Охрид, 22. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа свеченостите по повод јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“. Положено е цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор. Свечената академија по повод јубилејот е утре од 12:00 часот, во спомен – куќата на Христо Узунов. Ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски. Во рамки ...

Охрид, 24. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со богата и свечена програма, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа патронатот на ОУ „Христо Узунов“. – Само големо срце умее да обликува детски умови, порачаа организаторите, осврнувајќи се на ликот и делото на големиот Узунов. Манифестацијата беше дел од свеченостите по повод јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ ...

Со пригодна манифестација во неговата родна куќа во Охрид му беше оддадена почит на великиот револуционер, бескомпромисниот борец за слободна Македонија, војводата Христо Узунов. Пред присутните на собирот се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој во оваа прилика потсети на непоколебливата одлучност на Узунов да се жртвува животот за доброто на татковината. - Таа жртва ги надминува границите на просечноста и го воздигнува ликот на Узунов на ...

Во чест на Јубилејот: 120 години од хероската погибија на Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер. Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Насочени кон иднината, бескрајно горди на минатото, благодарни за саможртвата за слободна Македонија, денес со оваа свеченост одбележуваме 120 години од смртта ...

Охрид, 23. април 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодни свечености, Охрид го одбележува јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“. Во спомен-куќата на Христо Узунов денеска напладне беше промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски. Во рамки на културно-уметничката програма настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, а се одржа и драмска изведба на ...

Општина Охрид со особена чест Ве поканува да бидете дел од настаните со кои достојно ќе го одбележиме големиот јубилеј – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, охридскиот војвода и револуционер, кој својот живот го положи за слободата на Македонија. Да се потсетиме, да се поклониме и да ја пренесеме пораката за неговата саможртва и бесмртно дело на новите генерации. Хероите живеат додека ги чествуваме, нека му е вечна слава! ...