Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Светски познатиот американски алпинист Алекс Хонолд повторно го помести лимитот на човечката издржливост и храброст. Во неделата тој го искачи облакодерот „Тајпеј 101“ – една од највисоките згради во светот – без јажиња и без каква било заштитна опрема. Кулата висока 508 метри ја совлада за околу 90 минути, додека илјадници луѓе на улиците на Тајпеј и гледачи преку директен пренос го следеа подвигот со мешавина од воодушевување и страв. ...
Продолжувањето на примирјето во Сирија е поврзано со поддршка на американската операција за евакуација на затвореници на ИСИС од затворите под контрола на Сириските демократски сили во Ирак, се наведува во соопштение пренесено од агенцијата Сана. Кабинетот на сирискиот претседател на 20 јануари соопшти дека е постигнат договор меѓу сириската Влада и Сириските демократски сили за прашања поврзани со иднината на покраината Хасака, при што ...
Снабдувањето со електрична енергија во Нук, главниот град на Гренланд, е повторно воспоставено откако невреме оштети далноводен кабел и остави илјадници жители без струја и греење во текот на ноќта. Од компанијата „Нукисиорифит“, која го снабдува градот со електрична енергија од хидроцентралата Буксефјорд, соопштија дека прекинот бил надминат околу 4:30 часот по локално време. Агенциите потсетуваат дека ваквите прекини не се реткост во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остра порака до украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека Унгарија нема да прифати притисоци или заплашувања. „Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина Зеленски треба да го запомни тоа“, напиша Орбан на социјалната мрежа X. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителна муниција за противвоздушна одбрана од сојузниците, по интензивните руски напади кои оставија стотици илјади жители на Киев без струја и греење среде зима. „Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 водени бомби и 69 ракети од различни видови“, изјави Зеленски по пристигнувањето во Вилнус. „Затоа ракетите за системите за ...
Во Грција е прогласена портокалова фаза. Предвидена е прогноза со обилни дождови и грмотевици низ поголемиот дел од земјата. Силни јужни ветрови ќе влијаат на Јонското Море во недела и на Егејското Море утре, достигнувајќи до 8 степени според Бофортовата скала во некои области. Се очекуваат изолирани снежни врнежи во планините на западна и северна Грција. Видливоста може да биде намалена во внатрешноста поради утринска магла. ...
Најмалку 80 политички затворенуцу се ослободени во Венецуела. Станува збор за лица кои водечката венецуелска група за заштита на човековите права ги смета за политички затвореници.Тие се ослободени во рамки на процесот на пуштање затвореници кој е во тек. – Луѓе се пуштени од затвори низ целата земја и треба да има повеќе ослободувања од затвор, објави на Икс, Алфредо Ромеро, директор на венецуелската група за заштита на човековите права ...
Убиството на Алекс Прети ја потресе нацијата и, според поранешниот претседател Барак Обама, треба да биде аларм за сите Американци дека основните вредности на САД се под закана. Обама посочува дека федералните органи за спроведување на законот и имиграциските агенти имаат тешка задача, но дека јавноста очекува тие да дејствуваат законски, одговорно и во соработка со локалните и државните власти. „Тоа не е она што го гледаме во Минесота, ...
Главниот град на Кипар, Никозија, ја освои титулата најдобра европска културна дестинација за 2026 година, според изборот на платформата European Best Destinations. Признанието ја потврдува трендот на туристите кои сè почесто бараат патувања исполнети со култура, историја и локални вкусови, наместо класичен одмор на плажа. Градот се издвојува со комбинацијата на богато историско наследство и современа креативна сцена. Неговото компактно ...
Спасувачките екипи денеска ја завршија потрагата по жртвите на лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако на вториот ден од операциите беа пронајдени уште 14 тела, со што бројот на потврдени загинати се искачи на 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник. Силните дождови, кои почнаа еден ден претходно, предизвикаа лизгање на земјиштето утрото во близина на едно село во округот Западен Бандунг. ...
Индиските здравствени власти се во вонреден режим во обид да ја сопрат новата епидемија на вирусот Нипа – опасна зооноза што се пренесува од лилјаци на луѓе и има стапка на смртност меѓу 40 и 75 проценти. Според најновите информации, потврдени се пет случаи на инфекција во областа околу Калкута, додека речиси 100 лица се ставени под здравствен надзор поради можен контакт со заразени, објавуваат локалните медиуми. Вирусот Нипа, кој ...
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на социјалната мрежа X, по синоќешниот национален протест на опозицијата, осудувајќи ги актите на насилство и уништување на јавен имот, изразувајќи солидарност со полицајците кои беа повредени за време на судирите. Рама нагласува дека протестот е демократско право, но организираното насилство нема никаква врска со слободата на изразување. Додава дека во Европа има демонстранти, анархисти, екологисти, ...
Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето во грчкиот град Патра, биле откриени над 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис во вредност од 1,7 милиони евра, за што уапсени се две лица. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на ...
