Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Соопштение за јавност од СДСМ Зголемување на цената на парното. Зголемување на цената на струјата. Зголемување на цената на нафтата. Зголемување на данокот на имот. Сѐ се зголемува. Освен платите. Во буџетот нема пари. Наскоро нема да има ниту за пензии. Потрошувачката кошничка се зголеми за 10.000 денари. Земјоделците се без субвенции. Нема ИПАРД затоа што го уапсија директорот од ВМРО поради корупција. Намален е откупот. Поскапе ...
Доктор Никола Пановски со остра реакција на социјалните мрежи посочи на, како што оценува, неверојатен бирократски пропуст поврзан со водоснабдувањето во Гостивар. Според неговиот Фејсбук-статус, проект вреден седум милиони евра, финансиран со швајцарски грант, бил закочен поради неплатена фактура од 16.500 денари. Пановски се повикува на информации објавени во телевизиските вести, според кои ЈП „Комуналец“ – Гостивар соопштило дека ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават. „Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ...
Просториите на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле вандализирани во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, а на објектот биле испишани графити со натпис „УЧК“. Случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и презема мерки за негово расчистување. Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ на Фејсбук објави снимка од безбедносните камери, на која, според него, се гледаат две лица кои со автомобил ...
Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди притвор до 30 дена на македонската државјанка С.С. од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Одлуката за притвор следува откако Основното државно обвинителство во Улцињ претходно ѝ одреди задржување до 72 часа и побара од судот таа да остане во притвор. Според информациите од црногорските институции, ...
Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди притвор до 30 дена на македонската државјанка С.С. од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Одлуката за притвор следува откако Основното државно обвинителство во Улцињ претходно ѝ одреди задржување до 72 часа и побара од судот таа да остане во притвор. Според информациите од црногорските институции, ...
Три жени се повредени во напад со нож што се случил во понеделник претпладне во Париз, а осомничениот напаѓач е уапсен благодарение на интервенција на полицаец кој во моментот не бил на должност, соопштија француските власти. Нападот се случил околу 11:30 часот во областа Порт де Клиши, во северозападниот дел на француската престолнина. Според досегашните информации, напаѓачот бил вооружен со два кујнски ножа и нападнал три жени на ...
Тешка и невообичаена сообраќајна несреќа се случила ноќеска во Штип, откако 21-годишен сопатник паднал од отворен прозорец на автомобил во движење и се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен околу 01:35 часот во СВР Штип, а се случил на крстосницата на улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“. Станува збор за патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (22) од ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражни постапки против четири лица откако во неколку одделни полициски акции во текот на викендот биле пронајдени значителни количества марихуана, амфетамин, таблети, ЛСД и други психотропни супстанции за кои постои сомнение дека биле наменети за продажба. Меѓу осомничените се татко и син, 25-годишник од Арачиново и 23-годишен жител на скопската Општина Аеродром. За сите четворица надлежниот ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Во фокусот на разговорите беа реформите во земјоделството, користењето на европската поддршка и натамошното унапредување на соработката со Европската Унија. Соговорниците разговараа за процесот на усогласување со европските стандарди во земјоделството и руралниот развој, ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица осомничени за семејно насилство врз сопствените мајки. Во двата случаи станува збор за кривично дело „Телесна повреда“ согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство. Првиот случај се однесува на 34-годишен маж, кој на 25 јули во вечерните часови побарал пари од својата мајка. Откако таа му кажала дека нема од каде ...
Во Македонија од почетокот на годинава се регистрирани осум случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од вкупниот број, седум случаи се лабораториски потврдени, додека еден се води како веројатен. Само во текот на јули се потврдени пет нови случаи на вирусот, иако кај дел од пациентите првите симптоми се појавиле уште во мај и јуни. Последниот случај бил евидентиран минатиот ...
