Репрезентацијата на Мексико е освојувач на трофејот во Голд Купот и тоа откако во финалето на турнирот славеше над домаќинот Соединетите Американски Држави со 2-1. Мексиканците влегоа како благи фаворити на натпреварот во Хјустон, статус кој на крајот го оправдаа и со пресврт го одбранија трофејот, односно дојдоа до десеттиот трофеј во ова натпреварување. Ричардс со удар со глава го отвори резултатот во 4 минута, гостите одговорија во 27 минута ...
Раул Хименез, мексиканскиот напаѓач беше еден од стреците на својата репрезентација во финалето на Голд купот кој го освои Мексико со триумф над Соединетите американски држави со 2-1. Хименез ја затресе мрежата во 27. минута носејќи изедначување на натпреварот, а голот му го посвети на поранешниот соиграч од Вулверхемптон, Диого Жота кој почина во сообраќајна несреќа. This is such a beautiful tribute from Raúl Jiménez 💔😪🕊 ...
Фудбалерите на Мексико го освоија северноамериканскиот Голд Куп по 10-ти пат, откако го победија домаќинот САД со 2-1 во финалето на овогодинешното издание во Хјустон. Во натпреварот меѓу двете најсилни репрезентации во Северна Америка, САД поведоа уште на самиот почеток со голот на Крис Ричардс во 4. минута. Сепак, Мексико успеа да израмни преку својот искусен напаѓач Раул Хименез во 27 минута, пред Едсон Алварез да го постигне победничкиот гол ...