Морничаво убиство ја потресе истанбулската населба Шишли, откако во контејнер за ѓубре беше пронајдено безживотно тело на жена, завиткано во чаршаф и без глава. Според истрагата, жртвата била донесена на локацијата во куфер, по што телото било фрлено во контејнерот. Телото го открил ОК, собирач на хартија, кој се посомневал кога се обидел да го подигне чаршафот. „Кога почувствував тежина, помислив дека е животно. Но не можев да го ...
Милорад Додик, неформалниот лидер на Република Српска е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател. Појадокот е предвиден да се одржи во Вашингтон почеток на месец февруари. Во интервју за белградскиот весник „Политика“, Додик потврди дека добил покана да присуствува на молитвениот појадок, но не е сигурен дали ќе патува поради повторените избори што ќе се одржат за претседател на Република Српска закажани за ...
Полициско куче душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во грчкиот град Патра. Дрогата се наоѓала во камион на пристаништето каде имало 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис. Уапсени се две лица. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на товарно возило (со полуприколка) управувано од 49-годишен грчки ...
На 24.01.2026 година во 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во пешакот Б.С.(49) од Охрид и без да застане, го напуштил местото. Пешакот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде му се констатирани телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот по што, ќе бидат ...
На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување” и „Соизвршителство при грабнување”. Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито” во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје. Откако А.А. ја забележал девојката, извесно време ја следел и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во ...
Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот. – Денеска во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна кавадарчанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки, кај неа биле ...
72 – годишна жителка на село Буково била измамена од лице кое се претставило како лажен инспектор. Телефонски, тој ја информирал дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување, оштетената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на договорена локација во Битола. Откако утврдила дека настанот не е вистинит, случајот бил пријавен во полиција. Денес, СВР Битола, во координација со Одделот ...
Денеска (25.01.2026) околу 11:30 часот е пријавена тешка сообраќајна незгода во село Долно Коњари, скопско. Според првичните информации, патничко возило со скопски регистарски таблички, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило, по што било удрено и лице – пешак И.Ф. Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале животно ...
Денеска, иако е недела, повторно се изврши конфискација во добро координирана акција на МВР Струмица, шумската полиција од Струмица и екипите на „Национални шуми“. Според статус на Кире Михаилов, заменик-директор на „Национални шуми“, беа одземени пет запрежни коли натоварени со огревни дрва и други материјали, со кои се вршела нелегална сеча и пустошење на шумата. Во текот на утрешниот ден ќе бидат поднесени пријави против сите лица ...
Секогаш кога ВМРО нема одговор за проблемите на граѓаните, за тешката економска состојба, за тендерите, оската со Орбан и Вучиќ, се пушта приказната во јавноста за деофкус. Последен пример: Законот за пушење. Доволно е граѓаните да ги погледнат временските периоди на сите претходните најави и објави за овој закон, особено после важните објави на СДСМ, и сè е јасно. Идејата на власта е сите граѓани да зборуваат за забраната за пушење, ...
Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, сe sпроведe минатата година од АХВ. „Покрај домашниот промет, предмет на контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и одржувањето на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса ...
Шарената џамија во Тетово и Хаџи Балабан џамијата во Скопје ќе бидат реставрирани со поддршка на Турската дирекција на Вакуфи. Протоколот за соработка го потпишаа поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи, и Генералниот директор на Вакуфите, Синан Аксу, во Турција. -Потпишаниот протокол претставува конкретен чекор кон зачувување и пренесување на заедничкото вакуфско наследство на идните генерации, зајакнувајќи ја институционалната соработка и ...
Tобако продавниците, киосците, мини маркетите и другите мали семејни бизниси ќе бидат сериозно погодени од новиот закон за заштита од пушење. Тие ќе се соочат со сериозни дополнителни трошоци и загуби поради кои дел ќе треба да отпуштаат вработени, а дел ќе бидат принудени целосно да ги затворат продавниците. Ова е ставот на малите трговци за нацрт-законот за заштита од пушење, со кој се предвидува драстично заострување на државната ...
Компанијата IFL Watches објави ранг листа на часовници кои ги носат шефовите на држави и влади на НАТО и колку чинат. Мицкоски со еден негов часовник од 6.900 долари е на врвот на таа листа, помеѓу топ пет, со најскапи часовници. Не му го виделе имотниот лист на Мицкоски, со 60.000 евра колекција на скапи часовници, инаку сигурно би бил прв на листата. Тажно е ова за Македонија и за сите нејзини граѓани. Македонија е на последно место на ...
Обилни врнежи од дожд и високи дневни температури не очекуваат идната недела, велат од УХМР. Под влијание на циклонска активност во текот на ноќва и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во Скопје почнувајќи од утринските часови ќе има повремени ...
Утре напладне околу 370 товарни возила ќе ги блокираат сите гранични премини во државата, со што ќе биде целосно запрен товарниот сообраќај кон Европската унија и транзитот низ регионот. Ќе се пропуштаат само камиони што превезуваат лекови, жива стока, експлозиви и муниција. Причина за протестот е новиот систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната, со кој на камионџиите од Западен Балкан им се ограничува дозволениот престој. ...