Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД им додели на МОЛ и MOL Serbia Investment Kft. дополнителна лиценца во врска со потенцијалното аквизиција на сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС). Лиценцата важи до 28 февруари 2027 година. Лиценцата овластува одредени трансакции потребни за пренос на хартии од вредност издадени во Русија на MOL Serbia Investment Kft. и сродни ...
Тестенините со брокула и лимон се подготвуваат со само неколку состојки; бидејќи брокулата и тестенините се варат во иста вода, ова е идеално јадење за напорните работни денови. Кога ќе ви снема идеи за вечера, понекогаш е најдобро да побарате инспирација од докажани готвачи. Еден рецепт што им се допаѓа и на возрасните и на децата се тестенините со брокула (се користат фарфале, односно тестенини во форма на панделки) од познатата американска ...
Во галеријата „Остен“ на 5 ноември, во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на португалскиот уметник Луис Филипе Родригез со наслов „Од планината до морето“. Преку изложените дела, уметникот истражува апстрактни пејзажи со имерзивен, монументален и медитативен карактер. Овој сегмент од неговото творештво се одликува со дела во голем формат, со чиста монохроматика на графитот. Во оваа тематски заокружена самостојна изложба, Луис ...
За големиот број нерешени предмети во македонските судови, според професорката Рената Тренеска-Дескоска од Правниот факултет, проблемот е во три фактори, односно недостиг на судии и судски службеници, лошото управување и во процесните злоупотреби. Податоците објавени овој месец укажуваат на тоа дека има повеќе од 134.000 нерешени предмети, што е сериозен товар врз судството. Таа за „Локално“ изјави дека судовите работат со половичен капацитет ...
Една хранлива супа може да содржи изненадувачки голема количина хранливи материи. Една хранлива и богата супа може да содржи изненадувачки голема количина на хранливи материи. Благодарение на изобилството од зеленчук, интегрални житарки и протеини, во неа има многу состојки што се корисни за вашето тело. Сепак, одредени додатоци се особено импресивни, бидејќи нудат придобивки што одат многу подалеку од тоа само да ве заситат, загреат и ...
Во галеријата „Gallery MC“ во Њујорк беше отворена самостојната изложба „Trapped in the Nets“ на македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес. Како што соопштува Блажес, изложбата, која трае до 10 ноември, обединува слики од голем формат на синтетичко церадно платно и дела на алуминиум со примена на смола и мрежа. Ликовниот уметник Иванчо Талевски, во својот осврт кон изложбата вели дека Блажес се свртува кон водите на Охридското Езеро, не само ...
Состојки: 250 г брашно 1 кесичка прашок за печиво 200 г афионово семе 600 г јаболка 200 мл масло 150 г шеќер 1 кесичка ванилин шеќер Изрендана кора од еден портокал 200 мл вода За чоколадната глазура: 5 лажици масло 200 г чоколадо за готвење Подготовка: Загрејте ја рерната на 180°C. Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, афионовото семе, прашокот за печиво и изренданата кора од портокал. Добро измешајте и оставете ...
На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) донесе одлука за одземање на овластувањето за обезбедување услуги за плаќање на платежната институција „Алта Пеј Груп“ ДОО Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Ова го објави ЦБЦГ на социјалната мрежа Фејсбук. „Одлуката е донесена во согласност со Законот за платни ...
Пред десет дена, „Волво“ објави оперативна загуба од 500 милиони евра во третиот квартал од 2026 година и елиминација на уште 2.500 работни места. Истиот ден, акциите на шведскиот автомобилски гигант изгубија 25 проценти од својата вредност, а од почетокот на годината потонаа за 65 проценти, што укажува дека „Волво“ можеби е во најголемата криза во својата стогодишна историја. Тековните бројки најдобро зборуваат за сериозноста на кризата. За ...
Изборите во Србија, повод за партиски обвинувања кај нас. Опозицијата и власта продолжуваат со меѓусебните обвинувања за српско влијание во земјава, кој и колку бил поврзан со Александар Вучиќ и Виктор Орбан. Според СДСМ, падот на поранешниот српски претседател на изборите ќе отвори истраги кај северниот сосед, што ќе доведат до разврска на сите криминални соработки меѓу српските власти и премиерот Христијан Мицкоски. Од „Бихаќка“ обвинија и ...
