Уште еден кадар од крилото на Арбен Таравари од поделената Алијанса за Албанците (АА), заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка. Оваа следи откако АА на Тарвари одлучи сама да настапи на престојните локални избори, па прво излезе од коалицијата „Вреди“, а потоа и од Владата. Таа ќе го следи Таравари, за разлика од дел од функционерите на АА на Таравари, кои остануваат во коалицијата или Владата. За оставката информираше ...

Заменик-директорот на Царината на Македонија, Гарип Каба, преку објава на Фејсбук објави дека поднел оставка од функцијата заменик-директор на Царина. „Денес ја потпишав мојата оставка од функцијата заменик-директор на Царина. По еден период на одговорност како заменик-директор на Царина на Република Северна Македонија, решив да го затворам ова поглавје од мојот јавен ангажман. Ова не беше лесна одлука, туку добро осмислен чекор, пресвртница што ...

Од над 50 државни функционери на крилото во поделената Алијанса за Албанците (АА) на Арбен Тарвари засега само тројца дадоа оставки, кажа вицепремиерот за добро владење, Арбен Фетаи за телевизијата ТВ21. Оставка од министеркото место во здравство, даде Таравари, а вчера и замениците министри за одбрана и земјоделство, шумарство и водостопанство, Елфете Исмаили и Фљакрон Беџети. -Тие тројца јавно излегоа, за другите не ми е познато дека некој се ...

Заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка од функцијата следејќи ги нејзиниот лидер Арбен Таравари и заменик- министерот за земјоделие Фљакрон Беџети. Препорачано „Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана. Додека ја извршував оваа функција се водев од институционална посветеност, транспарентност и од одговорност кон граѓаните и кон државниот интерес. Мојата оставка е резултат на ...

Тој во дописот до премиерот Христијан Мицкоски наведува дека поднсеува неотповиклива оставка. „Одговорнста што ја презедов со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чивство на должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да ...