Русија и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за одржување состанок меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, во наредните денови, изјави денес за новинарите помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека е договорена основата за билатерален состанок на високо ниво, кој ќе биде организиран по предлог на американската страна, пренесува новинската агенција ТАСС. Локацијата на состанокот е ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврди дека пред состанокот со рускиот лидер Владимир Путин, ќе се сретне и со европските владини претставници, како и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во својата изјава, Трамп ги опиша европските лидери како „одлични луѓе и менаџери“, но спомена дека тие се „уморни“ од војната и сакаат да се фокусираат на развојот на своите држави. Тој истакна дека одржува „многу добри“ односи со ...