Тројца прилепчани се лишени од слобода во Охрид откако полицијата кај еден од нив, а потоа и при претрес на стан во кој престојувале, пронашла марихуана, бела прашкаста материја, повеќе таблети, гриндери со остатоци од марихуана и стаклен предмет со печурки. Полициската акција започнала во раните утрински часови на 26 јули, за време на концерт кој се одржувал во спортскиот центар „Биљанини извори“ во Охрид. Според информациите од ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против двајца стоматолози поради сомнежи за корупција поврзана со полагање стручен испит, а доказите кои довеле до новиот предмет биле откриени при анализа на мобилни телефони одземени во истрагата за случајот познат во јавноста како „Ботокс“. Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донел Наредба за спроведување истражна постапка против две лица. ...
Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, информираат од Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“. Според соопштението, интервенцијата ќе се спроведува на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, а целта е подобрување на состојбата и редовно одржување на водоводниот систем. Додека траат ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Последната анкета спроведена во јуни од Институтот за истражување „Стратум Р&Д” потврдува дека ВЛЕН е прва политичка сила кај Албанците. На прашањето: „Доколку денес се одржат избори, за која политичка партија би гласале?”, 34% од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВЛЕН, додека 30% за ДУИ. Ова е втора анкета во изминатите два месеци која го позиционира ВЛЕН пред ДУИ. Резултатите од ова ...
На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, 41-годишната И.Ѓ. од Битола, управувајќи четирицикл, изгубила контрола и се превртела. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ѓ., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, ...
Народната банка спроведе две одделни анкети за мерење на задоволството на корисниците и доставувачите на статистички податоци. Анкетите се дел од постојаните активности за унапредување на процесот на прибирање податоци, подобрување на нивниот квалитет, како и на начинот на презентација и достапност за јавноста. Резултатите покажуваат уште повисоко ниво на задоволство од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и ...
Регулаторната комисја за енергетика донесе одлука за корекција на цената на топлинската енергија во Скопје. Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија се зголемува за 5,96 проценти. Покачување ќе има и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“ односно т.н. железарско парно каде зголемувањето изнесува 5,18 проценти, додека за корисниците на „Скопје Север“ ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски – министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар. Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти”. Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети. За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз ...
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за ...
Соопштение за јавност на Левица: Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет. Владите во последните дваесет години, предводени од ДПМНЕ и ...
Генералниот секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП), Џабир Доко, на денешната прес-конференција изрази сериозна загриженост по повод последната реконструкција на Владата и вклучувањето на Демократската партија на Турците (ДПТ) во владејачката коалиција. Џабир Доко истакна дека ТХП го почитува демократското право на политичките партии да учествуваат во власта, но оцени дека симболична функција без реални надлежности не може да се ...
Шпанија е чекор поблиску до повторно активирање на рудникот „Пенута“, кој повеќе од четири децении беше надвор од употреба. Со новата инвестиција, Европската Унија ќе добие сопствен извор на критичните минерали тантал и ниобиум. Она што особено привлекува внимание е определбата на инвеститорот најголем дел од придобивките да останат во локалната заедница. Компанијата најави дека предност при вработувањето ќе имаат жителите од регионот, а ...
По серијата лабораториски испитувања, водата во Гостивар е оценета како безбедна за техничка употреба. Тоа значи дека граѓаните можат да ја користат за капење, миење садови и останати домашни потреби, но таа сè уште не е препорачана за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција. Тошковски нагласи дека дистрибуцијата на флаширана вода ќе продолжи сè додека не се ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и ...
Соопштение за јавност на Левица: До Левица беа доставени фотографии и пријава од загрижени жители на с. Долни Балван, Општина Карбинци, кои алармираат дека од сточарска фарма со години се испуштаат течен животински измет и фекалии во канал што директно се влева во реката Брегалница. Граѓаните веќе поднеле официјално барање до Државниот инспекторат за животна средина, со кое бараат итен вонреден инспекциски надзор, земање мостри од водата ...
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, објавени утрово. Од јавното претпријатие соопштија дека го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и ...
Соопштение за јавност на Левица: Денес Собранието ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи амандманската расправа покажа дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку одби речиси секој предлог што значеше поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. Левица поднесе 47 амандмани со кои ...