Денешните бизниси зависат од податоци, апликации и поврзани уреди повеќе од кога било. Но, со растот на дигиталната зависност расте и ризикот од ransomware, кражба на податоци, системски дефекти и прекини во работата. Многу компании се обидуваат да го решат овој проблем со повеќе различни безбедносни алатки – една за backup, друга за antivirus, трета за управување со уреди и дополнително решение за disaster recovery. Проблемот? Повеќе алатки ...
Српскиот ланец на парфимерии и козметика „Јасмин“ влегува на македонскиот пазар, откако го презеде работењето на специјализираните продавници „Космо“ (Cosmo), кои досега беа во сопственост на македонската компанија „Тинекс-МТ“. Со оваа трансакција, „Јасмин“ го проширува своето работење надвор од Србија, а постојните продавници „Космо“ во Скопје ќе продолжат да функционираат под новиот бренд „Јасмин Парфимерија“. Продавниците остануваат на ...
По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Туркије успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија. Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи ...
Непознати сторители синоќа со автомобил провалиле во трговскиот центар „Меркур“ во Крањ, Словенија, при што украле голема количина накит од една златарница. Според словенечките медиуми, сторителите со автомобил влетале низ влезните врати и продолжиле да возат околу дваесет метри во внатрешноста на објектот, сè додека не стигнале до златарницата. Полицијата интензивно трага по сторителите, пренесува „Словенске новице“. Провалата се случила ...
Руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта меѓу 6 и 7 ноември, при што биле оштетени станбени објекти, детска градинка и Северниот мост. Според последните информации, повредени се пет лица, меѓу кои и 14-годишно дете. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од ракети погодиле петкатна станбена зграда во западниот дел на градот, а била оштетена и фасадата на уште една зграда. ...
Ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) вчеравечер настапи на отворањето на 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, каде ја изведе претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Изведбата, како што велат од МНТ, била проследена со срдечен аплауз од публиката, која со топол прием ја поздравила посветеноста и уметничката енергија на македонскиот ансамбл. Од МНТ истакнуваат дека актерите ...
Добивај вести на Viber Американскиот инвестициски гигант „Беркшир Хатавеј“, кој со децении го градеше легендарниот милијардер Ворен Бафет, располага со речиси 357 милијарди долари во готовина и парични еквиваленти, покажуваат најновите финансиски резултати објавени денеска. Истовремено, нето-добивката на компанијата во третиот квартал се намалила за 28 проценти. Според извештајот, компанијата во периодот од јули до септември остварила ...
Дваесет и шестгодишниот Исак Валдез починал откако од верски причини одбил медицински третман што вклучувал трансфузија на крв. Само 23 дена по неговата смрт, верската заедница на Јеховините сведоци објавила значително ублажување на долгогодишните правила за употреба на крв во медицината. Трагедијата се случила во август, кога Исак доживеал епилептичен напад во библиотека, паднал и силно ја удрил главата, при што добил крвавење во мозокот. ...
Јаник Синер не можеше да се прости од Дарен Кејхил со настапи на тенискиот терен, но затоа му посвети специјално видео на својот тренер со кој ги оствари најголемите успеси во кариерата. Кејхил најави повлекување од тренерските води уште минатата сезона, но по барање на Синер остана уште една година дел од стручниот штаб на Италијанецот, кој во иднина ќе соработува со Магнус Норман. Синер денеска официјално ја потврди разделбата со ...
По трите порази во низа, Голден Стејт целосно ја промени плочата во изминатите десетина дена, па во период помал од две седмици успеа да запише шестата победа во серија во НБА лигата. Стеф Кари и натаму е вистински лидер на „воините“ и прави главна разлика на теренот како организатор и пресуден шутер, па во тој стил се прикажа и во битката со Јанис Адетокумбо и пријателите. Голден Стејт го победи Мајами со убедливи 20 поени разлика и славеше ...
