Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат моќни и конкретни резултати на терен. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, невработеноста во земјава е драстично намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност бележи континуиран раст, се наведува во денешното соопштение од владејачката партија. „Дополнително, во првиот квартал од 2026 година во Македонија се евидентирани 707.385 вработени ...

Македонија бележи раст од 7,6% на индустриското производство, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за резултатите во индустријата и за ефектите од економските политики кои Владата ги спроведува во изминатиот период. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2026 година индустриското производство бележи раст од 7,6 проценти во однос на 2025 година. Во исто време, кумулативно за 2026 година ...