Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. По изборот, Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд. Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ...
Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнаа кампања со јасна порака до возачите – не користете мобилен телефон додека сте зад воланот. Од кампањата предупредуваат дека за тешка сообраќајна несреќа понекогаш е доволен само еден момент на невнимание. Читањето порака, погледот кон екранот или користењето на телефонот може за само неколку секунди целосно да го одвлече вниманието ...
Владата донесе одлука повторно да го отвори процесот за вработување на преостанатите 300 специјализанти, кои беа опфатени со претходната одлука за вкупно 600 вработувања во јавниот здравствен систем. Процесот треба да заврши до крајот на годинава, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Тој на денешната прес-конференција посочи дека станува збор за продолжување на процесот започнат со владина одлука од 2024 година, чија ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и ...
Директорот на руската компанија за развој на дронови, Андреј Черезов, е хоспитализиран денеска по вооружен напад во Тула, кој истражителите го третираат како обид за атентат, јавуваат руските медиуми. Черезов, раководител на компанија која развива беспилотни летала, беше нападнат во Тула, град на околу 190 километри јужно од Москва. Според рускиот портал Меш, непознат напаѓач го чекал Черезов на скалите од зградата и испукал три куршуми ...
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува со ...
Водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово привремено е забранета за пиење, откако лабораториските анализи покажале бактериолошка неисправност, информира Општина Охрид. Испитувањата биле извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, при што во водата било утврдено присуство на бактеријата E.coli, како и колиформни бактерии. По добиените резултати е донесено решение со кое се забранува употребата на водата од изворите за ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер, на која беше потврдена одличната билатерална соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и реформските процеси. На средбата беше оценето дека Германија е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда, во областа на меѓународната правна помош и ...
Продолжува трендот на намалување на бројот на пациенти кои побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, соопштија од Министерството за здравство. Според податоците од здравствените установи, во текот на вчерашниот ден (28 јули 2026 година) биле евидентирани вкупно 71 новопрегледани пациенти, што претставува намалување во однос на претходниот ден. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани 49 ...
Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови. Од Град Скопје информираат дека во текот на изминатите месеци биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците. Дезинсекцијата против ларви ...
Советот на Народната банка го усвои Кварталниот извештај, според кој најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции. Во Извештајот се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото. Домашната инфлација очекувано забрза во вториот квартал, и натаму е на релативно ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го презентираше Годишниот извештај „Индикатори за степенот на слободата на медиумите и Индекс на безбедноста на новинарите 2025“, кој нуди сеопфатен преглед на медиумските слободи, професионалната независност и безбедноста на новинарите и медиумските работници во Северна Македонија. Извештајот покажува дека во 2025 година се забележани одредени позитивни поместувања, меѓу кои воспоставувањето ...
Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија. Санџак Курт е дипломиран градежен ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″. Ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои не дозволија по скратена постапка да се протурка закон чија единствена цел беше ...
На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени. Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за ...
Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување. „Уште од ...
Пратеничката Славјанка Петровска остро го критикуваше Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека со него се отвора можност 21 милион евра јавни средства да се трошат без примена на Законот за јавните набавки. Според Петровска, наместо да се извлечат поуки од проектот „Скопје 2014“, за кој беа отворени истраги за дел од јавните набавки, актуелната власт предлага модел што, ...
Вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП” даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се ...
Последните податоци на новозаболени укажуваат на смирување на епидемијата во Гостивар, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека во изминатите 24 часа се регистрирани 71 нов прв контакт. Според него, оваа бројка е на ниво на вообичаената фрекфенцијата што била забележана пред почетокот на епидемијата, односно пред 25 јуни. „Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Формален крај на ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански” во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо. „Последните недели ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека новиот предлог закон за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата за 2028″ не е проблем. Добри практики за вакви проекти постојат низ Европа. Проблемот настанува кога речиси секој закон кај нас секој се претвора во алатка за местење тендери, криење од јавноста и концентрирање на моќта во неколку партиски раце. Додека устите им се ...
На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица. А.Т.(27) од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а ст.2 в.в. ст.1, С.Ч.(56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 ...
Во Собранието денеска: избор на нов уставен судија и нови заеми од Светска банка. Нов послушник се бира. Стариот избега од одговорност. А ние повторно се задолжуваме – за да ги враќаме старите заеми. Од шупло во празно. Буџетот е во „одлична кондиција”, ама секој ден нов заем. Судството е „независно”, ама се бираат кадри што ќе слушаат. Ова е систем што работи само за Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. За тендери, за ...
Ирачките Народни мобилизациски сили (ПМФ) соопштија дека осум нивни припадници загинале, а четворица биле ранети во заеднички воздушни напади на Саудиска Арабија и на САД врз нивни позиции низ Ирак, пренесува „Ал џезира“. Саудиска Арабија и Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) рано утринава соопштија дека заедничките воздушни напади биле насочени кон проирански милиции во Ирак, кои, според нив, стојат зад нападите врз американски војници ...
Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, и директорот на Клиничка болница Тетово, д-р Ерзен Елези, заедно со делегација на Светска банка и претставници на Министерството за здравство, денеска ја посетија КБ Тетово. На посетата беше презентиран концептот за темелна ...
Рударството и натаму е еден од секторите со највисоки примања во Македонија. Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата во секторот „рударство и вадење камен“ во мај изнесувала 61.228 денари, што е зголемување од 5,8 проценти во споредба со претходниот месец.Сепак, високите плати не се доволни сами по себе за развој на секторот. Поради застојот на новите инвестиции, не се отвораат нови работни места, а бројот на рудари ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта Северна Македонија. За само две години, три американски и германски инвеститори донесоа одлука да го прекинат или да го преселат своето производство, што претставува сериозен удар за економијата и за вработените. Ова веќе не може да се претставува како изолиран деловен случај. Инвеститорите гледаат држава без јасна европска перспектива, ...
Соопштение за јавност на Левица: Додека во Собранието од денес влегува во постапка Предлог-законот за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028″, кој предвидува и основање на Фондација, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе го назначи екс директорот на МРТ, Марјан Цветковски за директор на Фондација која правно сè уште не постои. Ова назначување го отвара наједноставното, најлогично, но и најсуштинско прашање: врз основа на ...