Чарлс Баси го заврши натпреварот против Мајами со задоволувачки за него 8 поени и 7 скокови, па иако заврши добра работа во двата правци, еден негов обид за тројка стана вирален хит. Резервистот во тимот на Голден Стејт служи за ротација и во моменти кога треба да се одмори стартната петорка, а во моменти кога победата над Мајами беше решена, тој успеа да ги измасмее двете најголеми ѕвезди на тимот. Стеф Кари доби одмор откако ги реши ...
Шефот на Ферари Фредерик Васер имаше разговор со возачите на неговиот тим Луис Хамилтон и Шарл Леклер пред Големата награда на Бразил што се вози во Сао Паоло, откако двајцата имаа меѓусебен инцидент во првиот круг на последната трка во Мексико. Главната поента на разговорот била дека интересот на екипата треба да биде пред личните амбиции. До судир дојде во четвртата кривина кога двајцата се бореа за водечката позиција, а ситуацијата ја ...
Тело на 58-годишен гостиварец било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на лице на улицата. По ...
Во време кога паметните телефони станаа речиси неопходен дел од секојдневието, сè повеќе луѓе размислуваат да се вратат на едноставните мобилни телефони што служат само за повици и СМС-пораки. Причината е желбата за помалку стрес, подобра концентрација и ослободување од постојаната потреба да се проверува екранот. Но, колку е реално да се живее без паметен телефон во современиот дигитален свет? Постојаните известувања, бескрајното ...
Добивај вести на Viber Хрватската нафтена компанија ИНА заврши една од најголемите инвестиции во својата историја, модернизација на рафинеријата во Риека вредна речиси 700 милиони евра, со која се зголемува производството на дизел и се зајакнува снабдувањето со гориво во регионот. Новата постројка за преработка на тешки нафтени остатоци веќе е пуштена во пробна работа, а првите резултати покажуваат зголемено производство на горива во период ...
Пелистер одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Кожуф во натпревар од 11. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. До лесни победи стигнаа Охрид и Работнички. Охриѓани славеа против Камјани со 4-0, додека Работнички беше подобар од Осогово 0-3. ВМФЛ 11. КОЛО: КОЖУФ – ПЕЛИСТЕР 1-1 ОХРИД – КАМЈАНИ 4-0 ОСОГОВО – РАБОТНИЧКИ 0-3 ТЕТЕКС – ГОРНО ЛИСИЧЕ 4-0 ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АП БРЕРА 1-0 БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 2-0 НОВАЦИ – ...
Денешното 12. коло од ВМФЛ шампионатот го одбележа секако одличното издание на тимот на Кожуф, предводен од тренерот Вангел Алтипармаковски кој што на свој терен во Гевгелија, одигра 1:1 против фаворизираниот тим на Пелистер. Иако гостите стигна до предност со голот на искусниот Кире Ристевски, сепак, во второто полувреме, домашните успеаа со ефектен гол кој што слободно може да се запише и како автогол на гостинскиот голман да дојдат до ...
ФОТО: pexels Светот околу нас е полн со неверојатни факти и неверојатни природни феномени кои честопати ги надминуваат нашите очекувања. Од мистериозните длабочини на океанот до величествените планински венци, нашата планета крие многу интересни работи што ретко ги забележуваме или воопшто не знаеме ништо за нив. Од најдлабоките длабочини на океанот до највисоките планински врвови, светот во кој живееме е полн со прекрасни чуда и мистерии. ...
Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува градот покриен со снег, додека силните налети на ветер и леденото време даваат впечаток дека целата област е целосно замрзната во зима, а луѓето се поделени во коментарите. Оние кои го гледаат само на своите телефони - зимските сцени изгледаат прекрасно, додека оние кои мораат да ги напуштат своите топли куќи и да излезат надвор велат дека не е многу пријатно. Еден од коментарите е многу ...
Компанијата „Адора“ ја купува парцелата од околу 23 илјади квадратни метри во скопската населба Аеродром, веднаш до спортската сала „Јане Сандански“. На денешното јавното наддавање, таа понудила нешто над 66 милиони денари, или околу еден милион евра, потврди за БИРН Дејан Митевски, градоначалникот на Општина Аеродром, со што го победила својот конкурент, компанијата „Битем“, кој исто така учествувал во наддавањето за атрактивното земјиште на ...