Дирекцијата за заштита и спасување се зајакна со 38 воени и армиски возила за гаснење на пожарите. Станува збор за возила кои не се употребени повеќе од осум години, но со способност да се пробиваат на непристапни терени. Сите се „наоружени“ со водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри. И премиерот утрово ја набљудуваше показната вежба на Криволак. Тој вели дека со ставањето во употреба на овие возила, државата заштедува пари – а ...
Четиристотини невработени лица ќе можат летово да се пријават за гаснење пожари. За борбата со пламените јазици, државата им нуди надомест од 24.000 денари месечно. За да ги исполнат условите треба да се физички подготвени и да поминат кратка обука. Најдобрите ќе станат дел од специјалната единица што ја формира Дирекцијата за заштита и спасување. Ако покажат храброст и дисциплина на терен во сезоната на пожари, ќе добијат и трајно вработување ...
СКОПЈЕ (АА) – Хеликоптерите на германската сојузна полиција продолжуваат да ги поддржуваат напорите за гаснење на шумските пожари што беснеат низ различни делови на земјата, јавува Анадолу. Екипите на Сојузната полиција ги користат хеликоптерите „Супер Пума“ и средните транспортни хеликоптери за да учествуваат во акциите за гаснење пожари веќе трет ден во областа Горишхајде во покраината Саксонија, како и втор ден во Саалфелдер Хое, Тирингија. ...
Владата ги повикува пред се младите, оние коишто немаат и бараат работа да и помогнат на државата во справување со пожарите. Тие ќе можат да аплицираат за времено ангажирање за коешто ќе добиваат паричен месечен надоместок од по 24 илјади денари. Но, истовремено ако се покажат добри, ќе добијат шанса и за трајно вработување во некоја од единиците на противпожарна заштита. Станува збор за нова мерка на Владата која е опфатена со оперативниот план ...
Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам на општествено одговорните компании коишто еве помогнаа да ова денес што успеавте да го видите, но и она што понатаму ќе го гледаме биде реалност, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени. Ја видовте демонстрацијата, видовте како денес сето тоа изгледа и можам да кажам дека многу поподготвени ја ...