Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Руската новинарка Дарја Шипачева (35) е осудена во Москва на 12 години затвор во казнено-поправна колонија и парична казна од 300.000 рубљи поради наводно предавство на државата. Како што пренесе порталот „Медиазона“, пресудата ја изрече судијата на Московскиот градски суд, Сергеј Подопригоров. Обвинителството за Шипачева побара токму толкава казна, а одбраната побара од судот да го земе предвид нејзиното признавање на вината и ...
На 29.07.2026 во 00:30 часот на ул.„Партизанска” во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(36) од Струга. Претходно, тој со патничко возило „опел вектра” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода. По преземени мерки, полициските службеници кај него констатирале 2,50 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај. Возилото било одземено и по целосно документирање на ...
Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари кои беснеат на нејзината територија, посебно преку испраќање специјалисти за тој вид катастрофи, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон. Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори во Белата куќа и во американскиот Сенат, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Канал 5 ги презентираше клучните аспекти од изработката на ДУП-от „Барутана”, потенцирајќи дека новиот план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење и воведува јасни правила за заштита на просторот на Водно. Наводите за можни ерозии ги отфрли како нестручни бидејки се темели врз стручни анализи и физибилити студии. „ДУП-от е дете на ГУП-от, кој е ...
Вон контрола е големиот пожар што избувна околу 14.30 часот јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и поради силниот ветер брзо се прошири, а во кој додека интервенираа во гаснењето загинаа двајца пожарникари, додека пак од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите на осум села за евакуација, а евакуации беа спроведени и по морски пат, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија ...
На 28.07.2026 во 20:40 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на пат на место викано „Голем мост”, атар на с.Костур, кривопаланечко, патничко возило „лада нива” со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Г.А. од Крива Паланка, удрило во камен и се превртело на патот. Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка. ...
Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи денеска во објава на Фејсбук соопшти дека Владата на вчерашната седница го назначила за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел. Фетаи во напишаното им заблагодарува на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, посочувајќи дека доделувањето на ваквата функцијата му претставува голема чест, но уште поголема одговорност. „По долгата кариера во ...
Денеска во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоците поврзани со непропуштање возила со првенство на минување. При контролата преземени се вкупно 43 мерки за овој вид сообраќаен прекршок. За време на акцијата санкционирани се и 123 други видови сообраќајни прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека поднела обвинение против основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, за поддршка на терористички активности и оти по него е распишана меѓународна потерница. ФСБ наведе дека обвиненијата се однесуваат на тоа што „Телеграм“ не отстранил материјали „што украинските специјални служби, како и терористички и екстремистички организации, ги користеле за подготовка и координација на ...
„Во 21 век да се случи вакво загадување на водоводот со колиформни бактерии е рамно на катастрофа. Обично вакви случаи има при поплави или други елементарни непогоди. Сите што имаат одговорност треба да одговараат”, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во вестите на Телевизија 24, посочувајќи дека случајот со Гостивар покажува сериозни пропусти на оваа валст како и во лошата институционалната комуникација. „Кога ...
На 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на општински пат с.Калуѓерица – с.Подареш, во атар на с.Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(51) од с.Ораовица, радовишко и трактор со приколка, управуван од Г.М.(56) од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И.(39), А.И.(41) ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда, изјави: „Да, па денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс-периодот зад декември и оние коишто се во нормален колосек до декември, коишто истекуваат 2026 година. Ние сме ...
Шумски пожари денеска избувнаа ширум западна Турција, уништувајќи неколку домови, принудувајќи евакуација на други домаќинства и на една јавна болница, како и затворање патишта, додека пожарникарите се борат со огнените стихии, јавија локалните медиуми. Како што пренесе ДПА, засега нема информации за жртви. Властите предупредија на опасноста од ширење на шумските пожари поттикнати од екстремните температури и силните ветрови. Најмалку ...
На 28.07.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од с.Арнакија, општина Сарај и електричен тротинет, управуван од деветгодишно дете од с.Арнакија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при ...
Наградата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и реализација на проекти со поддршка на Европската Унија, кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во фокусот на разговорите беа тековните и идните активности во областите што ...
Се очекува температурите во одделни делови на Германија утре да пораснат до 39 степени Целзиусови, во рамките на најновиот топлотен бран што ја погоди Европа. Како што пренесе ДПА, се очекува утре да биде најтоплиот ден од актуелниот топлотен бран, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (DWD). Температурите ќе се движат од 26 до 31 степен долж брегот и од 32 до 39 степени ширум поголемиот дел од земјата. Исто така, постои ризик ...
Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот, пожарoт избувнал во кујната каде жената готвелa и со голема брзина се проширил, што условило неможност да излезат од куќата. “Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од ...
Земјите членки на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе одржат итен состанок подоцна оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство. Како што објави денеска Би-Би-Си, 55-те членки на ...
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со ИНЕА, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана. На средбата беа разгледани можностите кои ги нудат ТИР зоните, како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни места. Директорот Димовски ги претстави поволностите за странските инвеститори што ги нуди ...
Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општината. Од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе возврати на новите ирански ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток. – Ќе ги претепаме … Ќе ги удриме силно. Ги чека сериозен ќотек – изјави Трамп за „Фокс Њуз“. Во текот на повеќемесечниот конфликт, Трамп повеќе пати му се закануваше на Иран со жестока воена акција, иако неговата реторика не беше секогаш проследена со воени напади, пренесува ДПА. Централната ...
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Телеком договорија соработка по што големата спортска сала е ребрендирана во „Т Арена“. Целиот Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доби нов изглед со препознатливата магента боја на „Т“ брендот. – Ова е убав момент за нас СЦ „Борис Трајковски“ и за Македонски Телеком кој повторно е застапен овде во Арената. Покрај визуелното разубавување и на надворешниот и во внатрешниот простор ова партнерство ќе ...
Најмалку 18 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, што вчера ја погоди Јапонија. Се очекува бројот на жртви од потресот, што ја погоди префектурата Кумамото, во јужниот остров Кјушу, да се зголеми бидејќи многу луѓе сè уште се водат како исчезнати. Земјотресот достигна Шиндо 7, највисокото ниво на јапонската скала за сеизмички интензитет, соопштија локалните власти. „Изразувам најдлабоко сочувство ...
Во астрологијата, полната Месечина се смета за период кога емоциите и внатрешните процеси го достигнуваат својот врв, а работите што долго биле потиснувани можат да излезат на површина. Токму таква симболика ѝ се припишува и на полната Месечина на 29 јули, која според традиционалните називи е позната и како Еленска Месечина. Полната Месечина се одвива во знакот на Водолија и, според астролошките и езотеричните толкувања, носи период на ...
Соопштение на Левица: ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. Потешко политичко самопоништување одамна не е видено! Истата личност која и според реториката ...
Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата и да продолжи кон Србија, објави „360 степени“. Според информациите на медиумот, Марковски бил задржан при обидот да ја премине границата, но проверките покажале дека против него нема активна мерка која би ...
Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. По изборот, Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд. Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ...
Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнаа кампања со јасна порака до возачите – не користете мобилен телефон додека сте зад воланот. Од кампањата предупредуваат дека за тешка сообраќајна несреќа понекогаш е доволен само еден момент на невнимание. Читањето порака, погледот кон екранот или користењето на телефонот може за само неколку секунди целосно да го одвлече вниманието ...