Гатузо ја напушти селекторската позиција во петокот, беше постигнат заеднички договор со Италијанската фудбалска федерација за негово заминување. Тој мина помалку од една година како селектор на Италија откако го замени Лучано Спалети во јуни 2025 година. Соопштението за разделба на Гатузо пристигна дури три дена по поразот од БиХ, причината била преговори за обештетувањето за стручниот штаб. Гатузо решил да се откаже од парите кои би ги ...
Џенаро Гатузо мина помалку од една година на чело на италијанската фудбалска репрезентација, одлука која спогодбено ја донесе со Федерацијата по големото разочарување во Зеница. Три дена по поразот од Босна и Херцеговина, Рино соопшти дека спогодбено го раскинал договор со италијанската Федерација, па јасно е дека „аѕурите“ во ново руво ќе бараат нов селектор, но и нов претседател и нов тимски менаџер. Габриеле Гравина и Џанлуиџи Буфон беа ...
Италијанскиот фудбал поминува низ еден од најтешките периоди во својата историја откако националниот тим повторно не успеа да се квалификува за Светското првенство, продолжувајќи ја серијата разочарувања од триумфот во 2006 година. Поразот од Босна и Херцеговина по изведувањето на пенали беше последната капка што ја прелеа чашата и предизвика лавина од оставки во Италијанската фудбалска федерација, вклучувајќи ја и онаа на претседателот ...
По елиминацијата на Италија од Босна и Херцеговина во баражот за Светското првенство следуваа доста промени во врвот на Италијанска фудбалска федерација. Оставки поднесоа претседателот Габриеле Гравина и директорот Џанлуиџи Буфон, а набрзо замина и селекторот Џенаро Гатузо. Иако оставката на Гатузо беше поднесена минатата недела, објавата доцнеше, а тоа предизвика шпекулации во италијанските медиуми. Подоцна беше откриено дека причината не ...
Актуелниот тренер на Наполи, Антонио Конте, не крие дека посакува повторно да биде селектор на италијанската репрезентација и отворено го кажува тоа, дури и самиот се нуди. Конте не знае уште колку време ќе биде на клупата на Наполи, договорот му е до летото 2027, ова лето ќе треба да преговара за иднината, па опцијата да биде селектор му е примамлива. „Да бев претседател на Фудбалската федерација на Италија, ќе размислев за мене како ...

