителниот придонес на диригентот Ванчо Чавдарски во развојот и афирмацијата не само на македонската музичка култура, туку и на светската, со оглед на неговото диригирање со познати ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски” во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа. Со оваа инвестиција се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона. „Ја поврзуваме оваа зона со водоводната мрежа, носејќи конкретна промена за над 40 домаќинства. Ова е инвестиција што ...

Конечно, Универзална сала почнува да се гради, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзална сала, повторно оживува. Започнува изградбата на објектот кој е сведоштво за духот на градот, за неговата истрајност и љубов кон културата. Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата е ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, при што двајцата ја разгледаа актуелната состојба на Блискиот Исток, со фокус на синоќа објавеното привремено примирје меѓу Вашингтон и Техеран. За време на разговорот, Ердоган го изрази своето задоволство од договорот меѓу САД и Иран и нагласи дека двенeделниот „прозорец на можности“, што се отвори по 40 денови полни со предизвици ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле заеднички со Иран да работат на обезбедување на поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина. – Размислуваме да го направиме тоа како заеднички проект- изјави Трамп за Еј-Би-Си Њуз, додавајќи дека тоа е начин да се обезбеди преминот „и од други закани“, без да наведе дополнителни детали. САД и Иран во текот на ноќта постигнаа двонеделен прекин на огнот, при што Техеран се ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека балтичките држави треба да бидат свесни за ризиците што ги преземаат доколку дозволат премин на украински дронови низ нивниот воздушен простор за напади врз цели во Русија. – Без сомнеж, последните настани со беспилотните летала ги сметаме за терористички акти и напади врз Русија, извршени против нејзините индустриски и цивилни објекти. Во овој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за телевизијата Пи-Би-Ес изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран не се однесува на израелските воени операции во Либан. Поради Хезболах, Либан „не е вклучен во договорот“, рече Трамп, нагласувајќи дека тоа е „одвоен конфликт“. Во меѓувреме, Израел денеска изврши најжестоки бомбардирања врз Либан од почетокот на војната. Според Министерството за здравство, загинале 112 лица, а 722 се ...

Близу половина од земјите во светот ги зголемиле воените буџети во последните години, но таквите трошоци немаат цврста основа за долгорочен економски раст, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд. Според анализата, зголемувањето на воените расходи може краткорочно да ја поттикне приватната потрошувачка и инвестициите и да донесе умерен раст на среден рок, главно поради акумулација на капитал и повисока ...

Иран ја разгледува можноста за повлекување од договореното двонеделно примирје со САД поради континуираните израелски напади во Либан, објави новинската агенција „Фарс“, истакнувајќи дека во знак на протест сообраќајот низ Ормуската Теснина е повторно запрен. Според агенцијата, само два нафтени танкери поминале низ теснината пред сообраќајот повторно да биде суспендиран. Повикувајќи се на информиран извор, „Фарс“ наведува дека Техеран ќе ...

Демонстранти во Ирска, незадоволни од високите цени на горивата, со камиони и трактори денеска блокираа главни патишта и автопати низ земјата. Протестите започнаа вчера, кога возачи се собраа во центарот на Даблин и во други градови, оценувајќи дека владината мерка од 250 милиони евра за привремено намалување на акцизите не е доволна по растот на цените на нафтата предизвикан од конфликтите на Блискиот Исток. – Со овие цени на горивото, ...

Додека САД и Иран се обидуваат да зацврстат прекин на огнот, Израел зазема сè поголема територија од своите соседи како подготовка за долг и развлечен конфликт на Блискиот Исток. Создавањето таканаречени тампон зони во Газа, Сирија, а сега и во Либан, одразува стратешка промена од нападот на 7 октомври 2023 година, промена што ја става земјата во трајна состојба на борбена готовност, изјавија за Ројтерс шест израелски воени и одбранбени ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили ќе останат во близина на Иран сè додека не се почитува договорот. „Сите американски бродови, авиони и воен персонал, со дополнителна муниција, оружје и сè што е соодветно и потребно за спроведување смртоносни операции и уништување на веќе значително ослабениот непријател, ќе останат на своите места во и околу Иран сè додека ВИСТИНСКИОТ ДОГОВОР не биде целосно ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, во интервју за Би-Би-Си изјави дека вчерашните израелски напади врз Либан претставуваат „сериозно кршење“ на прекинот на огнот меѓу САД и Иран. Хатибзаде додаде дека Иран синоќа испратил порака до Овалната соба: „Не можете да го имате колачот и да го јадете во исто време“. „Не можете да барате прекин на огнот, да ги прифаќате неговите услови и областите на кои се однесува, ...

