Додека меѓународниот притисок врз Израел се зголемува да ја прекине воената операција во Газа поради катастрофалните хуманитарни услови таму, протестите стануваат сè погласни во самиот Израел. Барањата се различни, но има сè повеќе гласови кои го повикуваат премиерот Нетанјаху конечно да ја прекине војната. Најгласните гласови на протестите од првиот ден беа семејствата на заложниците земени од Хамас во брутален терористички напад во октомври ...
Советот за безбедност на ОН ги осуди страдањата на израелските заложници во заробеништво на терористичката милиција Хамас на емотивен и јасен начин, но испрати и остри критики до Израел за начинот на кој се води војната со десетици илјади убиени цивили. Некои дипломати побараа од Израел да ја прекине војната и блокадата на Газа. Палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур, апелираше до Израел да започне преговори. Тој го осуди масакрот од ...
Дури 79% од израелските Евреи „воопшто не се вознемирени“ или „не се вознемирени“ од извештаите за масовен глад и страдања на палестинското население во Газа, покажува анкета спроведена при крајот на јули од Центарот за јавно мислење Витерби при Израелскиот институт за демократија. На прашањето дали Израел вложува значителни напори за да се избегне непотребно страдање на Палестинците во Газа, 78% од еврејските испитаници се согласиле дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да одговори дали ја поддржува или се противи на најавената намера на Израел да го анектира целиот Појас Газа, јавува Reuters. „Што се однесува на останатото, не можам многу да кажам. Тоа главно ќе зависи од Израел“, изјави Трамп, додавајќи дека фокусот на неговата администрација е насочен кон зголемување на испораката на хуманитарна помош за палестинската енклава. Израелскиот премиер ...
Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да одговори дали ја поддржува или се противи на најавената намера на Израел да го анектира целиот Појас Газа, јавува Reuters. „Што се однесува на останатото, не можам многу да кажам. Тоа главно ќе зависи од Израел“, изјави Трамп, додавајќи дека фокусот на неговата администрација е насочен кон зголемување на испораката на хуманитарна помош за палестинската енклава. Израелскиот премиер ...
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Израел ги евакуираше вработените во Амбасадата во грчката престолнина Атина вчера поради зголемените антиизраелски протести во земјата, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Според весникот „Израел хајом“, овој потег беше спроведен по демонстрациите против израелската војна во Газа. Во извештајот се вели дека грчките левичарски активисти планираат „Марш за Газа“ на 10 август, но не се дадени дополнителни детали. ...
Бенјамин Нетанјаху ќе го свика својот кабинет за безбедност оваа недела за да одлучи за следните чекори на Израел во Газа по пропаѓањето на индиректните разговори за прекин на огнот со Хамас, а еден висок израелски извор сугерираше дека употреба на поголема сила е една можна опција. Минатата сабота, за време на посетата на земјата, американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека работи со израелската влада на план што ефикасно ...