Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Соопштение на Левица: ДПМНЕ со години го претвораше Артан Груби во рекламно лице на сопствената борба против криминалот. Прес-конференции, милионски афери, крупни риби, спектакуларни ветувања за одговорност и триумфални соопштенија дека правда ќе има. Во февруари отидоа дотаму што прогласија дека судскиот процес веќе почнува, иако обвинение тогаш немаше. После такво чукање во гради, резултатот што го произведоа институциите е толку ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори ...
По три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски”, со што проектот влегува во својата завршна фаза, информираат од Град Скопје. По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална ...
На 14.08.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(35) од Скопје, пријавил дека на 13.08.2026 околу 21:30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако пристигнале нејзините родители на местото на настанот, малолетниците се разбегале во двор од куќа на сосетка, каде пријавителот ги задржал малолетниците, но потоа истиот бил физички нападнат од ...
Соопштение на Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици. Конкурсот преку кој странски издавачи добиваа средства за превод и објавување дела од македонски автори постоеше од 2014 до 2024 година. Оттогаш па наваму – ништо. За мала книжевна сцена со ограничен јазичен пазар, преводот не е луксуз. Тој е еден од ретките начини македонските автори да стигнат до ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на Шестдневната војна во 1967 година. „Дали нешто такво може ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми. На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали. Нагласи дека социјалните медиуми како никогаш ...
Франција, Германија и Велика Британија работат на создавање свој преговарачки формат за решавање на украинскиот конфликт, стравувајќи дека ќе бидат исклучени од процесот од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на европски претставници. Европските дипломати развиваат формат за идните разговори што би им дал приоритет на европските земји. Париз и Берлин играат водечка ...
Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички затвореник, а САД го нарекоа овој потег значаен чекор кон национално помирување, јави ДПА. Аналитичари ја гледаат одлуката во Каракас како еден од првите резултати од преговорите меѓу владата на вршителот на должноста венецуелска претседателка Делси Родригез и претставниците на опозицијата. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го нарече ослободувањето на затворениците „витален ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка. Кога во нивниот дом ...
На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В., за кого од надлежен суд била изречена мерка на претпазливост – забрана за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа ...
Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави ...
Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори Питер Сомуа Груп од Гана и Холандија во 20 часот, по што во 21:30 ...
Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за ...
Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема. Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула! Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се ...
Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...
Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се случила околу пет часот наутро. Од засега ...
Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје” и дека е „многу вкусна”. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени. Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август. Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста – ...
Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оценувајќи дека се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. – Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите ...
Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, при што се оштетени згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти. Според Националниот географски институт (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот наутро, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендин, во метрополитенската област Гранада, објави „Паис“. Земјотресот е ...
Имало или немало загадување во случајот Мазут? Ова прашање е можеби прашањето за кое македонската јавност е најзагрижена во врска со овој случај. Инаку „Мазут“ е моментално на одлучување во Вишото јавно обвинителство, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реши да ја запре истрагата поради недостаток на докази. Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива каде се пропишуваат ...
Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници ...
На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во ...
Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. „Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни ...
Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви. Oвој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Либан во замена за разоружување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“. „Откако ќе го победиме Иран… ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк. Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став. „Она што го ...
Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот ...
Јапонски тим научници објави дека се на работ на вакцина што ќе ги уништи застарените, уште наречени и „зомби“ клетки, чијшто број се зголемува со возраста и што влијаат на околните клетки, што доведува до нарушувања поврзани со возраста, вклучително и намалена еластичност на артериите. Застарените тн. „зомби“ клетки што престанале да се делат, но не умираат, предизвикуваат воспаление со ослободување хемиски соединенија што ги оштетуваат ...
Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја кората, нежно притиснете го плодот и помирисајте го. Прво, обрнете внимание на изгледот. Квалитетниот домат не треба да има темни дамки, големи пукнатини или оштетувања. Ако кората е кашеста или плодот е видливо вдлабнат, подобро е да го прескокнете. Потоа нежно притиснете го со прстите. Добриот, зрел домат треба ...