Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18 лица, а повредени се 56, јавуваат украински медиуми. Според соопштение на украинската Државна служба за вонредни состојби објавено на „Телеграм“, спасувачките екипи и натаму работат на терен. Претходно беше соопштено дека во нападот загинале 16 лица. Во текот на ноќта меѓу 5 и 6 јули, руските сили извршиле масовен напад врз Киев и неговата околина, при што биле употребени дронови и ...
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Канал 5 оцени дека пропаѓањето на новиот Изборен законик е последица на тоа што власта се обидува да наметне еднострани решенија, наместо да гради политички консензус околу суштинските изборни реформи. „Поразително е што Владата по две години мандат покажува дека не знае да комуницира со опозицијата, туку сака само да акумулира што повеќе моќ. Самото гласање за потребата од носење нов ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, којшто денеска и утре ќе се одржи во Анкара, Република Турција. Во состав на делегацијата се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката ќе се обрати на состанокот на ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати (родител, старател, законски застапник) ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година. Со оваа одлука, ...
Лидерите на 32-те земји членки на НАТО денеска во Анкара почнуваат дводневни разговори за одбранбените трошоци и договорите за набавка на оружје, во време кога Европа се наоѓа под сè поголем притисок од Соединетите Американски Држави да преземе поголем дел од безбедносниот товар на алијансата. Самитот, чиј домаќин е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неговата палата, ќе ги стави на тест повеќемесечните напори на генералниот ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Седницата е закажана за 11.30 часот, а пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ. Согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница. Во рамки на тридневниот општ ...
Денеска и утре во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, се ...
По убедливиот пораз утрово од Белгија (1-4) домаќинот на Мундијалот САД го заврши настапот во осмина финалето. Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација. Белгија поведе со голот на Шарл Де Кетелере во 9.минута. Американците изедначија во 31.минута преку Малик Тилман, но осум минути подоцна Де Кетелере повторно и донесе водство на Белгија од 2:1. Во ...
Во Собранието денеска се очекува повторно да се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што ...
Без струја денеска од 8 до 10 денеска ќе останат корисниците од улицата „Антон Попов“ и Основното општинско училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 12 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „31“ во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров, како и дел од жителите на селото Добри Дол во општина Сопиште. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со ...
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која престојува во Анкара по повод Самитот на НАТО, се сретна со припадници на македонската заедница во Турција во просториите на македонската амбасада. На средбата, одржана во пријателска атмосфера, присуствуваа универзитетски професори, лекари, научници и други истакнати професионалци со македонско потекло, како и претседателката на Здружението „Иселениците од Румелија“, Севим Оздемир. ...
Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство, откако во драматичен четвртфинален натпревар ја совлада Португалија со 1:0. Долго време мрежите мируваа, а двете репрезентации водеа голема тактичка битка. Португалците имаа иницијатива во делови од натпреварот и направија повеќе измени во обид да стигнат до погодок, но не успеаја да ја пробијат цврстата шпанска одбрана. Одлуката падна во судиското продолжение. Во 91. ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредните десетина дена ќе започне втората фаза од еден од најзначајните инфраструктурни проекти во главниот град – поврзувањето на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“. Гостувајќи во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, Ѓорѓиевски соопшти дека стартуваат градежните работи за изградба на тунелите кои ќе овозможат директно поврзување на трасата ...
Владата на затворена седница го разгледала извештајот на независната комисија формирана од Министерството за здравство, која утврдила дека во земјава биле извршени непотребни операции на срце. Ова во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 го потврди директорот на Фондот за здравствено осигурување и кандидат за министер за здравство, Сашо Клековски, но не откри какви заклучоци биле донесени бидејќи седницата била затворена. Клековски рече дека ...
Турција ќе ги пречека светските лидери на претстојниот 36. Самит на НАТО во Анкара со домашно произведени електрични лимузини. За потребите на самитот се подготвени десет специјално дизајнирани лимузински верзии на моделот Togg T10X, кои ќе бидат дел од официјалната протоколарна флота. Во пресрет на самитот, возилата веќе се изложени пред Конгресниот центар АТО, каде ќе се одржуваат главните активности. Покрај стандардните модели во ...
Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 20:00 часот денеска (6 јули), на територијата на државата биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, два пожари сè уште се активни, додека 12 се целосно изгаснати благодарение на интервенциите на надлежните служби. Активни остануваат пожарите во Општина Кичево, во близина на градскиот стадион, каде што гори стрниште и сува трева, како и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост против три лица осомничени за насилство врз малолетник во парк во скопската населба Маџари. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според првичните сознанија на обвинителството, инцидентот се случил на 22 јуни, кога тројцата ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека Република Северна Македонија активно учествувала во големата меѓународна оперативна акција Global Chain, спроведена во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT), насочена кон сузбивање на трговијата со луѓе, илегалната миграција и трудовата експлоатација. Акцијата се одржала во периодот од 8 до 13 јуни 2026 година, а во неа учествувале 59 држави. Целта ...
Во деновите кога температурите достигнуваат високи вредности, повеќето луѓе инстинктивно посегнуваат по ледена вода или добро изладени пијалаци. Сепак, според научниците, тоа не е секогаш најдобриот начин за ефикасна хидратација на организмот. Истражувањата покажуваат дека водата и другите пијалаци на собна температура организмот ги апсорбира побрзо, што овозможува поефикасна хидратација во споредба со многу ладните напивки. Експертите ...
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода вкупно 24 возачи на територијата на целата држава поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најголемиот дел од приведените, односно 19 лица, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Од нив, петмина биле затекнати во Неготино, по четворица во Скопје и Струмица, двајца во Тетово, а ...
Грчките власти започнаа со поставување на 2,5 километри специјални заштитни мрежи како превентивна мерка против ширењето на опасната риба-зајак – инвазивен морски вид кој во последните месеци предизвикува загриженост кај капачите и локалните власти. Рибата-зајак содржи тетродотоксин – исклучително опасен невротоксин за кој не постои противотров. Покрај тоа, нејзините силни вилици, кои наликуваат на клун, можат да прегризат коска, но и ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен жител на Скопје и правно лице од Скопје поради сомнение дека со лажно прикажување на расходи избегнале плаќање данок на добивка во износ од 2.362.247 денари. Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против Е.С. (57), управител и одговорно лице во компанијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата „Титан УСЈЕ“ во Скопје, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој Закон ќе биде обновена А интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет. -Барањето, како што знаете е објавено, расправата се ...
Скопје, 06.07.2026 По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 ...
Еден од најпопуларните регионални изведувачи, Ацо Пејовиќ, на 11 јули ќе одржи концерт во Аква Парк Пробиштип, како дел од богатата летна концертна програма на најголемиот воден комплекс во источниот дел на Македонија. Концертот започнува во 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со неговите најголеми хитови, одлична атмосфера и врвна продукција. Со бројни безвременски песни и препознатлив настап, ...
Во рамки на работната посета на Државата Катар, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари средба со заменик-претседателот на Владата и државен министер за одбрана, шеикот Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али Ал Тани. На средбата се разговараше за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и ...
По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување ...
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил ‘усогласен’. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата”, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор (ИО) на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според Цветановски, се ...