Вардар и Струга ТЛ ќе се сретнат во големото финале од Купот на Македонија закажано за 21 мај во 20 часот, а интересно е што во судискиот тим ќе бидат вклучени и арбитри од Србија. Имено, ВАР-технологијата ќе дебитира на еден домашен натпревар во мак-фудбалот, а бидејќи нашите судии се уште се во фаза на обука, одлучено е во ВАР собата да се најдат двајца арбитри од северниот сосед, и тоа Новак Симовиќ од Нови Сад и Урош Стојковиќ од Белград. За ...
Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ. Вардар го освои шестиот Куп во клупската историја, прв по пауза од 18 години. Вардар до триумфот го предводеше младиот напаѓач Талевски. Ги постигна двата гола во 26. и 48.минута од натпреварот. Струга имаше свои шанси во ова финале, но не искористи ниту една. Најдобрите не ги искористија Укпа, Радески и Кривањева кога ...
Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена за финалето во Купот на Македонија. -Преку максимален ангажман и професионален пристап на АДИССДП, тревната површина е уредена според највисоките европски и светски стандарди за одигрување натпревари. Обезбедивме врвни услови за игра,исполнување на сите технички и логистички критериуми, а сите сегменти од инфраструктурата се проверени и функционални. Нашите ...
Тренерите на екипите финалисти на Купот на Македонија, Гоце Седлоски и Илчо Ѓоргиоски, ги одбраа фудбалерите кои ќе го започнат натпреварот. Вардар ќе стартува во состав: Талески (голман), Маневски, Матиќ, Донгмо, Омерагиќ, Закариќ, Талевски, Јанкулов, Тодоровски, Сенгор и Босанчиќ. Составот на Струга е следниот: Ќосевски (голман), Влајковиќ, Илиевски, Бојку, Шабани, Радески, Кривањева, Касами, Хамза, Укпа и Радиќ. 32-рото финале на Купот на ...
Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена да го пречека финалето на Купот на Македонија, кое вечерва од 20 часот ќе го одиграат фудбалските екипи на Вардар и Струга Трим Лум. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) информираат дека се преземени сите неопходни активности за натпреварот да се одржи во услови кои одговараат на највисоките меѓународни стандарди. „Преку максимален ангажман и ...
Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена да го пречека финалето на Купот на Македонија, кое вечерва од 20 часот ќе го одиграат фудбалските екипи на Вардар и Струга Трим Лум. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) информираат дека се преземени сите неопходни активности за натпреварот да се одржи во услови кои одговараат на највисоките меѓународни стандарди. „Преку максимален ангажман и ...
Во редовите на Вардар и на Струга Трим Лум владее оптимистичка атмосфера пред финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Шефот на стручниот штаб на Струга, Илчо Ѓорѓиоски, ја препушта фаворитската улога на „црвено-црните“ но тоа не значи откажување од вредниот трофеј. - Струга е релативно млад клуб, во своето постоење има две титули и загубено финале на Купот. Сега имаме втора шанса, сакаме да го донесеме трофејот во Струга. Како тим ...
Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за завршните турнири во Купот на Македонија. Фајналфор турнирот кај мажите се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид и тоа на 31 мај и 1 јуни. Познати се полуфиналните парови, па така во ова фаза ќе имаме скопско дерби, скопска пресметка меѓу бранителот на пехарот Алкалоид и Вардар 1961. Овие два тима први ќе излезат на теренот и тоа од 17 часот, додека ...
Алкалоид е бранител на трофејот во Купот на Македонија, а ждрепката сакаше тимот на Кире Лазаров идентично како и на ланскиот фајналфор, годинава повторно во полуфиналето да се сретне со тимот на Вардар. Завршниот турнир ќе се игра во Охрид на 31 мај и 1 јуни, а ждрепката одлучи „сино-белите“ од Автокоманда за место во финалето да се борат со најтрофејниот клуб во куп-натпреварувањето, во обид да стигнат до ново финале. Ракометарите на Е. ...