Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Одолговлекувањето и повикувањето на правен вакуум не го решаваат прашањето за рудникот Иловица-Штука, туку ја продолжуваат неизвесноста и оставаат простор за потенцијални милионски отштетни побарувања на товар на државниот буџет, посочува Мики Крстев, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица. Тој реагира дека изјавите на Мицкоски за отсуство на рокови и обврска за донесување анекс на концесискиот договор не претставуваат ...
Српската пејачка Гоца Тржан во четвртокот приредила вистински музички спектакл во преполната Сава Центар, каде што публиката ја дочекало атмосфера за паметење. Салата била исполнета до последното место, а енергијата што владеела во текот на целата вечер покажала колку публиката ужива во нејзините песни и изведби. Пејачката ги извела своите хитови, додека публиката цело време пеела заедно со неа, создавајќи атмосфера каква што ретко се гледа. ...
Долгот на македонските домаќинства по основа на станбени кредити достигна две милијарди евра, што претставува зголемување од 16,6 проценти за една година и 35 проценти во последните две години, предупредува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој посочува дека станбените кредити учествуваат со 40 проценти во вкупната задолженост на домаќинствата, оценувајќи дека ваквиот тренд дополнително го ограничува финансискиот капацитет на семејствата ...
Бугарскиот амбасадор во Србија, Ангел Ангелов, положи цвеќе во Белград во спомен на бугарските војници загинати во Првата светска војна. Бугарскиот конзул во Ниш, Димитар Иванов, положи цвеќе во месноста Ледена Стена во спомен на бугарските воени лица загинати во Втората светска војна, јавува БТА. По повод Архангелската задушница, наречена и Машка задушница, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дипломати од бугарската мисија во Белград ...
Европската шампионка на 1.500 метри и двократна ирска олимпијка, Сијара Магин, почина денеска на 34-годишна возраст по тешко боледување. Ирската атлетичарка објави во јули 2025 година дека ѝ е дијагностициран рак на дебелото црево. Врвот на кариерата на Магин се случи во 2024 година, кога го освои европското злато на 1.500 метри во Рим. Ирската атлетичарка ја претставуваше својата земја на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во Токио, но ...
Гаел Монфис е нов селектор на тениската репрезентација на Франција во Дејвис купот, соопшти Француската тениска федерација. Монфис, кој во вторникот официјално се прости од професионалното играње тенис, ќе го наследи Пол-Анри Матје, кој беше на чело на националниот тим во изминатите три години. По 22 години поминати на професионалната тениска сцена, Монфис ќе го пренесе своето богато искуство на новата генерација француски тенисери. Во ...
Дури и откако ќе вечераат и ќе се чувствуваат сити, многу луѓе добиваат желба да го отворат фрижидерот или кујнскиот шкаф и да побараат нешто благо. Оваа навика е доста распространета и, според експертите, не е секогаш поврзана со гладот, туку и со начинот на кој функционира човечкиот организам, пишува Би-Би-Си. Истражувањата покажуваат дека околу една третина од луѓето секоја вечер консумираат грицки или мали оброци по вечерата. Кај ...
Законските измени кои Владата ги образложува како дел од усогласувањето со европското законодавство се најдоа под силна критика од опозициската Левица, еколошките организации и Младите правници. Главните забелешки се однесуваат на можноста за повторно доближување на тешката индустрија до населени места, слабеењето на механизмите за справување со контаминирани локации и намалувањето на просторот за јавен и институционален надзор Измените на ...
Струга Трим Лум славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Шкендија во дерби натпреварот од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Уште во 3.минута, по дуелот меѓу Бојку и Красниќи, судијата Трпчевски покажа на белата точка за гостите, но по интервенција на ВАР собата тој ја поништи својата првична одлука. Во вториот домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Христијан Малески во 72. минута. До крајот успеаја да издржат ...
Моторот на Бетмен, познат како „Бетпод“, ќе биде понуден на аукција за филмски реквизити, а се проценета дека би можел да достигне цена од 1,2 милиони долари. Моторот се користеше во филмовите на Кристофер Нолан „Темниот витез“ (2008) и „Подемот на темниот витез“ (2012), во кои Кристијан Бејл го играше Бетмен. Моторот го продава аукциската куќа „Пропсторе аукции“. View this post on Instagram A post shared by 𝐙𝐚𝐜𝐤 𝐒𝐧𝐲𝐝𝐞𝐫 𓃵 ...