Четири лица загинаа откако мал брод што превезувал мигранти потона при обид да го премине Ламанш кон Велика Британија. Во тек е голема операција за пребарување и спасување, потврдија локалните француски власти во четврток, објави Ројтерс . „Денес потона „такси-брод“. Бројот на жртви сè уште се утврдува и бројките би можеле да се променат“, соопштија локалните власти во Кале во соопштението. Шверцерите користат таканаречени „такси-бродови“ ...

Најмалку шест лица загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале миксер за бетон и минибус во југозападниот дел на Турција. Според првичните информации на државната новинска агенција Анадолија, во несреќата што се случила во Бурдур има и неколку повредени лица. Засега остануваат нејасни причините поради кои двете возила се судриле на патот меѓу Испарта и Анталија. Службите за итна помош веднаш биле испратени на местото ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 7 април, осомничените во група малтретирале и грубо навредувале двајца оштетени, а во јавноста предизвикале чувство на страв, несигурност и загрозување. Мотив за настанот била одмазда, при што еден од осомничените и неговите два сина, ги пресретнале двајцата оштетени на нивното ...

На 08.04.2026 година, полициски службеници од ОКР Кисела Вода, ОКР Ѓорче Петров и ОКР Центар – Бит Пазар при СВР Скопје, лишија од слобода две лица кои биле барани по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворски казни. Лицето Н.Ј. (44) од Скопје било барано за издржување казна затвор во траење од три години и шест месеци за сторено кривично дело „обид за убиство“, казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од ...

Нa 08.04.2026 околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово. При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, кое го управувал С.Б., а сопатник бил ...

САД и Русија во првиот квартал од 2026 година во Европа извезле најмногу течен природен гас (ЛНГ) од кога било досега во првото тримесечје – покажуваат податоци на Институтот „Бригел“. САД доставиле 8,27 милијарди кубни метри, а Русија 2,46 милијарди. Најголемата количина ЛНГ пристигнала преку пристаништата во Белгија, Франција, Холандија и Шпанија. Најголеми извозници на ЛНГ по САД се Австралија и Катар, кои најголемиот дел го извезуваат ...

Третата компонента на економската отпорност на националните економии, по енергетската независност и независноста во производството на храна, е фискалната одржливост, пишува поранешнот министер за финансии Кирил Миноски. “Фискалната одржливост значи дека државата може брзо и ефикасно да реагира во криза, без ризик од финансиски колапс, висок јавен долг или намалување на социјалните услуги. За мала и отворена економија како нашата, ...

Велигденски ручек во организација на премиерот Христијан Мицкоски се одржа денеска во хотелот Хилтон, на кој меѓу другите присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на медиумите. -Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со ...

Премиерот Христијан Мицкоски организираше Велигденски ручек во хотел „Хилтон“, на кој присуствуваа негови соработници, министри, лидери на верски заедници и претставници на медиумите. Иако официјална бројка за присутните не е соопштена, фотографиите од настанот покажуваат дека салата била исполнета до последно место, при што се создава впечаток дека просторот бил недоволен за сите поканети гости. На настанот присуствувале и ...

Со 61 глас „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по наставни планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во согласност со ...

Православните верници денеска го празнуваат Велики четврток, ден кога пред изгрејсонце домаќинките ги вапцаат првите црвени јајца. Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за ...

На јавна седница Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одлучува по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во ...

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани утрово пристигнаа пред Институтот за судска медицина, каде побараа средба со директорот. Семејствата се собраа пред институцијата со цел да добијат одговор од Институтот за судска медицина во Скопје дали биле вршени анализи за присуство на водороден цијанид и други слични токсични соединија при обдукцијата на телата. По поминати повеќе од два месеци, родителите рекоа дека не добиле одговор. ...

Дијабетичарите во Македонија со месеци се соочуваат со хнедостиг на основни лекови и медицински помагала. Многумина од нив се принудени да ги купуваат со свои средства или да ги делат помеѓу себе, со што се зголемува ризикот од компликации како хипогликемија, гангрена или слепило. Според пациентите и здруженијата што ги застапуваат, недостигот опфаќа инсулински помагала, глукометри, тест‑ленти и други клучни производи, објави 4news.mk ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Заев и Филипче и понатаму не даваат одговор за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово. Според објавените аудио снимки од разговорот меѓу Дака и Кичеец, Дака му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. Каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово? Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
42%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.71
51%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
48%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
34%
1017
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Рутениум

51376.89