Патничко возило од марката „Фолксваген“ се запали денеска во близина на Католичката црква. Пожарот бил изгаснат со противпожарен апарат, а засега не е позната причината поради која дошло до избувнување на огнот. Засега нема информации за повредени лица или за поголема материјална штета. ИЗДВОЕНИ Македонскиот кикбокс е на врвот, но спортските институции не нè вреднуваат како што заслужуваме! “Уплати 10.000 денари, бара син ти во затвор” „Алта ...
По првите 45. минути на дуелот помеѓу Силекс и Вардар кој што во моментов се игра во Кратово, во рамките од новото 13. коло од ПМФЛ шампионатот, резултатот е оној почетниот 0:0. Домаќинот имаше можност да дојде во водство по асистенцијата на Ефтимов и голот на Шеро, но судиите оправдано го поништија погодокот поради офсајд на асистентот. Од друга страна пак, гостите најпрво преку Данев имаа супер шанса, но Џеков одлично брани, за да по ...
Струга ТЛ – Шкендија 1:0 е исходот од големото дерби на 13.коло во ПМФЛ. Победничкиот гол беше дело на Христијан Малески во 73.минута кога прекрасно биеше со глава за голема победа. Сега Струга ТЛ е лидер со 29 бодови со +2 пред Шкендија. Голема битка многу шанси на двете страни, но сепак Малески го реши дербито за голема, голема победа на стружани кои сега имаат “седум од седум“ дома и без примен гол. Струга ТЛ – Шкендија 1:0 е исходот од ...
Пет украински региони останаа без електрична енергија по новиот бран масовни руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти украинското Министерство за енергетика. Без струја останаа делови од регионите Дњепропетровск, Доњецк, Киев, Житомир и Харков, каде што, според украинските власти, се оштетени преносните и дистрибутивните електроенергетски мрежи. Засега не е соопштено колку домаќинства се погодени од прекините во снабдувањето. ...
Новиот модел на вештачка интелигенција веќе покажа значајна примена во реалниот свет со откривање на голем број ранливости во јадрото на Linux. Во август, OpenAI го претстави GPT-5.6 Cyber заедно со неговите нивоа на пристап Daybreak Red и Blue за истражувачите на безбедност. Оттогаш, OpenAI го објави својот водечки GPT-6 Astra, како и попристапните модели GPT-6 Sol и Luna. Сега, OpenAI откри дека нивниот внатрешен модел пронашол речиси ...
Центарот за документарни информации „Веритас“ објави дека во текот на септември и октомври оваа година, Хрватска, без никаква јавна најава и далеку од очите на јавноста, ги ексхумирала останките на две добро познати гробни места со српски жртви од војната во 1990-тите – на Новите гробишта во Книн и на гробиштата во Дарувар, пренесоа српските медиуми. „Ниту ексхумацијата во Книн, ниту онаа во Дарувар, не беа објавени на официјалната ...
Откако во декември 2023 година стана мајка на малиот Марио, популарната пејачка Марија Шерифовиќ не престанува да ја интригира јавноста. Нејзината одлука да се оствари во мајчинската улога со помош на сурогат-мајка покрена бројни дебати, а сега дополнително внимание предизвика изјавата на пејачката Нада Обриќ, која ги откри деталите за жената што ја носела бременоста. Имено, познатата босанска фолк-пејачка Нада Обриќ проговори за околностите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и НАСА вчера најавија планови за нова конференција на вселенската и авиоиндустријата во Соединетите Американски Држави со намера да ги надминат големите воздушни саеми во другите земји ширум светот. Настанот наречен „КејпВик“ (CapeWeek) се очекува да се одржи во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а да почне за две години, изјави Трамп во својот говор. Tonight, @POTUS joined us at @NASAKennedy at MAX ...
Холивудската ѕвезда Роберт Патинсон, познат по улогите во „The Batman“ и „Twilight“, е меѓу актерите кои се тестирани за улогата на новиот Џејмс Бонд. Според најновите информации објавени на 6 ноември, актерот поминал низ филмска аудиција за легендарниот агент 007, а конкуренцијата за една од најпосакуваните улоги во светската кинематографија станува сè поголема. Дали Роберт Патинсон ќе го замени Даниел Крејг во улогата на Џејмс Бонд? Ова ...
Од тројца пријавени кандидати, Рецензентската комисија ја предлага Нора Таравари како единствена која ги исполнува условите на конкурсот, без образложение зошто останатите двајца не ги исполнуваат критериумите за избор Ве известуваме дека постапката на избор по наведениот конкурс се уште е во тек, односно надлежните органи се уште немаат донесено конечна одлука за избор на кандидат – велат од Ректоратот на Универзитетот Кон крајот на минатиот ...
Медитеранскиот темперамент, грчките мелодии и силните емоции се споија на новиот авторски албум на Марија Мирковиќ. Инспирацијата за „Ел Греко“ музичарката ја пронашла за време на престојот во Солун, а во реализацијата на овој посебен проект ѝ се придружија Беба Балашевиќ и Алка Вуица, кои ги потпишуваат текстовите на шест песни. Грчката музика, нејзината неодолива енергија, темперамент и емоција послужија како инспирација за новиот авторски ...
И на 41-годишна возраст, Лука Модриќ е еден од клучните играчи за Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност продолжуваат да му овозможуваат да биде одлучувачки фактор во тимот, како што покажа во неодамнешната победа од 3-1 над Интер кога играше 90 минути. По градското дерби, дојде дуел со Ференцварош во Лига Европа на кој Милан загуби, а хрватскиот ветеран на терен мина половина час. „Наша цел е да се ...
На 07./08.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода десет лица, меѓу кои и 16-годишен малолетник, откако кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и различни видови прашкасти и грутчести материи. Станува збор за лице на возраст од 23 години од Велес, како и лица на возраст од 33, 30, 29, 46, 39, 21, 27 и 30 години и 16-годишник, сите од Скопје. Според полициските информации, кај лицата ...
На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, во автобус управуван од лице на возраст од 58 години, додека се превезувала како патничка жена на возраст од 79 години од Скопје, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 06.11.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено ...
Кошаркарот на Париз Баскет, Надир Хифи, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на десеттото коло во Евролигата. Хифи одигра одличен натпревар во победата на францускиот тим на гостувањето кај Анадолу Ефес, завршувајќи го дуелот со индекс на корисност 39. Францускиот кошаркар постигна 28 поени со одличен шут од игра (6/9 за два и 3/5 за три поени), а беше безгрешен и од линијата за слободни фрлања (7/7). На својот учинок додаде шест скока и ...
Тажната вест ја објави факултетот за туризам: 🖤🎗️ Со длабока тага и неизмерна почит се простуваме од нашата драга професорка и колешка, проф. д-р Симона Мартиноска. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид изгуби почитуван професор, посветен научник и, пред сè, прекрасен човек кој остави неизбришлива трага во нашата академска заедница. Со своето знаење, професионалност и долгогодишна посветеност на образованието и науката, професорката ...
Манчестер Јунајтед му даде посебно значење на вчерашниот ден и објави низа спомени од времето кога Сер Алекс Фергусон го водеше тимот, од едноставна причина што вчера се одбележа 40-годишен јубилеј од моментот кога славниот Шкотланѓанец го презема великанот од „Олд Трафорд“. Вчера се навршија точно 40 години од фамозниот 6-ти ноември 1986-та година кога Фергусон за првпат седна на клупата на театарот на соништата, а со овој значаен јубилеј се ...
Кол Палмер е едно од најзвучните имиња кои изостанаа од списокот на англиската репрезентација за претстојните натпревари против Хрватска и Шпанија во Лигата на нациите, а селекторот Томас Тухел објасни зошто не сметал на офанзивецот на Челзи. Палмер сезонава е во добра форма и на 11 натпревари забележа пет гола и три асистенции, но тоа не беше доволно за повик во националниот тим. Германскиот стратег истакна дека има доволно опции на ...
Во ОО на Сојузот на борци на НОАФБМ Прилеп се одбележаа 85 години од создавањето на партизанската химна „А бре Македонче“. Историчарот Рубинчо Белчески, претседател на Сојузот на борци и граѓани поддржувачи, низ текст и видео презентација посочи дека песната ,,пее” за слобода, борба, еднаквост, правда, за човечките подвизи, за затворските мачења, за тешкиот живот и дека е создадена во период од 23 октомври до 8 ноември 1941 година, во ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р.(61) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според информациите, на 29.09.2026 во семејниот дом во кривопаланечко, пријавениот физички го нападнал неговиот 12-годишен син, нанесувајќи му повреди. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава ...